Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Аха. А добар им е преводот? Ја сакав „Ејми ја нема“ да ја читам од нив.


Одлични се, премногу внимание посветуват на превод и лектура. И Ејми ја нема е закон баш несекојдневен трилер.
 
Аха. А добар им е преводот? Ја сакав „Ејми ја нема“ да ја читам од нив.
Обавезно да ја прочиташ, еден стварно добар трилер, топла препорака и од мене.
Многу добар и неочекуван пресврт има книгава, а крајот... :)
 
Книгава ја читав во четврто и никогаш нема да ја заборавам, зошто поубава нена... Пајажината на Климентина :)
 
Време за убивање,од Џон Гришам.

Првенче на Гришам,вистинско ремек-дело.Исклучителна динамичност,непредвидлив заплет и неочекуван пресврт,извонредна психилошка анализа на ликовите,посебно на главните.Во овој роман изостанува едноставна поделба на ликовите на добри и лоши момци,туку секој лик е разработен повеќедимензионално,со сите свои предности и мани.

Накратко,Карл Ли,црнец од Клентон,мало гратче на југот од Мисисипи се соочува со смртна казна поради убиство на двајца белци,кои ја силуваат,тепаат,мачат и на крај бесат неговата ќерка,која среќно ја преживува сета тортура.Во градот после многу години се враќа ККК,со што малото гратче наликува на воена зона во текот на судскиот процес.

Што би направиле вие да сте на негово место?

Според романот е снимен и филм,можеби сте го гледале,мене ми е во план деновиве да го ѕирнам.
 
Sakam da citam kriminalisticki knigi akcioni ili nekoj takvi dajte ponudi nekoj ???
 
Sakam da citam kriminalisticki knigi akcioni ili nekoj takvi dajte ponudi nekoj ???


Скоро сите книги од Michael Connelly -> линк http://www.michaelconnelly.com/ се такви. Исто така и P.J. Parrish пишува такви книги -> линк http://www.pjparrish.com/ .
Warning! Michael Connelly предизвикува зависност. :)
Ако земеш да читаш некоја од овие книги би ти препорачала да ги читаш на англиски.
 
Зависи кој жанр ви лежи, на пример мене ми одговара се, но уживам во романси и психолошки книги. Сите книги од Гијом Мисо се одлични за читање на романтичен план, форензичките романи на Кети Раикс (никако Нора Робертс), Марк Леви има добра колекција на книги кои добро ги опишуваат односите помеѓу луѓето, Софи Кинсела и Александра Потер за чик литература... толку се сеќавам во моментов :P Можеби набројав само автори, но во овој случај ако не сите, повеќето нивни книги се одличен избор.
 
Книгава ја читав во четврто и никогаш нема да ја заборавам, зошто поубава нена... Пајажината на Климентина :)

Ана Каренина :)

Moже да објасниш зошто?

For the record, нејќам да шерифувам но темава гласи - препораки, а под препораки треба и да се наведе и зошто се препорачува. Убавината е премногу општа за опис и премногу субјективна за сфаќање. Така да, не би било лошо да пишете 2-3 реда мислење поради што препорачувате.
 
Moже да објасниш зошто?

For the record, нејќам да шерифувам но темава гласи - препораки, а под препораки треба и да се наведе и зошто се препорачува. Убавината е премногу општа за опис и премногу субјективна за сфаќање. Така да, не би било лошо да пишете 2-3 реда мислење поради што препорачувате.
Епа вака,
Ја препорачувам најпрво поради тоа што е прекрасна книга во која станува збор за руска љубовна авантура и сите маки и препреки низ кои минува љубовта на Ана Каренина :)
И офтопик: Има многу убава корица :)
 
Дали мојте да ми препорачате книга врз која е снимен филм..?
 
Па барав тема, неможев да најдам. Па ете имало, фала.
 
Веројатно честопати спомената книга и доста дискутирана, но морам да ја препорачам. "Кодот на Да Винчи" - Ден Браун. Најмногу им ја препорачувам на оние кој ја преферираат логиката и разумот, наспроти закоравените природно невозможни тврдења на црквата и на религијата.
Всушност, снимен е и филм, ама во споредба со книгата е катастрофа. Карактерот и сфаќањата на главниот лик, заедно со неговите тврдења се далеку поблаги во филмот, отколку што се експлицитни и решителни во книгата. Не знам дали е намерно направено тоа или пак не, сепак не ја дава реалната слика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom