176. Bruce Almighty (Tom Shadyac, 2003)

Филмов го имам гледано двесте пати и уште толку можам да го гледам. Мислам дека ова е еден од најдобрите филмови на Џим Кери, незаменливиот Џим. Актерската екипа можеби дава една јасна слика дека ова не е некој нискобуџетна порнокомедија. Џенифер Анистон, Морган Фриман и Џим мислам дека се вистинските актери за ваква приказна, фантастично се вклопуваат во целата приказна.
Нема да раскажувам за што се работи, веројатно знаат многумина.Само ќе напоменам дека филмов ни покажува колку треба да се ценат вистинските прилики што ни ги дава Господ, како љубовта на пример и како навистина треба да се живее и да не се потклекнува пред некоја потешкотија.Навистина ретко поучна комедија.
Супер филмче со Џим Кери, Морган Фриман и Џенифер Анистон во главните улоги, добра екипа а. Така малку посериозно филмче комедија со Џим, повеќе драма отколку комедија, со добра приказна и идеја, доста интересен филм. Филм во кој Морган е господ, и му дава моќи на Џим да раководи со светот, да види колку е тешка неговата работа и со колку проблеми и молби ширум светот мора да се соочи. Доста легендарен е делот со кучето и неговото мокрење. Добро филмче има и моменти за смеење, јас го гледав одамна, го барав многу време како се вика, и ми излезе кога и барав филмови на Џенифер (хмм) и одма го гледав пак, топ филмче. 9/10



















