Каков живот сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Orkad
  • Време на започнување Време на започнување

Која опција би ја одбрале вие?

  • Живеј брзо умри млад

    Гласови: 18 21,4%
  • Живеј нормално(бавно) доживеј старост

    Гласови: 66 78,6%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Се разбира дека Живеј нормално(бавно) доживеј старост :)
 
Полека и долго......иако живееме брзо како наметнато темпо, сепак би одбрала полека....нема кај да се брза, иако тоа не значи дека со бавно живеење не се ужива во секој момент, баш напротив, така подобро се чувствува животот....Живеам брзо, ама понекогаш копнеам за slow моменти...
 
Da rokam so 200 na saat da ne ebam ziva sila, da ne me boli k*r za nisto, sex, drugs and rock n roll!!!!!
 
иако кликнав на првото, се слагам со Бертоне. најдобро е да се има баланс:smir:

Да, баланс во се, ама баш во се, се што е добро не е на добро и обратно. Да се најде некоја средина во која ќе се живее, јас ја најдов а вие?
 
Животот е мистерија. Живеењето брзо, не мора нужно да налага умирање млад. Меѓутоа, кога се работи за оваа опција, јас би го изменила во „живеј квалитетно, радосно“. Во врска со втората опција, „живеј бавно“, под поимот „бавно“, лично јас тоа го сфатив како денгубење во овој контекст, а во врска со претходноспоменатиот. Гласав за втората опција, зошто живеењето бавно не значи да не ти се случува ништо во животот, туку напротив. Да се има време човек да се изгради себеси како личност, да се има време за семејство, за љубов, искуства...Да се биде понекогаш и осамен, да се почувствува благодетта на секое животно доба, секое бреме, секој момент...Да се достигне она духовно совршенство и мир кои го носат токму она кон кое сите се стремиме-среќата. А таа, пак, понекогаш е нешто повеќе од момент. Таа е, повеќе би рекла-состојба на умот.

Black Lily
 
Како и да е сакам да доживеам некои работи кои ќе ми причинат големо задоволство.Така да дали е животот краток или долг важно е да е среќен.
 
Poveke sum za vtorata ponudena opcija.Sakam baven i principielen zivot.
 
Сакам розев живот во кој ќе бидам принцеза на мојот принц. Ќе имаме прекрасна розова штала во која ќе го чуваме неговиот бел коњ и прекрасен замок со 10 деца, сите со плава коса и плави очи, и ќе си живееме споро и среќно до 120 години.gwupaca:brm brm:
Не, него сакам живот у кој ќе осеќам дека сакам, некој или нешто, до болка. Џабе ми се и 200 години, ако имам празно срце, просечни денови и млака крв во вените.
Поживеела и макар уше 10-15 години ич нема да ми биде жал, ако тој живот е даден на нешто кое ми буди страст, кое ме тера да се дадам цела и да се будам со вриеж во крвта секое утро.
Кога совеста би ми била мирна, кога би знаела дека сум човек кој усреќил и други освен себе и дека сум горела за љубов, должината на животот не би ми била важна.
 
~*~

Го избрав токму тоа што го живеам ... живеј брзо, умри млад ... ако доживееш старост не е на одмет.
Верувам дека треба да се живее животот со сите негови бои, да се ужива во секој момент и денот да не биде само уште еден датум + кој што сме го пречкртале на календарот за да ја победиме животната монотонија.
Се е до тоа да се живее ... брзо, бавно ... зависи од персоната.
:smiz:
 
Ако бирам од двете да можев нешто измеѓу средина некоја.
 
Ја и живеам брзо така да првото. Подобро е да направиш нешто, да те паметат, да живееш без норми и правила, него ли ништо а цел век да живееш. Ама се си тоа зависи до карактерот, можеби и јас друго ќе мислам утре who knows

А тоа дека ќе направиш нешто само ако живееш брзо е некое ново правило? Не се сложувам со тоа.
Јас нејќам динамичен и брз живот, па не ни живеам така. Затоа еве ќе ја кликнам втората опција. Повеќе би сакала да живеам нормално, со што постепено ќе си ги направам работите кои ги сакам за мене и другите, отколку да брзам, да немам ни една минута одмор, па да си умрам млада и уморна. Не фала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom