Не. Ферер треба да победи ама против Иснер не се игра на оваа подлога, баш му одговара пошто е поспор бетонот, а се игра во сала, без влијание на временските услови.
Надал ми е бет на денот, 1.60 а во одлична форма е за разлика од Вавринка кој се распаѓа од Ролан Гарос навака. Вчера да не беше Троицки неспособен ќе имаше три сета, барем така ми рекоа. Во прво коло ништо специјално против Томич, дегенот имаше и сет топки али не успеа да земе сет. Влече повреда на рамото Стен, мислам дека денес Рафа мора да победи, и тоа 2-0. Вчера беше феноменален против Андерсон, страшен меч одиграа и двајцата.
Друг бет, според мене исто така бет на денот е Фенербахче. Ме плаши што се ретардирани на гости, ама ако не ја добијат Ѕвезда ќе треба да имаат 0 победи на гости. Од Стразбур веќе изгубија, а останатите се пекол гостувања, кое од кое позаебано. Ѕвезда е многу слаба сезонава, изгубија доста клучни играчи, а моментално се со само еден центар и тоа центар кој реално е добар само за измена, а не за прва постава. Јовиќ им е плеј, пред се дефанзивно настроен, со слаб шут, Зирбес центар, ги немаат веќе Марјановиќ и Скорцианитис, двајцата црнци од лани им отидоа, Вилијамс и тој другиот како се викаше забораив. Сега на двојка покрива Мекел, не е лош играч али не е тоа тоа, а глеам и некој црнец земале на 3/4 позиција, играл во НБА, ама џабе, не може тој сам. Калиниќ исто им отиде, најбитниот играч во одбрана. Стварно не гледам како ќе го добијат Фенербахче. Може и т1- поени.
Јас ќе играм на Рафа и Фенер па ќе видиме.