Како би изреагирале вашите родители...

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
МНОГУ би сакал моите родители да ги дознаат моите ставови за некои работи и МНОГУ би сакал да ги издискутирам со нив. Би бил одличен разговор и многу информации би се размениле. Камо среќа да се бафтаа и тие по форуми толку... Ќе научеа нешто повеќе. :)))) Не дека не знаат, ама за да бидат во тек со настаните, нели... ;)))
 
Баш би сакал да прочитаат за да ме сватат озбилно барем еднаш...
Али тапа се, незнаат ни интернет да пуштат.
 
Не гледам зошто би се заинтересирале за моето сексуално здравје и мислење овде виртуелно, кога не се заинтересирале за истото во живо, веќе 18 години. Така што, доколку влезат да ме читаат, сигурна сум дека ќе паднат на гз. Но, нивна кривица е што никогаш не зборуваат со мене за сексот. Никој не може да ти даде со сила, со сила може само да ти земе.
 
Баш би сакал да прочитаат за да ме сватат озбилно барем еднаш...
Али тапа се, незнаат ни интернет да пуштат.
Same here. :helou:
Баш би сакал да видат темелно како размислувам али...(читај болдираното)
 
абе моиве само се интересираат што правам, што пишувам толку, ама јас им викам се допишувам со другарки и така,
и да ме откријат и да ми ги прочитаат постовиве, нема што да се срамам или кријам дека ова е она што сум, ни додавам ни одземам:toe:
 
Секогаш кога ќе дојде чичко ми дома, ме гледа и ми вели: пак на кајганава?:jaj:

Татко ми само ми вели: дај види некој филм што го пофалуваат да го гледаме вечерва. Или кога му треба нешто музика, филм, ми вели - немат таму на форумон? Ај побарај.

Ама не го оставам само да чита приватни пораки:)...

За моите ставови што ги имам на форум нормално дека ги имам и во живо. Тоа што сум го истакнувал на форум како мислење, нормално дека таквото исто стои и невиртуелно, односно во невиртуелна комуникација.
 
...Ех, камо да се интересираа моите [добро, само мајка ми], за мојот приватен живот...Би се изненадила, поготво пошто не ги знае/не ја интересираат моите ставови за некои нешта во животот...:smir:
 
1. Никогаш не сум пишувал на тема Љубов и Секс темата.
2. Моите малце се застарени и баш баш не би седнале на PC не па да отворат форум.
3. Јас со моите имам многу cool однос, ми веруваат во огромни граници, дури незамисливи. Тоа значи: Имам свој мозок, сам размислувам и потоа сам се сносувам со последиците.
Како крај
Не би ги интересирало, би го сметале за моја приватност. Дури и да прочитале, никогаш јас за тоа не би дознал.

Имам 16 колку за инфо. :D
 
Не гледам зошто би се заинтересирале за моето сексуално здравје и мислење овде виртуелно, кога не се заинтересирале за истото во живо, веќе 18 години. Така што, доколку влезат да ме читаат, сигурна сум дека ќе паднат на гз. Но, нивна кривица е што никогаш не зборуваат со мене за сексот. Никој не може да ти даде со сила, со сила може само да ти земе.
И јас сум тука негде. Мајка ми би станала зависник од лексилиуми, и би ме пратила на Артикот за да се осигури дека нема да забременам.
 
Ме знаат дека постојано висам на форумов :jaj: но не ми го знаат никот за да ми ги прочитаат моите мислења, а и кога би ги прочитале нема ништо чудно да се случе бидејќи добро ги знаат моите ставови и размислувања, а и доста добри работи научив од овде:toe:
 
Majka mi kako prvo ne znae do kajgana forumot da stigne a i ne ja interesiaa, a tato ne znae ni kompjuterot od kaj se pusta a ne pa na forum da cita!:baeh:
 
ја и моите иаме сосема различни мислења.. ама и да прочитаат нема да се деси нишо.. пошо ја сум си ја ке си праам шо сакам.. мој живот мој свет.. они нека си напраат акаунт па нека зборат обратно со мерак ке им даам црвенко :)
 
И да дојдат во форумов нема на ЉиС да завршат. Секс? Што е тоа? Кај нас дома децата штркот ги носи:)) Сеуште:))
 
Тие самите нема да се снајдат да прочитаат, единствено кога ја пишувам они да дојдат, да застанат до мене и да читаат. Ама и да се случи тоа, ништо страшно, бидејќи сме прилично отворени меѓу себе на секоја тема. Е додуша да ми ги читаат постовите во љубов и секс, ќе ми биде незгодно, па затоа не би сакала да се доведам во таква ситуација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom