Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Не, не ми се испуштила грешка :) Се случува две, или повеќе дела да носат ист назив. Така е и со Метаморфозите на Апулеј од Мадавра (Мадаура). Од она што ми е познато, всушност, вистинското име на „Златното магаре“ е „Метаморфози“. Другиот наслов е додаден подоцна, за да се прави разлика од епот на Овидиј.
http://www.jnanam.net/golden-ass/
http://inside.fdu.edu/fdupress/03100202.html
Не ги спомнав Илијадата и Одисејата, Метаморфозите на Овидиј или Епот за Гилгамеш (и други) оти ценам дека се колку толку познати.


Тогаш се извинувам за мојата грешка. :)
 
Sidney Sheldon.
Krvna vrska, Stranec vo ogledalo, Pekolni planovi.
Knigi sto se citaat vo eden zdiv. Mozebi ne tolku mnogu dobar stil, kolku sto tekot na nastanite te tera da citas. Lesni i interesni za citanje, a posle toa so nedeli uste zivees vo knigata. Vi gi preporacuvam, posebno na devojkite :-)
 
Предлог за книга, нешто слично или ако на некој му се допаднала Алхемичарот(иако не мора ова да биде водич), за подарок ми е. И каде има подобри преводи и/или поевтини изданија, може и неколку да земам.

Подарок од Спенсер Џонсон. Алеф, Петата Гора или Вреоника реши да умре од Паоло Коељо.

А мене некој да ми препорача некоја кника со неизвесен крај нешто слична на Точка на измама од Ден Браун
 
Подарок од Спенсер Џонсон. Алеф, Петата Гора или Вреоника реши да умре од Паоло Коељо.

А мене некој да ми препорача некоја кника со неизвесен крај нешто слична на Точка на измама од Ден Браун

Побарај ги насловите на Сидни Шелдон, Џејмс Ролинс... Сидни го имаш во мал милионј на изданија, другиот имаш два добри бестселер трилери „Мапа од коски“ и „Храмот на Инките“.
 
Добри книги се
Новиот ден-Антони Де Мело
Надарени-Мерилин Кеј [ги има 9 дела само мислам во македонија има 5-6]
пред некое време во градската библиотека браќа миладиновци ја побарав think and grow rich-napoleon hill на македонски ја немаше па доколку дознае некој дали ја има нека каже.?
 
Некоја слична книга во прво лице како Ловец во р'жта?

The perks of being a wallflower ти е модерна верзија на оваа; Френи и Зуи, исто од Селинџер, Големиот Гетсби и Записи од подземјето. :)
 
Рингишпил -Јелена Бачич Алимпич
Затоа што те љубам -Гијом Мисо
Последниот воз за Истанбул -Ајше Кулин
Ангелски повик- Гијом Мисо
Вероника реши да умре -Пауло Коејло
Врати ми се -Гијом Мисо
Исповед од Харемот-Бранко Миленковиќ
 
Препорачајте некоја поведра автобиографија..
 
Клубот Дима од Артуро Перез Реверте

По неа има филм кој се вика Деветтата порта од Роман Полански и во главната улога е Џони Деп. Филмот го гледав одамна, но се сеќавам на неколку сцени (особено крајот затоа што има многу впечатлив крај, трејдмарк на Полански). Клубот Дима нуди многу поголемо искуство затоа што филмот раскажува само еден аспект на книгата.
Главниот протагонист е ловецот на книги Лукас Корсо, кој добива работа од негов пријател да ја утврди автентичноста на една глава од Тројцата Мускетари. (голем плус во доживувањето на книгава е ако ја имате прочитано Тројцата Мускетари поради многуте референци во неа) Одма после тоа добива задача од познатиот библиофил Варо Борха кој бара од него да истражи нешто во врска со книгата Деветте Порти чиј примерок е еден од вкупно трите останати во светот.
Реверте во повеќе наврати потенцира одредени работи во изгледот на Корсо, а тоа се должината на неговото палто, песјите заби кои ги покажува додека поставува прашања и донесува саркастични заклучоци, и особено неговите очила кои постојано низ книгата му се замаглуваат или паѓаат.
Романот ги содржи сите најважни работи од тоа што по мене ја прави една книга добра, а тоа е цврстината на приказната околу која е поставен романот, стилот на пишување и чувството на исполнетост при читањето на романот.
Исполнета со неизвесност до самиот крај, ова е книга што те тера да вложуваш во сопствената колекција на книги.
 
Азазел - Борис Акунин

Прекрасно дело за оние што сакаат криминалитички романи, приказна што ке ве држи во неизвесност која се зголемува со секоја прочитана страна. Се чита во еден здив и нема да можете да ја испуштите од рака, особено ми се допадна што сцените се сликовито доловени, содржи прекрасен опис кој прави да се чувствуваш како да го гледаш дејствието а не како да го читаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom