Каков живот сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Orkad
  • Време на започнување Време на започнување

Која опција би ја одбрале вие?

  • Живеј брзо умри млад

    Гласови: 18 21,4%
  • Живеј нормално(бавно) доживеј старост

    Гласови: 66 78,6%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
А тоа дека ќе направиш нешто само ако живееш брзо е некое ново правило? Не се сложувам со тоа.
Јас нејќам динамичен и брз живот, па не ни живеам така. Затоа еве ќе ја кликнам втората опција. Повеќе би сакала да живеам нормално, со што постепено ќе си ги направам работите кои ги сакам за мене и другите, отколку да брзам, да немам ни една минута одмор, па да си умрам млада и уморна. Не фала.
И јас. Шо се случи со пиењето кафе наутро пополека, читањето весниче, пополека се спремаш за на работа...имаш време и да одмориш и да прошеташ. Башка научниците на Запад секојдневно измислуваат ,,технологии,, за зголемување на просечниот животен век, а со оглед и на се поголемиот напредок во медицината-ова и им успева. На Истокот пак тука се филозофиите ,,за продолжување на младоста,,. Значи секаде во светот живеењето долго и квалитетно претставува квалитет, а ние сакаме да умриме млади.
Едит: И брзи!
 
Живеј нормално(бавно) доживеј старост
 
Зошто да умреш млад, живеј си старост, ќејвски си живеј, бавно-скромно!
 
Животот е еден, прв и последен..Живејте го онака како вас ви одговара, притоа не сметајки им на другите..:smir:
 
Нема поголема радост од онаа да живееш во кругот на своите најблиски,да се радуваш на секој нов ден,да доживееш многу работи кои ги пополнуваат страниците на дневникот од животот.Нема поголема тага од тоа да си отидеш од овој свет без да ги осетиш малечките рачиња на внуците,читањето весници со стариот,стареењето во прегратките на најмилите и со нив да ги чекаш времиња кои доаѓаат!

Гласав за второто!Длабока старост,во која изживеан,полн со љубов,со многу бори на лицето во кои се скриени секакви случки кои ти ги носел животот,живееш се додека уморот не те совлада...
 
Животот е најскапоценото нешто кое секој човек го поседува и треба да умее да го искористи максимално, да ги открие сите задоволства, да љуби и едноставно да ужива во сите работи кои го исполнуваат... Јас сакам живот исполнет со многу љубов и уживање па макар и не многу долг...
 
Еден бик како мене, на којшто никаде не му се брза и трпението му е една од најјаките страни-одбира да живее бавно и нормално па да си доживее старост.:smir:
 
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.

Денови ли се-денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси-

ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек- роб биди
роди се човек- скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само `ргај си
за себе маки тргај си-
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен
околу вратот навезен!




Ваков живот сакаме.:smir:
 
Сакам нормален живот,да остарам и да си дочекам и внуци и правнуци.
 
Ја одбрав втората опција сакам да живеам нормален живот, да доживеам старост, да се шетам со внучиња....несакам да умрам млад, ми се живее
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom