6. That's The Way Of The World - Earth, Wind & Fire (1975)
Го пуштив албумов во позадина и првата песна ме мотивира, таков убав кадифест звук имаше, баш да почне убав денот. Но, другите песни не ми беа по мерак. Парчињата за понудената мелодиска линија ми беа некако предолги. Но, сепак не сакам да ставам ептен ниска оценка оти сум свесна дека тоа што не ми е стил, не значи дека не е добро. Од мене
3/5.
07. Randy Newman Sail Away (1972)
Не е лошо да оди во позадина, тоа му е малку и стилот и намената, film scores стил. Некои од текстовите се интересни, ако се заинтересираш, на пример на Political Science. Не негирам дека е квалитетен, дури и потценет во споредба со квалитетот. Но, ако зборуваме за личен вкус, тешко за 4ка.
3/5.
8. M.I.A - Arulan
За тие што преферираат ваков стил, разбирам дека има catchy ритам и дефинитивно некој свој квалитет.
Ефектот со тапаните не е лош, ама не е нешто што можам лично да поднесам да слушам.
Ритам кај и да е ист, ко иста песна да слушам цело време.
2/5
9. Rage Against the Machine - Rage Against the Machine
Иако не ми е генерално стил и дел од имиџ ваквата музика, ова е албум кој треба да се испочитува како еден од најквалитетните албуми излезени во раните 90ти. И покрај жанрот и неговото захтевање за помоќен подеструктивен звук, успеано е да се долови совршена матрица во којашто мелодијата на секој инструмент јасно се издвојува.
А, текстовите ме потсеќаат на еден извадок од романот што го читам моментално: All poetry is a call to action затоа што ако се оди малку подлабоко зад навидум дарк симболичната природа, се крева свесноста за девијантните појави што го кородираат едно општество како што прават и со индивидуата. Како некој крик на потчинетиот против наизуст научените сувопарни норми коишто се плодна почва за двојни аршини. Втора петка од мене.
5/5