Нека иде ќерка ви до International Office/Registrar's Office на универзитетот да ѝ издадат официјален документ дека дипломирала/ќе дипломира.
После, нека напише и потпише една официјална покана адресирана до конзулите во Американската Амбасада и да приложи билети/копии од билети од самата Commencement ceremony. Исто, нека ви испрати копии од DS сертификатите кои го дефинираат студентскиот статус на ќерка ви, и копија од I-94 формата (електронска или хартиена) од нејизниот последен влез на Американска територија.
Откако ќе го добиете сето тоа, вадите документи од Македонија (приходи, договори за работа, имотни листови, и кога сте биле одбивани за виза) и ја пополнувате онлајн апликацијата ама без лажење. Ако имате Бугарски Пасоши или престој, или што и да е сврзано со друга држава, го пишувате таму. Ако имате пресуди, долгови, или штоидае, го внесувате таму. Значи без лажење и криење. Затоа што тие уште кога поднесуваш знаат кој си и што си и дали лажеш за напишаните податоци.
И овојпат одлични се шансите да ви дадат виза.