Кладилници, казина подалеку од населени места ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?

  • Вкупно гласачи
    261
Немало во функционални држави казина и кладилници.:pos::pos:
 
Да не се лажеме овие што се во кладилница нема да останат без работа. Отвори вработување, ќе видиш магационери, шофери, продавачи, занаетчии. Ќе се прешалтаат одма.
Кај мене во зграда оставаат цело време флаери од фирми во кој бараат луѓе без никакво занаетчиско познавање.

Да заминат во странство не верувам. До сега ќе заминале, сигурно не останале до сега во државава за да работат за минималец во кладилници.
 
@joli1

Другар те разбирам јас многу добро што сакаш да кажеш.

Токму надвор од Скопје,поточно за истокот зборувам. Познавам и јас многу што работат или што работеа во тој сектор,но исто така од сите што ги познавам само еден работи таму подолго време и само затоа што го ставија нешто одговорен(менаџер?) па има голема плата. Сите други за кратко време бегаат од таму.

Конкретно во мојот град има една голема фабрика(странска инвестиција) во која работи,да не претерам,пола град.Почетна плата повисока од минималната и тоа почетна.Со екстра платено прекувремено,сабота,празници итн.Од таа фабрика не познавам некој да напуштил или бил незадоволен од општ работник па до повисока функција.Во таа фабрика било кој и било кога да поднесе СВ за работа ќе биде примен.И не е само таа фабрика во која има отворени работни места,повеќе се..И не само во мојот град,во повеќето градови има такви фабрики кои од прилика нудат исти услови,какви и да се секако се подобри од кладилница и слично. Да не одам офф топик зборот ми е дека има работа,кладилниците и казината не се баш некој работни места па да кажеме дека ќе биде катасрофа.

Ок е,како што викаш да се регулира,ама знаеме дека ќе биде бадијала,тоа регулирање ќе важи 3-4 месеци и после пак по старо.И сега е регулирано уствари ама гледаме колку се почитува,знаеш и сам колку деца се коцкаат. Ги паметам тие времења кога се коцкаше по подруми и слично ама тогаш на прсти се брое луѓето што се коцкаа,додека сега секој десетти е коцкар.Не е исто да се криеш по подруми и бараки и тоа најчесто доцна во ноќта и да можем слободно да се коцкаш 24часа. Затоа според мене е подобро да се затворат десет кладилници и казина,па нека никнат 2-3 подрума каде ќе се коцка незаконски.Подобро да останат без работа 1000 луѓе од кои барем пола ќе најдат друга работа,одколку да пропаѓаат 1000 цели фамилии и да заглавуваат од 15-16 деца,кои ќе зајмат пари (познам доста такви)па неможејќи да се раздолжат проблемот ќе се префрли на родителите и понатаму знаеш како идат работите.И од примерот погоре што кажувам и од тие фабрики вработени после примање на плата,многу од нив ги полнат казината и кладилниците и оставаат цела плата таму,и тоа е проблем како што викаш дека овие другите ако останат без една плата ќе се дозакопат и останат на улица,а верувај тие се многу повеќе на број одколку овие вработени по кладилница или казино. Така да јас го избирам помалото зло,ако ме разбираш што сакам да ти кажам.
 
Немало во функционални држави казина и кладилници.:pos::pos:
Има, ама не на секој чекор како во мкд, и барем овде кај мене на глава да се исправи не го пуштаат малолетен.
 
Да не се лажеме овие што се во кладилница нема да останат без работа. Отвори вработување, ќе видиш магационери, шофери, продавачи, занаетчии. Ќе се прешалтаат одма.
Кај мене во зграда оставаат цело време флаери од фирми во кој бараат луѓе без никакво занаетчиско познавање.

Да заминат во странство не верувам. До сега ќе заминале, сигурно не останале до сега во државава за да работат за минималец во кладилници.
Работа ИМА, нема кој да Работи
еве вчера поминав низ ТЦ Бисер, народ чека ред за да купи бурек.. на Излогот Оглас. бараат ПРОДАВАЧКА, плата 29500мкд, К15 за 2024 40.000мкд
а ваму се жалат во Синдикат Полиција плата било 16200мкд ??????
значи не зборувам за доктор, програмер, водоводџија и слично
 
@joli1
Ок е,како што викаш да се регулира,ама знаеме дека ќе биде бадијала,тоа регулирање ќе важи 3-4 месеци и после пак по старо.И сега е регулирано уствари ама гледаме колку се почитува,знаеш и сам колку деца се коцкаат. Ги паметам тие времења кога се коцкаше по подруми и слично ама тогаш на прсти се брое луѓето што се коцкаа,додека сега секој десетти е коцкар.Не е исто да се криеш по подруми и бараки и тоа најчесто доцна во ноќта и да можем слободно да се коцкаш 24часа.

За болдот си во право од секогаш имало коцкање ама порано во подрум еднаш губиш еднаш добиваш, тој што добил ќе ги части пица и пијачки останатите, никој не останал гладен. Муабетот ми е дека парите кружеле во едно друштво, а сега губиш и парите одат кај големата риба, ај што не остануваат во друштвото туку не остануваат ни во државата (Casinos Austria).
 
Да не се лажеме овие што се во кладилница нема да останат без работа. Отвори вработување, ќе видиш магационери, шофери, продавачи, занаетчии. Ќе се прешалтаат одма.
Кај мене во зграда оставаат цело време флаери од фирми во кој бараат луѓе без никакво занаетчиско познавање.

Да заминат во странство не верувам. До сега ќе заминале, сигурно не останале до сега во државава за да работат за минималец во кладилници.
vidi kolku oglasi imaat site drugi regioni vo sporedba so skopje i ke pravime moabet.
 
Овоа е веќе трети пат колку што паметам Албанец во Велес да направи испад поради губење пари во казино.
Пред година-две, едно младо џандарче се обиде да се самоубие фрлајќи се од мост во Вардар поради коцкарски долгови.
Исто, пред неколку години еден млад дечко се фрли истотака од мост.Ги зел сите пари од дома од субвенциите од тутунот што му ги пуштиле на татко му и ги искоцкал за неколку саати во казино.Пет илјади евра мислам дека беа.
 
I na krajot site prikazni zavrshuvaat kako shto pishav pogore.
Zhalno ama vistinito i najcesto na balkanov i istocna evropa kade shto ima gladni za pari.
 
овај и на месечина да било казиното ќе одеше да ги мани парите од тутуно.....во секој случај дистанцирање на казината ќе го намали бројот на жртви

за каков бизнис разговараат газдите на казината,за вакви случаеви каде човек рмбал цела година и ги фрлил кај нив парите за пола сат? нека направат некој лимит или нешто,а не чекаат да ги изгуби нервите некој во афект па да изгуби Се што има (и нема во моментот).....најчесто се губат големи суми во нервоза и губење на контрола на свеста,ова не уништило само поединци туку цели колена фамилии
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom