Kiss

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
Малце ја запоставив темава, ама и така сам си пишам, немат кој да ми се наљутит шо ја запоставив.

Среќен 58 роденден Ејс Фрели, голем да растиш, и иако и лани ти порачав да намалиш со дрогите и шишето, ќе ти порачам и годинава. Голем да растиш, умот в гла, и многу рокање со Ace Frehley's Comet.



Среќен роденден!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
На денешен ден, да беше жив, Ерик Кар ќе полнеше 59 години.

Ерик Кар, попознат во шоу-бизнисот како The Fox (лисицата) беше тапанар на рок групата KISS во времетраење од 11 години, од 1980 година, па се до неговата смрт на 24 ноември 1991 година. Во времето кога Питер Крис го напушти бендот, Ерик работел како мајстор за поправање на микробранови печки. Интересно е тоа што иако ја доставил апликацијата за аудиција еден ден по рокот, сепак му било дозволено да учествува. По завршувањето на аудицијата, Ерик Кар бил сигурен дека нема да помине и дека ќе Пол Стенли и Џин Симонс ќе изберат некој друг, па им побарал автограми, во случај да не ги сретне уште еднаш. На тоа Пол се насмеал и му рекол: Ако ги избричиш мустаќите, примен си!

По официјалното влегување во бендот, Ерик го одбрал „Орелот“ односно „The Hawk“ за свое алтер-его т.е. персона во бендот, но Пол му го препорачал ликот на лисицата (The Fox), што Ерик без двоумење го прифатил.

Ерик имаше операција на рак на бели дробови само седум месеци пред да почине од срцев удар, во својот дом во Њу Јорк.
Човек со кој дефинитивно имам многу заедничко и заслужува место на мојот аватар.

Eric Carr - Remembering a great friend.
Почивај во мир.

 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Ај малце да ве едуцирам. Kiss оригиналната четворка беше од јануари 1973 до октомври 1980. Тогаш си замина Peter Criss, а беше заменет од Eric Carr. Во 1982 замина и Ace Frehley, официјално двострано договорено, а неофицијално и точно - заради проблеми со дрога. Тројца пробаа да го заменат, а денес негова замена е Tommy Thayer. Од 1996 до 2001 имаа reunion на групата, но ништо не испадна и од овој обид. Ace толку беше упропастен со дрогата, што Tommy мораше да му ги покажува сите сола од песните, а овој наново да ги учи.

Денес на местата на Frehley i Criss се Tommy Thayer и Eric Singer.


За тие што не знаеле - Ace Frehley му бил идол на Dimebag, покојниот член на Pantera. Dimebag бил воодушевен од средбата со Frehley, и Ace му потпишал постер од Kiss што Dimebag го чувал од 12 години. По средбата станале добри пријатели, а Ace Frehley одржа говор на погребот на Dimebag. Еве и слика:

Ја само да прашам шо погреб е ова глеј ги сите насмеани се бе!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
Ја само да прашам шо погреб е ова глеј ги сите насмеани се бе!
Погреб ист како оној на Мајкл Џексон пред некој ден - едно големо шоу, со актери и актерки. Никој не ги цени човечките вредности, туку на смртта гледаат како на премиера на филм или доделување на награди.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.964
Поени од реакции
361
Погреб ист како оној на Мајкл Џексон пред некој ден - едно големо шоу, со актери и актерки. Никој не ги цени човечките вредности, туку на смртта гледаат како на премиера на филм или доделување на награди.
Токму така , а голема грешка е тоа ..
Патем нека му е честит роденденот на Ерик Кар , многу несреќен случај беше неговата смрт... Имам некаде прочитано дека кога конечно бил во подобра здравствена состојба доживеал инфаркт , што е многу чудно .
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
Токму така , а голема грешка е тоа ..
Патем нека му е честит роденденот на Ерик Кар , многу несреќен случај беше неговата смрт... Имам некаде прочитано дека кога конечно бил во подобра здравствена состојба доживеал инфаркт , што е многу чудно .
По операцијата имаше и видео на кое вика дека се чувствува добро и едвај чека да излезе од болница. Еве го:


Исто, еве и кратко видео од другите членови на KISS, каде говорат за Ерик.


Иначе, добро си слушнал, срцевиот удар беше нешто што не се очекуваше во тоа време, кога веќе закрепна од операцијата на рак на бели дробови. Сепак, јавна тајна беше дека деновите му се броени, бидејќи имаше вродена срцева маана.
 
T

the Carpenter

Гостин
Еден од најдобрите тапанари во историјата. Еден од моите омилени. Ај што е јак тапанар, исто така е неверојатен вокал. А и како текстописец се покажал многу јак. Човекот зрачел со харизма. Легенда над легендите. Жално е што прерано умре, ќе не подружеше нас рекериштата уште дооолго време. А имаше уште многу да каже.

****
Но мене ме мачи една друга работа. Јас сум фан на KISS. Заедно со Фантом сме во KISS Army MK. Значи ги сакам KISS од се срце. Ама ми сметаат некои работи, кога ќе се направи релација - KISS - Eric Carr
А тоа е лицемерието на бендот по неговата смрт, посебно на Симонс.
Поготво што одличното (читај неверојатното) drum solo на Ерик од 1981 година, кгоа бендот му рекол дека е неупотребливо, беше ставено на албумот одма после смртта на Кар. И да, целиот албум е посветен на Ерик секоја чест.
Ама албумот е од happy до пре Happy
?
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
Но мене ме мачи една друга работа. Јас сум фан на KISS. Заедно со Фантом сме во KISS Army MK. Значи ги сакам KISS од се срце. Ама ми сметаат некои работи, кога ќе се направи релација - KISS - Eric Carr
А тоа е лицемерието на бендот по неговата смрт, посебно на Симонс.
Поготво што одличното (читај неверојатното) drum solo на Ерик од 1981 година, кгоа бендот му рекол дека е неупотребливо, беше ставено на албумот одма после смртта на Кар. И да, целиот албум е посветен на Ерик секоја чест.
Ама албумот е од happy до пре Happy
?
Лицемерието на Симонс знајш и сам дека е од светски размери. Ако ти теквит, периодот на Винсент. Винсент беше најдобриот гитарист што го имала групата, ама Симонс го избрка заради „несогласувања“, а најпросто објаснато: затоа што беше премногу добар. Уживаше во добри сола и ги внесуваше на скоро секоја песна на концерти, со што очигледно почна да го презема приматот за шоумен број еден во KISS од Симонс.
Исто така, имаше изјава од Симонс во врска со напуштањето на Ејс на бендот, одеше вака: „I won't let a nucklehead with ruined career, to ruin my career“. После секако, дојде и до reunion на бендот, и се гушкаа и смешкаа пред камери ко браќа родени.
За Carr Jam 1981 - не беше ни идејата на Симонс за албумот да биде трибјут на Кар, ниту пак песната да биде внесена во албумот. Идејата и иницијативата беше на Пол, како и за многу работи претходно. Ако не беше Пол, јас верувам дека KISS ќе беа растурени уште пред 20 години. Веројатно ти знајш, другите помалце, дека по излегувањето на Питер Крис и Ејс Фрели од бендот, Симонс размислувал за напуштање на бендот и основање на продукциска компанија. Пол го разубедил.

All in all, не сакав во текстот да внесувам вакви елементи, за постапките на Симонс и внатрешните несогласувања заради негови каприци. Ама ете, шом веќе почна ти, да си кажам и јас. :)
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Погреб ист како оној на Мајкл Џексон пред некој ден - едно големо шоу, со актери и актерки. Никој не ги цени човечките вредности, туку на смртта гледаат како на премиера на филм или доделување на награди.
Ma aj и да не ценат човечки вредности, немоеш да ги натераш да ценат, ама барем нека не доаѓаат ако стварно не ја почитувале барем музиката негова!
 
Член од
22 јануари 2008
Мислења
422
Поени од реакции
8
KISS

Во октомври нов албум на „Кис“ Ветераните на хевиметалот, „Кис“ во октомври, по 11 години пауза, ќе објават нов албум. Изданието ќе се вика „Сониц боом“ и ќе опфати три цедеа, од кои едно ќе содржи нови песни, кои членовите на групата ги подготвуваше за време на еднодецениското отсуство. Ексклузивното право на продажба на албумот го доби синџирот продавници „Волмарт“, кој неодамна на тој начин ги продаваше албумите на „Иглс“, „Еј/ Си Ди/ Си“, „Форинер“ и други. - „Кис“ е вистинска икона на музиката, и драго ни е што сме одбрани за ваква соработка - рекол музичкиот директор на синџирот, Том Велч. Меѓу песните на новиот албум ќе се најдат „Руссиан роулетте“, „Модерн даѕ делилах“, „Станд“, „Роттен то тхе цоре“, „Маиден флигхт“ и други. Албумот целосно го продуцираше Пол Стенли, гитарист и еден од двата главни вокали на групата. - Последниве неколку децении никој не се занимаваше со продукција на начин што ми одговара. Групите како да не се концентрирани, како да се не трудат. Затоа сам ја презедов продукцијата - објасни Стенли. „Сониц боом“ ќе се појави во продажба на 6 октомври. Групата минатиот мај требаше да настапи во Белград, но концертот беше откажан поради политичката и безбедносна ситуација во Србија
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
Еве една песна од новиот албум Sonic Boom од KISS.


Една песна ми е малце да судам, ама пак ќе пробам. :)
Според ова парче, KISS се враќа на Lick It Up и Animilize, а не на Rock 'n' Roll Over и Love Gun. Добро е то шо Симонс (кој е гадно копиле ко ќе станвит збор за вакви работи) дозволил малце појќе слобода на тапани кај Ерик и секако на лид гитара кај Тајер. Најверојатно по настојување на Стенли и во другите песни ќе има доста материјал каде што Тајер ќе се докажува со сола. :)

Сепак, се надевам дека ќе имат барем една песна во стил приближен на тој од Music From The Elder, иако Кар е одамна мртов и не очеквам нешто ептен во тој правец.

All in all - едвај го чекам шести октомври. :uraura:
 
В

Вори

Гостин
Ми се свиѓа песнава..
И препознатливиот глас на Пол Стенли..сигурен сум дека албумот ќе биде нешто екстра.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
На денешен ден во 1949 година е роден Chaim Witz, попознат како Џин Симонс. Роден е во Хаифа, Израел од родители Флоренс и Јикиел Виц. Хаим е еврејски збор што значи „живот“.

Денеска Џин полнит 60 години, и уште рокат ко да имат 25 ебаго. :uraura:

Среќен 60ти роденден Џин, голем да растиш и уште сто да си ифчекаме




П.С. Денеска роденден има и Роб Халфорд, член на групата Џудас Прист, кој е добар пријател на Симонс и Стенли. Најверојатно Роб ќе го помине денот заедно со Симонс оваа година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom