Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Kindle 3G си има свои маани: нема тачскрин, многу е голем не е добар за носење, а ако не можеш да го носиш со себе што ќе ти 3G. Nook на пример можеш слободно да си го земеш со тебе на плажа. На повеќето плажи имаш Wi-Fi. Нема да му влага песок во дугмињата зошто не ни има тастатура.

И нема споредба помеѓу вграденото светло и екстерен извор на светлина. Далеку подобро е вргаденото светло.
Пријателе, без навреда ама изгледа не си ги разбрал предностите на е-инк екраните.

Да, немаат позадинско светло и тоа е недостаток... навечер -на места каде нема светло. Од друга страна на дневно светло, и највеќе на сонце (пошто спомна плажи, нели) е-инк екраните се толку подобри од алтернативите со позадинско светло (читај ЛЦД-а) што смешно е да правиме муабет за тоа.
Позадинско светло на екран ги замара очите многу повеќе. Прашај било кој што работи 8+ саати на компјутер дневно дали е подобро кога чита документ на екран или на хартија (која е-инк екраните многу подобро ја емулираат).

Wi-Fi има на доста плажи, точно... ама 3G има секаде.
И знаеш што? Киндловиот 3G е бесплатен во САД и во Европа... не мора да плаќаш пијачки во кафичи. (башка што на дивите плажи нема ни кафичи, ни Wi-Fi...)

Песок, инаку, не се заглавува во тастатурата. Тастерите се гумењаци со целосно зафатен простор во отворите за нив.
Две години го користам Kindle3, секоја година по 30-40 дена сум на одмор и никогаш не сум имал проблеми со... песок во тастатурата.
Е сега ако ти имаш навика да читаш закопан во песок тоа е друго... ;)

Инаку предпоставувам кога зборуваше за големината се збуни, мислеше на Kindle DX наместо Kindle 3G?
Не е толку голем да не можеш да го шеташ со себе. Вистина во џеб нема да го собере ама летно време секако не носиш облека со џебови кои можат да го соберат ниту помалиот модел.
За стрипови (и ПДФ стручна документација) DX е многу подобар... проблемот е што е прескап.
k70.jpg

--- надополнето: 3 август 2012 во 09:44 ---
Го имам овој Киндл и не го менувам за ништо.
Same here.
Немам хардвер што повеќе ми правел кеиф, после C64 на времето.
 
Јас го користам последниот KIndle 4. Доволно е мал за да се носи во ранец, торба за на плажа па и некое помало торбиче за преку рамо. Го собира и во џеб на фармерки позади, ама сигурно не го носат многу луѓе така. Иначе ептен сум задоволен, само Демоноидов што ми падна, сакав да симнам нешто ново ;)
 
Јас го користам последниот KIndle 4. Доволно е мал за да се носи во ранец, торба за на плажа па и некое помало торбиче за преку рамо. Го собира и во џеб на фармерки позади, ама сигурно не го носат многу луѓе така. Иначе ептен сум задоволен, само Демоноидов што ми падна, сакав да симнам нешто ново ;)

Зимоска си го носев во внатрешниот џеб на јакната ептен ми се погоди, а летоска еднаш го носев во задниот џеб од фармерките ама не е практично затоа што треба да го вадиш секојпат кога сакаш да седнеш или ќе го скршиш. И пази да не имаш некое искривено копче или нитна на џебот, јас мојот го изгребав така, сега има 3-4 грбаници како влакно дебели на екранот и 2-3 на задната страна. За среќа се познаваат само кога е црна позадината, кога читаш книга не се познаваат и не сметаат воопшто.

Најдобра опција за преку лето е една од тие малите торбички и воопшто да не се замараш.
 
Заштитна обвивка -ковер од кожа е обавезна. Инаку оштетувањата се повеќе од можни.
Башка и подобро изгледа ридерот.

Јас имам ист ваков, на времето го немаше на Амазон, го купив од Ибеј продавач (читај кинез).
http://www.amazon.com/CE-Compass-Cover-Kindle-Black/dp/B004A7ZEI2
41UPxjT2VzL._SS400_.jpg


Пријател има купено од (тогаш едниствениот) официјалниот ковер од Амазон што кошташе 40$ и сам признава дека овој е многу поквалитетен. Поскапото не е секогаш подобро.
 
И јас сакав футрола за Киндлот ама не ми се чекаше од Ибеј. Ми направи мерак една едноставна од Амазон, ги испечатив сликите и кај еден дечко во чаршија отидов, ми ја направи. Брка работа.
71ER-353fdL._AA1500_.jpg
 
Продавам Kindle 4, стар 2 месеци во одлична состојба (како нов) со футрола со светло. ПП за повеќе инфо.
 
Новиот Kindle Paperwhite изгледа добро, едвај чекам озбилен детален опис... најмногу ме интересира како функционира е-инк екранот со сопствено осветлување.

Некој месец чекање на искуства од прва рака на нетов и ако е ок го набавувам! :)

IMG_1834-580-90.jpg
 
Kindle Paperwhite изгледа навистина добро. Малку се двоумев да го земам Nook GlowLight, затоа што навистина е (ако може така да се нарече) негативна страна на обичниот Kindle (кој јас го користам) што не може да се чита во темница. Меѓутоа, прочитав многу негативни критики за Nook GlowLight и затоа се одлучив за обичен Kindle кој може да се чита само со надворешна светлина. И јас сакам да слушнам мислења од прва рака за Kindle Paperwhite, и ако ми се допаѓа тоа што ќе го чујам, дефинитивно ќе го набавам.
 
Kindle Paperwhite изгледа навистина добро. Малку се двоумев да го земам Nook GlowLight, затоа што навистина е (ако може така да се нарече) негативна страна на обичниот Kindle (кој јас го користам) што не може да се чита во темница. Меѓутоа, прочитав многу негативни критики за Nook GlowLight и затоа се одлучив за обичен Kindle кој може да се чита само со надворешна светлина. И јас сакам да слушнам мислења од прва рака за Kindle Paperwhite, и ако ми се допаѓа тоа што ќе го чујам, дефинитивно ќе го набавам.

Можеш да си купиш некоја ваква силајичка на батерии или на USB и да читаш во темница.

ArcLight_Alt4_Graphite_M(1).jpg
 
Исто така и најобичниот Kindle е подобрен и во Америка е за 69$ :)
 
Исто така и најобичниот Kindle е подобрен и во Америка е за 69$ :)

Го купив како поклон за сестра ми и можам да кажам дека е одличен.Има подобар контраст од мојот Kindle Keyboard и многу е полесен.
 
Колку би ме коштало Kindle Paperwhite се на се, колку му доаѓаат царини и други додатоци?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom