Kiss

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
Се вратив после подолго отсуство, и досега не бев во можност да ги пишувам статиите за KISStory...

Деновиве Пол Стенли гостува на повеќе радио и тв емисии, од 18ти до 24ти септември.
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Ејјј мн.големи ѕверки се овие Кисс...и мн. закон песни имаат дефинитивно! Како фаворити ќе ги издвојам "I was made for loving you baby", "Rock & Roll all night", "Calling Doctor Love", "Forever" & "Almost Human" :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
На денешен ден во 1983 година е пуштен во продажба албумот „Lick It Up“.
Албумот е во периодот кога KISS беа без шминка и се смета за еден од послабите нивни албуми.


Од лево на десно: Вини Винсент, Ерик Кар, Џин Симонс, Пол Стенли.

Овој албум статусот „платинест“ го достигна на 9ти декември 1990 година.
На албумот се наоѓаат следните песни:

Exciter
Not for the Innocent
Lick It Up
Young and Wasted
Gimme More
All Hell's Breakin' Loose
A Million to One
Fits Like a Glove
Dance All Over Your Face
And on the 8th Day.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
На денешен ден во 1992 година, KISS го снимија спотот за песната Every Тime I Look At You, како дел од промовирањето на албумот Revenge.

 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
На денешен ден во 1989 година гитаристот на KISS Брус Кулик (Bruce Kulick) се ожени со својата девојка Кристина Вокер (Christina Walker) во Лос Анџелес, Калифорнија. Дури и специјални перца за гитара се направени за овој посебен ден на Кулик и Вокер.

После то и се разведоа, но не е битно то. :smir:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
После подолго време, повторно нешто интересно за KISS, во продолжение на KISS-tory.

На денешен ден во 1990 година KISS настапуваа во Џонстон, Пенсилванија, за време на турнејата Hot in the Shade во War Memorial Coliseum. Интересниот дел е што, Пол Стенли скрши 3 ребра ненадејно удирајќи во реквизит на сцената, поставен на погрешно место. И покрај болката, Пол и остатокот од бендот го довршија концертот. :pipi:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
На денешен ден во 2000 година поранешниот член на KISS Брус Кулик официјално соопштува дека тој е новиот гитарист на бендот Grand Funk Railroad. Кулик настапува за бендот и ден денес, заедно со Макс Карл, Дон Бруер, Тимоти Кешион, Мел Шахер и Крег Фрост.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
Денес Томи Тајер (Tommy Thayer) полни 48 години. Роден е на 7ми ноември 1960 година во Портланд, Орегон. Како младич музички идоли му биле Alice Cooper, Kiss, Rory Gallagher и Deep Purple, што го натерале да почне да свири гитара. Свиреше во помалку познатиот бенд Black N' Blue, а потоа и во трибјут бендот на KISS, Cold Gin (наречен според песната Cold Gin од KISS).



Среќен роденден Томи, и уште многу успеси во иднина! :back:
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.703
Поени од реакции
2.351
Пол Стенли... страшан човек. Генијален пејач и композитор, едно од најголемите имиња на шок-рокот и рок музиката воопшто.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
На денешен ден во 1991 година згасна животот на Ерик Кар (Eric Carr), тапанар на KISS. Вистинското име му е Пол Чарлс Каравело (Paul Charles Caravello) и е роден на 12 јули 1950 година, а на KISS се придружи во 1980 година, како замена за Питер Крис кој го напушти бендот. Беше член на групата 11 години, а последен албум на кој работеше е Hot in The Shade. Последна песна која ја свирел и снимиле спот за неа е Forever, една од најдобрите балади на KISS и е ставена во Top50 балади во светот.
Ерик пред приклучувањето на KISS работел како сервисер за шпорети и други домашни апарати, а кога бил на аудиција за тапанар, по завршувањето побарал автограми од Џин Симонс и од Пол Стенли во случај никогаш повеќе да не ги види.
Кар почина по подолго боледување со срцеви проблеми, на ист ден кога почина и Фреди Меркјури од Queen. Слава им на двајцата.

 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
810
На денешен ден во 1953 година е роден Брус Хауард Кулик (Bruce Howard Kulick) во Бруклин, Њу Јорк. Триесет и една година подоцна, стана гитарист на KISS. Учествуваше во создавањето на неколку албуми на KISS: Asylum, Crazy Nights, Smashes, Траshes & Hits, Hot in the Shade, Revenge, Alive III, Kiss My Ass (tribute проект во кој учествуваа повеќе врвни музичари), Unplugged (иако настапуваше оригиналната постава на бендот, Кулик на две песни го замени Ејс), Carnival of Souls: The Final Sessions, The Box Set (Компилација од најдобрите песни на KISS).

Исто така учествуваше во соло албумот на Пол Стенли, Live to Win. Среќен педесет и петти роденден Брус!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom