Канал 5 ќе ги пренесува натпреварите од најквалитетните европски натпреварувања!

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Што е работава и на Канал 5 и на 5 Плус истите утакмици? Не важи веќе различни утакмици на двата канали?
 
Не е снимка, во живо е вклучувањето. А летање по стадиони, ако направиме анкета, се кладам дека ќе е избор на 70% од гласачите. Не на 50% + 1, туку на 70%.

А ако сакаш на раат Јуве да си го гледаш, ене го Торино :) Секогаш е полупразен стадионот, ќе најдеш карта кога и да одиш :) (шала, не лути се)

Аха се јавува Баба Ванѓа и вика врти во милано интер ќе дај гол. ;) (шала, не лути се)
Можи да се почека некоја пола минута до минута да помини интересното во актуелниот меч шо сите го гледаат.

Под Летање по стадиони да расчистиме мислев да ја менваат комплет сликата. Секако дуал екранчиња е поприфатливо решение. но мислам ми ја сфативте забелешката досега
Момци, у реду е...мора да се појави еден уништувач на забави,копук, кому му смета ова...инаку ќе се прашав да не сте ставиле бан за критизери:wink:
Конференција е НАЈСКАПАТА и НАЈЕКСКЛУЗИВНАТА опција кој некој воопшто може да си ја дозволи...проверете колку други земји од Европа го имаат овој благодет...проверете и кај вашите омилени ХТВ и НОВА ТВ, па после ќе праиме муабет
Конференцијата останува, и ќе продолжи и за наредната сезона и во ЛШ

Хммм уништувач на забави. А од кога медиумите, исправка организациите кои работат со публика, истата ја викаат уништувач на забави. Се ообидувам да кажам шо не чини и одма сите плачат.

Ко да неможи пола минута да почека тој голот да помини интересното. Ене види ги преносите шо ги добивате откако ќе се расчисти гужвата дури тогаш пуштаат снимка од некоја јака шанса.

Во врска со последното ( Конференција е НАЈСКАПАТА и НАЈЕКСКЛУЗИВНАТА ): Дали ова значи дека истата е и најдобра? ;) Само реторичко прашање :pipi:
 
реторички одговор: дали најскапиот бренд е подобар од најевтиниот? во автомобилизмот, во електрониката, во модниот бизнис...одговорот е јасен, нели?
 
Ќе додам во насловов од темава: (дискусија за горе долу конструктивни форумџии).
Прекините со глупости, да не бришам за безвезе.
 
реторички одговор: дали најскапиот бренд е подобар од најевтиниот? во автомобилизмот, во електрониката, во модниот бизнис...одговорот е јасен, нели?

Не споредвај нај со нај. Работата беше да ти укажам дека ако нешто е скапо немора да е најдобро.

А бај да веј очекувам одговор на остатокот од постот. За кратковрмемно одлагање на снимката од голот.

Ќе додам во насловов од темава: (дискусија за горе долу конструктивни форумџии).
Прекините со глупости, да не бришам за безвезе.

Хехе не биди расипвач на забави. Да им кажиме барем шо можат да попрат
 
ако знаеш кој се у светов има и имал емисии околу полноќ, ќе си бил свесен за комплиментов што ми го даде...не знам дал ти значи нешто, ама твоите забелешки,ич таквото не не боли...карванот наречен Канал 5 си врви, а кучето ( погоди кој е кучето ) си лае.
Ај одмори не сите , и узми даљински у руке и мењај канал, немој нас да не глеаш...у крајна линија, ние не сме Јавен Сервис, не плаќаш претплата...така да ич не се занишуваме на такви ко тебе
 
Хехе не биди расипвач на забави. Да им кажиме барем шо можат да попрат

Шо да кажиш бе паше? Дек те кркат дел пиеро и сакаш да го глеаш од близу какви фаци прајт ко ќе се залетвит за слободен? Ексклузива е риал тајм да глеаш појќе преноси.

Ебаго, да го немаш то ќе беше барано.

А да го имаше на друго место ќе беше фалено, едновремено.

То ни е во крвта. И зато немат љутиш, Иво :) Се ља ви :)
 
Ќе додам во насловов од темава: (дискусија за горе долу конструктивни форумџии).
Прекините со глупости, да не бришам за безвезе.

Еве конструктивно прашање во контекст на темата ....
Сакам да знам и видам, каде се паднало гол ...

Тоа задоволство 5-ка ми го приушти на првиот натпревар, за што сум им благодарем.

Зошто не и на вториот ?
 
За одлагање на головоите...замисли да паднат 2-3 гола во низа, и ние почнеме да одлагаме...ќе стане хаос...а БАШКА...после ќе мрчите , сте виделе промена на резултат на Телетекст, на Интернет, а ние касниме со головите, и пак нема да ти чини нели...се знае што е Конференција
Дај не бриши ништо, нема да е интересно да нема полемика, полемиката е благодет на демократијата, мене не ми пречат нивните коментари, колку и да мислат дека се навредливи...јас го обелоденив мојот идентите, не сум п***а да се кријам зад туѓи имиња или прекари...тоа се кажува зад нивниот интелектуален маскенбал...остај ги молим те, сабајле си се собираме на работа, и се газиме од смеење на бисерџииве...не ни го крши ќеифот:vozbud:

Затоа што првиот беше „генералка“ и за нас, и не сакавме да ризикуваме, ако нешто не тргне као што треба, со вториот...сега видовме дека беше Топ, и фураме и даље
 
Ај да прашам нешто...

Во вторникот Канал 5+ во Тетово не работеше како што треба,значи сецкаше! Дали е до кабловската која јас ја користам (Кејблтел) или пак имаше проблеми од централата???
 
Браво .... Браво ... Бравооо ...

Така треба ...

Само така продолжете ...
 
не знам за Тетово, кај нас беше се ОК...инаку денес одевме со 2те утакмици на 5ка и 5+ од следнава причина...во некои места во МКД нема 5ка во кабел а има 5+?!, што е чудно, но додека не видиме кај е проблемот, решивме да не ги лишиме тие наши сограѓани и да им овозможиме да гледаат топ фудбал...мислам дека е фер, нели?
 
Е за ова фала :smir: До пред некое време бев соочен со истиов проблем и ако сакав да го глеам натпреварот на 5 а не можеше, се нервираш.
Вака е боље, ама кога ќе го најдете решението на проблемот пак вратете се на на различни утакмици на двата канала :smir:
 
Ај важи, ти дојди у студио, па тебе ќе те прашуеме...бог да чува, ај постирајте овде потенцијални, гости, па прашања за истите и идеја што да облече Филе!

Ај во право си тоа што нема кој да биде гостин...али сепак треба малце повеќе фокусирање на утакмицата а не на орце николов што бил шампион(тоа во друга емисија може)...и да пет плус звукот доцни едно 6-7 секунди кога има пренос лига шампиони на една од кабелските во Охрид...
 
Ај да прашам нешто...

Во вторникот Канал 5+ во Тетово не работеше како што треба,значи сецкаше! Дали е до кабловската која јас ја користам (Кејблтел) или пак имаше проблеми од централата???

До кабловската е 100%. Катастрофа е во Тетово.

Инаку Иван ок си е тоа што го правите и имам само пофални зборови за вас. Сепак факт е дека неможе сите исто да мислиме и сите да бидеме задоволни, но немора на секоја забелешка арогантно да одговараш. Може културно да одговориш без ароганција. Критичари и "експерти" имало секогаш и ќе има, немора да се спушташ на исто такво ниво, сепак ти си јавна личност. Остај ти овде на форумов што префрлаат на се и сешто. И јас на почеток се нервирав но видов дека нема тоа ефект.

Ова го пишувам добронамерно без намера за провокација:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom