Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Моите деца нема да студираат во Македонија. Сум го напишал тоа пред неколку месеци во една друга тема. Мојата борба во Македонија е завршена од лични причини што не сакам да ги дискутирам со сите.

Да, и денес студентите се сеуште срам. Ама не за државата. И не, на студентите не им се работи. Затоа што ако им се работеше, ќе беа потготвени за бурата срања од извршната власт. А не кампањски да бараат права. Треба систематски.

Знам што има и на е Учебници, знам што има во книгите. Сум прелистал, сум видел. Тоа е тоа. Медиокритетот и идиотизмот се новите стандарди во Македонија. И нема да се сменат. Зошто? Затоа што на сите до еден им одговара. Од првооделенец до академиците.
Тогаш твоето место не е на темава, зошто нели ти се се откажал од државава, не ти е гајле дали ќе оди на полошо или подобро...
Башка на нашето аргументирано контрирање на твоите аргументи враќаш со „не ми наоѓајте дупка во логиката“...
Пак ќе кажам, не е твоето место во темава. Може тебе местото ти е во подфорумот свет, а не на темава кај што преовладуваат луѓе што планираат тука да остануваат, да живеат и да создаваат.
 
Не требало кампањски, систематски требало да бараат права. Па затоа шо неможат систематски да издејствуваат права се префрлаат на кампањи и протести.
Зошто Албанците напредуваат со нивните цели. Затоа што систематски работат на тоа. Не од денес за утре. Што побараа систематски студентите последните 10 години? Зошто не излегоа 10 000 да штрајкуваат за правата на провинијалците што живеат во Кузман и Гоце? Кај беше пленумот тогаш? Кај беше СПУКИМ? 3 поста на редит и 5 стории во македонските портали. И толку.
Каде е СПУКИМ и пленумот за фер оценување, за присилувањето студентите да ги купуваат книгите на професорите, да се намалат цените на студирањето, да се намали препишувањето, да се намали штанцањето на препишани трудови, на бизнисот со семинарски, да штрајкува за повеќе пари за финансирање на студентски истражувања, нови лаборатории, амфитеатри? Каде се студентите да преговараат со ЈСП и други фирми за подобри услови, специјални билети, итн.? Ова се нешта што ми доаѓаат моментално на прсти во тастатура, ако подразмислам, ќе најдам уште многу повеќе.
Зошто слушаме за студентите и од студентите само кога некој проба да им го збрца?


Оти ја знам до болка седам мирен. Едно е да филозофираш на интернет, друго е да јадеш стап. Епа јас сум го јадел стапот. Затоа седам мирен.

Зошто не се организираа избори кога му заврши/пред даму заврши мандатот?
И како баш кога имаше истечен мандат, Власта најде да прави измени во закон? И на никој не му текна дека власта може да прави баш тогаш финти со студентите? Каде беа тие 10 000 студенти да се дигнат кога му истекуваше мандатот на лидерот, да организираат избори?(Прашањето не е зајадливо, туку навистина ме интересира, и се сврзува со првиот дел од мојот пост).

Тогаш твоето место не е на темава, зошто нели ти се се откажал од државава, не ти е гајле дали ќе оди на полошо или подобро...
Башка на нашето аргументирано контрирање на твоите аргументи враќаш со „не ми наоѓајте дупка во логиката“...
Пак ќе кажам, не е твоето место во темава. Може тебе местото ти е во подфорумот свет, а не на темава кај што преовладуваат луѓе што планираат тука да остануваат, да живеат и да создаваат.
Бојане, што ќе создадеш ти со твојот правен факултет? А каде ми е мене местото, не си ти тој да кажеш.
 
Оти ја знам до болка седам мирен. Едно е да филозофираш на интернет, друго е да јадеш стап. Епа јас сум го јадел стапот. Затоа седам мирен.

Е па тогаш седи си уште помирен со тоа што ќе се држиш настрана од оваа тема на форумов, бидејќи не придонесуваш на никаков начин за конструктивна дискусија.

Доколку целта ти беше да потенцираш дека се плашиш од ќотек, тогаш тоа веќе ни стана јасно на сите.

Но за среќа, ги има илјадници други кои не се плашат од ќотек како тебе и се одлучни во својата борба, дај Боже да станат уште поодлучни и помасовни.

Затоа, сега кога веќе си го кажа своето, напушти ја темава и остави ги студентите да организираат протести и демонстрации со цел да го изразат своето незадоволство, наместо да седат мирни како тебе.
 
Првиот марш беше и против СПУКМ, нели кога симболично се погреба. Секое наредно споменување на СПУКМ во официјалните изјави на Пленумот ќе беше легитимирање на СПУКМ. Вака, поранешниот претседател Кирилчо.

Иначе Благоев, Пленумот јасно кажа во неколку наврати дека по решавањето на овој проблем, ќе се осврне и на другите проблеми, почнувајќи од студентските домови, па зошто да не и заложбите на Слободен Индекс од пред неколку години итн итн.
 
Ќотекот се трпи. Во затвор не ми се оди. :(
Не си одам јас од тука. Јас со задоволство читам како сте сите со подобри и поблагородни идеи од мене.

Првиот марш беше и против СПУКМ, нели кога симболично се погреба. Секое наредно споменување на СПУКМ во официјалните изјави на Пленумот ќе беше легитимирање на СПУКМ. Вака, поранешниот претседател Кирилчо.

Иначе Благоев, Пленумот јасно кажа во неколку наврати дека по решавањето на овој проблем, ќе се осврне и на другите проблеми, почнувајќи од студентските домови, па зошто да не и заложбите на Слободен Индекс од пред неколку години итн итн.

Ако погледнеш поназад низ моите постови, цело време што сакам да кажам е Constant Vigilance. Ништо повеќе, ништо помалку.
 
Бојане, што ќе создадеш ти со твојот правен факултет? А каде ми е мене местото, не си ти тој да кажеш.
Се надевам во иднина ќе можам да придонесам за едно општество во кое ќе владеат некои идеали како правда, владеење на право, поделба на власт...
А дури да дојде таа иднина, ќе се борам да речеме и сам на свој начин против тоа некој да ме заплашува и да ме тера да живеам во страв како стока. Ќе се трудам во рамките на своите можности да го разбудам критичкиот начин на размислување и најбитно нема да се откажувам како тебе...
А глеам дека не мислам само ја дека не ти е тука местото (и во претходниот пост, а и сега, под „местото тука“ мислам на темава)...
 
Зошто Албанците напредуваат со нивните цели. Затоа што систематски работат на тоа. Не од денес за утре. Што побараа систематски студентите последните 10 години? Зошто не излегоа 10 000 да штрајкуваат за правата на провинијалците што живеат во Кузман и Гоце? Кај беше пленумот тогаш? Кај беше СПУКИМ? 3 поста на редит и 5 стории во македонските портали. И толку.
Каде е СПУКИМ и пленумот за фер оценување, за присилувањето студентите да ги купуваат книгите на професорите, да се намалат цените на студирањето, да се намали препишувањето, да се намали штанцањето на препишани трудови, на бизнисот со семинарски, да штрајкува за повеќе пари за финансирање на студентски истражувања, нови лаборатории, амфитеатри? Каде се студентите да преговараат со ЈСП и други фирми за подобри услови, специјални билети, итн.? Ова се нешта што ми доаѓаат моментално на прсти во тастатура, ако подразмислам, ќе најдам уште многу повеќе.
Зошто слушаме за студентите и од студентите само кога некој проба да им го збрца?
За да се организираат силно студентите на вакви протести што ги збориш треба да има независен студентски парламент, неможе ова да се деси тука, па така единствен начин се протестите, и таквите движења треба секогаш да бидат потпомагани од опозицијата и невладините организации.(не зборам за оваа опозиција, туку опозиција по дифолт.)
Сеа у однос на ова шо си го пишал не се држиш на своите претходни пишувања, и вака може да пишеме вечно, па така ќе се навратам,
Прво збореше дека студентите требало систематски да издејствуваат права, јас напишав дека пробаа систематски, и самиот знаеш дека е така, но не успеваше тоа немаше никаков ефект ниту пак ќе има, па пробуваат/ме со протести.
Од таму се префрлаш и користиш трети аргументи, праиш споредби на студенти и Албанци. Браво.
Зема за пример етничка група која години и години уназад прави проблем на оваа држава преку протестирања, провокации, огранизирани движења за да дојде до конфликт и војна, каде тие како движења се финансирани од страни лица.
Ова ти е репер тебе за систематско работење за добивање на права? Ако е така ние најверојатно живееме у некое пост-апокалиптично општество и некој стран облик на државно уредување.
 
Мило ми е кога гледам дека ние ја отворивме Пандорината кутија во Македонија и конечно почнува да излегува на површина незадоволството на народот. После протестите против законот за придонеси за хонорарите и МЖ најавиле штрајк за наредниот четврток. Штрајк во Македонија неаме видено од времето кога ја бев основно...
Протестот на СОНК што беше закажан за први август изглеа не беше одржан, ама пак ќе кажам мило ми е што Студентскиот марш ја отвори Пандорината кутија.
 
Еве што има да каже Баба Роса за протестите
Се што кажа е на место.
 
