Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.202
- Поени од реакции
- 34.793
Пријателе, без навреда ама изгледа не си ги разбрал предностите на е-инк екраните.Kindle 3G си има свои маани: нема тачскрин, многу е голем не е добар за носење, а ако не можеш да го носиш со себе што ќе ти 3G. Nook на пример можеш слободно да си го земеш со тебе на плажа. На повеќето плажи имаш Wi-Fi. Нема да му влага песок во дугмињата зошто не ни има тастатура.
И нема споредба помеѓу вграденото светло и екстерен извор на светлина. Далеку подобро е вргаденото светло.
Да, немаат позадинско светло и тоа е недостаток... навечер -на места каде нема светло. Од друга страна на дневно светло, и највеќе на сонце (пошто спомна плажи, нели) е-инк екраните се толку подобри од алтернативите со позадинско светло (читај ЛЦД-а) што смешно е да правиме муабет за тоа.
Позадинско светло на екран ги замара очите многу повеќе. Прашај било кој што работи 8+ саати на компјутер дневно дали е подобро кога чита документ на екран или на хартија (која е-инк екраните многу подобро ја емулираат).
Wi-Fi има на доста плажи, точно... ама 3G има секаде.
И знаеш што? Киндловиот 3G е бесплатен во САД и во Европа... не мора да плаќаш пијачки во кафичи. (башка што на дивите плажи нема ни кафичи, ни Wi-Fi...)
Песок, инаку, не се заглавува во тастатурата. Тастерите се гумењаци со целосно зафатен простор во отворите за нив.
Две години го користам Kindle3, секоја година по 30-40 дена сум на одмор и никогаш не сум имал проблеми со... песок во тастатурата.
Е сега ако ти имаш навика да читаш закопан во песок тоа е друго...
Инаку предпоставувам кога зборуваше за големината се збуни, мислеше на Kindle DX наместо Kindle 3G?
Не е толку голем да не можеш да го шеташ со себе. Вистина во џеб нема да го собере ама летно време секако не носиш облека со џебови кои можат да го соберат ниту помалиот модел.
За стрипови (и ПДФ стручна документација) DX е многу подобар... проблемот е што е прескап.
--- надополнето: 3 август 2012 во 09:44 ---
Same here.Го имам овој Киндл и не го менувам за ништо.
Немам хардвер што повеќе ми правел кеиф, после C64 на времето.