Сите овие начини за лечење на депресијата се во ред и секој си има свој начин да се справи со истата.
Но, тука станува збор за она лаичко разбирање на зборот депресија, кое подразбира состојба на благо разочарување, тага низ која минал секој човек.
За разлика од тоа депресијата како психичко пореметување, болест, се вбројува во групата на психози од внатрешно потекло.
За нејзиното настанување се мисли дека голема улога има наследниот фактор. Тага, жалосно расположение, страв, бавни движења, тивко и едвај чујно зборување, израз на лицето кој остава впечаток на потиштеност, идеа на вина и самообвинување, идеи за самоубиство, губење на апетитот и одбивност за земање на храна се само дел од карактеристиките на болеста.
Истата во најтешките случаи може да доведе и до состојба на потполна пасивност, вештачка исхрана и континуирано лежење во кревет, со тоа што таму ги изведуваат дури и основните физиолошки потреби.
Задолжително е сместување во болница на овие лица и 24h надзор. Се лекува со медикаменти.
Разликата помеѓу оваа депресија и онаа која ја доживуваме сите е сосема видлива.