09. The White Album - Beatles (1968)
И тука прескокнав неколку албуми на кои ветувам дека ќе се навратам наредните денови. The White Album (што е неговото неофицијално име) е вториот албум на Битлси за мене од генераторов, и од сосема други причини, пак не го имав посакуваното Beatles искуство. Албумов во моментов е на 12 место на највисоко оценети албуми на генераторов. Единствено што не ми се допадна тука е што навистина е предолг, саат и пол и 30 песни е по малку сулудо. Среќа што се Битлси, да беше нешто ко МИА немаше ни да го слушам. Плус морам да кажам дека голем дел од песниве прв пат ги слушам, иако има и голем дел кои се дел од задолжителната лектира на Битлси. Ми се допадна и тоа што тука не мешаат стилови во една песна и не си играат со експериментирање во студио ко во Revolver. Но сепак е доста шаренолик албум и можат да се слушнат доста стилови. Еден интересен податок што некаде го прочитав е дека додека го снимале, една песна на Харисон ја преснимиле точно 102 пати и на крај не ја вклучиле во албумот.

Тоа говори многу за пасијата со која го работеле и веројатно заслужено се смета за едно од нивните ремек дела. Но ете, за мене не ја заслужи таа 5-ка само заради должината и што мислам дека има тука доста филери кои можеле исто така да ги изостават и ништо не би изгубиле.
4/5
P.S. Едно од нештата што не ми излегуваше од глава е дека цела среќа што за The White Album веќе релативно одамна престанале со настапи во живо, зашто не можам да замислам толпа со млади девојки кои врескаат додека на сцена Џон, Пол, Џорџ и Ринго се трудат да ја доловат заносната мелодија на Revolution 9.
"...number 9, number 9, number 9, number 9, number 9, number 9..."
и девет девојки паѓаат во несвест.
