@joli1
Другар те разбирам јас многу добро што сакаш да кажеш.
Токму надвор од Скопје,поточно за истокот зборувам. Познавам и јас многу што работат или што работеа во тој сектор,но исто така од сите што ги познавам само еден работи таму подолго време и само затоа што го ставија нешто одговорен(менаџер?) па има голема плата. Сите други за кратко време бегаат од таму.
Конкретно во мојот град има една голема фабрика(странска инвестиција) во која работи,да не претерам,пола град.Почетна плата повисока од минималната и тоа почетна.Со екстра платено прекувремено,сабота,празници итн.Од таа фабрика не познавам некој да напуштил или бил незадоволен од општ работник па до повисока функција.Во таа фабрика било кој и било кога да поднесе СВ за работа ќе биде примен.И не е само таа фабрика во која има отворени работни места,повеќе се..И не само во мојот град,во повеќето градови има такви фабрики кои од прилика нудат исти услови,какви и да се секако се подобри од кладилница и слично. Да не одам офф топик зборот ми е дека има работа,кладилниците и казината не се баш некој работни места па да кажеме дека ќе биде катасрофа.
Ок е,како што викаш да се регулира,ама знаеме дека ќе биде бадијала,тоа регулирање ќе важи 3-4 месеци и после пак по старо.И сега е регулирано уствари ама гледаме колку се почитува,знаеш и сам колку деца се коцкаат. Ги паметам тие времења кога се коцкаше по подруми и слично ама тогаш на прсти се брое луѓето што се коцкаа,додека сега секој десетти е коцкар.Не е исто да се криеш по подруми и бараки и тоа најчесто доцна во ноќта и да можем слободно да се коцкаш 24часа. Затоа според мене е подобро да се затворат десет кладилници и казина,па нека никнат 2-3 подрума каде ќе се коцка незаконски.Подобро да останат без работа 1000 луѓе од кои барем пола ќе најдат друга работа,одколку да пропаѓаат 1000 цели фамилии и да заглавуваат од 15-16 деца,кои ќе зајмат пари (познам доста такви)па неможејќи да се раздолжат проблемот ќе се префрли на родителите и понатаму знаеш како идат работите.И од примерот погоре што кажувам и од тие фабрики вработени после примање на плата,многу од нив ги полнат казината и кладилниците и оставаат цела плата таму,и тоа е проблем како што викаш дека овие другите ако останат без една плата ќе се дозакопат и останат на улица,а верувај тие се многу повеќе на број одколку овие вработени по кладилница или казино. Така да јас го избирам помалото зло,ако ме разбираш што сакам да ти кажам.