Неколку дела чија вредност е неспорна, но не се многу читани, барем не од поширокиот читателски круг:
Историјата од Херодот
Дафнид и Хлоја од Лонго
Метаморфози (Златното магаре) од Апулеј
Германија од Такит
Дванаесетте римски цареви од Светониј
Биографиите од Плутарх
Заеднички им се повеќе работи. Сите се создадени во време кое го нарекуваме античко. Сите, повеќе или помалку го опишуваат тогашниот начин на живот и начин на размислување, тогашните вредности, предрасуди, верувања и обичаи. Убаво е, барем за миг, и на хартија, човек да се изгуби во едно подалечно минато, и да разбере дека одредени работи, независно од тоа колку е продлабочен временскиот јаз, не се менуваат. На пример, еден од гореспоменатите автори кога фали нечија моралност и непромискуиетност ќе рече дека не се потклекнало на начинот на живот кој другите го оправдувале како современ (модерен).
Се разбира списокот горе е краток, а делата во него се различни и по род и по квалитет. Некои се истории, некои романи, но сите се на свој начин интересни и заслужуваат внимание.
Можеби потешко се наоѓаат, но не се толку ретки. Препорачувам