Министерството за образование не ферма повеќе од 20 факултети, универзитети и институти

Најмалку 23 универзитети, факултети или институти го направиле „сол“ предлогот за државен испит на Министерството за образование и наука. И покрај нивните мислења кои следеле непосредно по масовните протести на 16.000 студенти, владата пред една недела, во викенд-време, го усвои предлог-законот за државен испит.
„Плусинфо“ дојде до богата документација која содржи мислења од 23 факултети, универзитети или институти за државниот испит, а во која за ваквото тестирање, академската заедница тврди или дека е спротивно на Болоњскиот процес, или дека е противзаконско или дека е неизводливо.

Деканот на Архитектонскиот факултет Минас Бакалчев до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски испратил допис во кој го информира дека Наставно-научниот совет на овој факултет, за предлогот за државен испит на Министерството смета дека е во спротивност на Законот за високо образование, академската слобода, слободата на студирањето и проверката на знаењата на студентите.

arhitektonski.JPG


Архитектонскиот факултет смета дека државниот испит не може да е паралелен на образовниот процес, дека е во спротивност на Болоњскиот процес, дека не ја отсликув природата на специфичните студиски програми и дека ќе го дезинтегрира континуитетот и повеќеслојноста на образовниот процес.

„Предложениот државен испит претставува исклучиво квантитативна форма на испит кој ќе го дефокусира постојниот образовен процес и ќе ги супституира и симплифицира воспоставените начини и модели на учење. Во таа смисла образованието ќе се насочи единствено на содржините на државниот испит како единствен инструмент за верификација на знаењата и стручноста. Врз основа на прикажаните согледувања, последователноста, а не паралелизмот на образовниот процес и државниот испит, спротивноста на принципите на Болоњскиот процес и континуираното оценување, специфичноста на студиските програми и интегритетот на образовниот процес, Наставно-научниот совет го смета предложениот концепт на државен испит за несоодветен и упатува на постоечките механизми за зголемување на високообразовната дејност“, констатирал наставно-научниот совет на Архитектонскиот факултет.

Тој не е единствениот факултет кој има ваков став за државниот испит. Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на седница исто така заклучик дека воведувањето на државен испит за студентите, нема да даде придонес во подигнувањето на нивото на квалитетот во високото образование.

feit.JPG


„Државниот испит нема да даде објективна слика за знаењата на студентот, особено за студентите кои студираат технички науки. Тест составен од прашања со можни одговори не соодветствува на модел за проверка на стекнатите знаења на високообразовните институции. На техничките факултети проверката на знаењата се состои од различни форми, како парцијални испити, домашни задачи, лабораториски вежни, проектни задачи, активности на час итн. Државниот испит не е применлив и на втор и трет циклус студии, каде што знаењето и резултатите се верификуваат на сосема поинаков начин“, утврдиле на ФЕИТ.

Во дописот од деканот Миле Станковски пишува дека ФЕИТ за подобрување на квалитетот на високото образование предлага Одборот за акредитација и евалуација и инспекциите потполно и принципиелно да работат, а се наведува и дека финансирањето на државните високообразовни институции не е на потребното ниво.

На Природно математичкиот факултет институтите за географија, математика, хемија, физика, биологија, етнологија и антропологија го отфрлаат концептот. Во нивните засебни ставови провејуваат квалификациите „упад во автономијата“, „спротивен на Болоњскиот процес“ итн.

„Предлогот за воведување државен испит е заснован врз ненаучни, непрофесионални и некомпетентни податоци. Воведувањето државен испит според замислата на владата засега позната главно преку информацијата на МОН, е флагрантно кршење на академските слободи и директно нарушување на автономијата на универзитетот што е неприфатлив концепт во демократските општества“, заклучиле на Институтот за етнологија и антропологија.

institut.JPG


Економскиот факултет се изјаснил дека државен испит на прв циклус студии не може да го подобри квалитетот, а за државен испит во втор циклус на студии изразил чудење.

„Сакаме да укажеме дека вака предложениот модел воопшто не постои, односно истиот не е изводлив и е неспроведлив зашто на овие студии не се полагаат класични испити туку кандидатите навлегуваат во методологија на научно-истражувачката работа и истражуваат одредени подрачја договорени со менторот согласно темата за истражување“, напишале од Економски факултет.

dek.JPG


Правниот факултет утврдил дека државниот испит ја повредува автономијата на универзитетите, а и потсетил дека УКИМ веќе го евалуираат експерти од Европската Унија. За државниот испит оттаму сметаат дека наместо да го зголеми, моделот би можел и да го намали квалитетот на високообразовниот процес.

Факултетот за физичко образование дал негативно мислење дека државниот испит ќе го подобри квалитетот на високото образование. Низ својата призма, оттаму дале и пример.

„На пример, по предметот спортска гимнастика кој студентите го полагаат во прва година. Во услови кога студентот преку колоквиуми и испити ќе го положи предметот во прва година, неможно е истото ниво на неговата психофизичка состојба да ја одржува во континуитет во наредните години. Кога повторно би го оценувале после една година, би се добила нереална проценка за нивото на неговата подготвеност во моментот на полагање на испитот“, напишале во мислењето од Факултетот за физичко образование.

8i.JPG


Факултетот за земјоделски науки и храна смета дека државниот испит нема да го подобри квалитетот на високото образование, шумарскиот факултет е децидно против воведувањето на државен испит, факултетот за ветеринарна медицина мерката укажува дека е несоодветна за нивниот факултет, а истото го прави и драмскиот факултет кој укажува дека е невозможно да се евалуираат нивните студенти и да се даде проценка на нивниот квалитет со државен испит.

Факултетот за ликовни уметности навел дека хипотетичкото полагање на државен испит во втора и четврта година на овој факултет е невозможно, дури ни во техничка смисла, зашто сите круцијални предмети се од практичен карактер и се изработуваат во подолг процес.

И Факултетот за музичка уметност по одржаниот наставно научен уметнички совет, објаснувал дека за нив државниот испит е неприменлив.

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје цени дека државниот испит не би имал некаков значаен ефект.

„Нашите студенти по завршување на студиите се определуваат за парохиска служба, монаштво или просвета во Црквата. Дипломираните теолози во трите гранки дополнително подлежат на надворешна евалуација. Тие кои се определуваат за свештеничка служба полагаат испит за постојана парохија. Кандидатите кои се определуваат за монаштво поминуваат од три месеци до три години во подготвителен-искушенички период.

bo.JPG


Научниот совет на Економскиот институт посочува дека во предлогот за државен испит има недоречености и слабости а дека за подобрување на квалитетот треба нов закон.


„Со ваквиот концепт на државен испит би се довеле во прашање целокупните претходни постапки кои ги водел токму Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, а преку кои секоја факултет висока школа или институт биле акредитирани за вршење на дејност во високото образование“, поентираат од овој институт. Земјоделскиот институт исто така не го поддржува државниот испит и го оценува како непотребен и неприфатлив.

zem.JPG


Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје, информира дека од вкупно 14 членови на Научниот совет, осум се произнеле по барањето, од кои 7 против воведувањето државен испит. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ не го поддржува државниот испит.

inss.JPG




Фармацевтскиот факултет објаснил дека нивните студенти добиваат лиценца, а дека не прифаќаат државен испит за магистерски и докторски студии. Државниот универзитет во Тетово смета дека може да има некаков вид екстерна контрола, но да биде поткрепена со научни критериуми за проверка на знаењата.

„Анкетираните студенти и наставници сметаат дека државниот испит како што е предложен не може да ги опфати сите содржини активности и материјали реализирани во студиите и дека не може да определува за способностите и вештините стекнати кај студентите“, напишале оттаму.

Од Европскиот универзитет сметаат дека предложениот модел од МОН за државен испит, кој се темели на проверка на знаењето со заокружување точен одговор од понудените можни е несоодветн бидејќи инсистира на механичко знаење.

„Барањето на дефиниции и набројувања се методи на испитување кои се позастарени и се помалку се применуваат во светот. Овој систем уште помалку е пригоден за студенти од вториот и третиот циклус на студии и не придонесува кон создавање креативни личности“, стои во дописот потпишан од ректорот Лидија Наумовска.

evropski.JPG



Од ФОН навеле хипотетички но многу веројатни пречки кои би можеле да го попречат концептот.

„Дали се разгледала можноста студент кој не поседува доволно знаења за положување на еден или повеќе предмети да го положи делот од државниот испит што ги опфаќа првите две студиски години во кои се вклучени тие предмети? Обратно, али не може да се случи „солиден“ студент да не одговори точно на повеќе од две прашања од ист предмет,а сите други да ги положи со висок степен на точност во одговорите? Може, и тоа би значело неположување на државниот испит“, сметаат од ФОН.

Високата медицинска школа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола наведува дека нема потреба да се полага нов државен испит зашто така не е можно да се зголеми квалитетот на едукација на студентите.

4f.JPG

http://www.plusinfo.mk/vest/8424/ga...ekje-od-20-fakulteti-univerziteti-i-instituti
Од сите овие дописи можам да заклучам дека професорите многу се замараат со глупости, ама баш глупости. Па ова се решава со еден пасус
"Почитуван Министере, стручниот колегиум одлучи дека не сте психо/физички здрав, затоа предлагаме под итно да подлегнете на третмани во душевната болница Бардовци, како би се увериле во деценискиот квалитет на стручниот кадар произлезен од факултетите. Итноста е битна за да не направите некоја поголема бељја"
 
http://24vesti.mk/vin-vin-18-12-2014

Овој човек кој не знае колку елементи има во периодичниот систем треба мене да ми го реформира високото образование ?!?!
Ама, ама...не повторил. :(

Е така е министре кога не се гостува во емисија каде прашањата однапред се знаат. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom