Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
All Good Things (2010)
images


Она што е најдобро во филмов веројатно се одлично одиграните улоги на Ryan Gosling, Kirsten Dunst и Frank Langella. Се работи за крими/драма базирана на вистински настани во периодот од 70-тите до 2002 година.

Дејвид Маркс (Gosling) е навидум обичен син на богаташ кој е во лоши релации со татко му (Langella) и не сака да има ништо со неговото богато семејство. Ја запознава Кејти (Dunst) со која започнува нов живот, но тогаш започнуваат да излегуваат на површина последиците од неговото лошо детство.

Карактерите и тоа што се работи за вистинити настани го прават филмот возбудлив, но не успева да ја задржи динамиката цело време и потфрлува кај споредните актери кои не се премногу вклучени во филмот. Исто така, за подобар впечаток како крими филм ќе беше подобро да се посветеше поголемо внимание на истрагата и да се вклучат актери кои ќе ја водат истата и ќе придонесат за поголема драматика и неизвесност.

Како и да е, солиден филм за околу 7/10, ме потсети малку на Зодијак иако не се многу слични.
 
The Dirty Dozen
DirtyDozen.jpg


Не пишувам некоја голема рецензија само набрзина 2-3 збора да кажам.
Воен филм од II Светска Војна. Филмов го гледам првпат, така да и немав некои којзнае какви очекувања од него, на старт, ама кога видов кои се актери глумат во филмов почнав малку да му ги дигам акциите, а на крај се покажа дека имало зошто.
Ли Марвин, Ернест Боргнин, Чарлс Бронсон, Доналд Сатерелнд и ред други ги направија тие 2:30 часа да бидат уживање.
Се работи за воен офицер на кого ќе му биде доделена задача да пронајде 12 затвореници, да ги истренира, за да извршат напад врз Германски офицери. Сето тоа
е оди тешко, додека успее да ги натера на соработка.
Нечистиве дванаесетмина мене ми оставија феноменален впечаток, и топла препорака да се изгледа филмов (не верувам дека има уште некој како мене што го нема гледано)
9/10
 
Sunset Blvd. (1950)
suns.jpg


Филмот е за две жртви на новата ера во Америка, по големата депресија и почнувањето на филмови со звук.
Норма Дезмонд е заборавена богата актерка од дваесетите, која не може да се помири со својата завршена кариера во немите филмови, а Џо е сиромашен сценарист, кој не може да продаде сценарио. Така Џо станува her bitch, а Норма негов психијатриски пациент.
Филмот ја зборува темната страна на Холивуд, и пошироко на капитализмот.
Америчка класика со Gloria Swanson. Убав е филмот, ама од кога го гледав All about Eve, сите други филмови со ваква тематика и од ова време ми се просечни. Освен шармот и на актерките, кои ги прават овие филмови секогаш убави за гледање.
 
The Smurfs (2011)
images


Жими штрумфот не знам што е работава. Му се нафрлиле на филмов како да е виновен за кризата на Wall Street. Па старите штрумфови биле подобри, па приказната немала длабочина, па глумата била лоша... хелоууу??? Старите филмови се секогаш подобри, не знам што приказна очекувавте и да ми пишeте во која комедијата глумата блеска. Истите стари работи се секаде, филм за деца е, не е квантна физика!

Како и да е, не се замарам многу со јавното мислење. Важно е дека јас штрумфував во филмот и беше штрумфастично да се видат малите сини суштества после толку време. Анимации не сакам многу иретко гледам, веројатно од Ice Age 2 немам гледано анимиран филм... Штрумфовите беа најавени одамна и но не очекував дека филмот ќе биде комбинација од типот на Who Framed Roger Rabbit. Значи имаме вистински актери како Нил Патрик Харис (Барни од HIMYM) кој искрено не покажа нешто посебно и подобро ќе беше оваа улога да му ја дадеа на Метју Пери. Но затоа пак Хенк Азариа беше штрумфастичен во улогата на Гаргамел кој во филмов не е анимиран лик. Човекот го спаси филмот, барем за нас на кои ни се допадна.

Приказната е следнава: Штрумфовите бегаат од Гаргамел и Азриел по што наидуваат на еден портал кој ги префрла во едно поголемо село - Њу Јорк. Таму се обидуваат да го отворат порталот за да се вратат назад, во меѓувреме справувајќи се со лошиот вештер и неговиот мачор. Тоа е тоа, нема некои посебни чуда.


Се на се, филмот би требало да им се штрумфне на носталгичарите и на децата. За пребирање, комедии има колку сакаш.

7/10 и препорака за штрумфување.
 
Deep Impact
images


Уште еден филм сличен на Армагедон во кој се зборува за голема комета која треба да ја погоди планетата Земја.
Еден млад тинејџер астроном открива необичен објект на небото и го известува професионалниот астроном Маркус Вулф кој ќе открие дека тоа всушност е комета која треба да ја погоди земјата, но
умира во сообраќајка пред да може да ја изнесе веста во јавноста.
Една година подоцна новинарката Џени ја истажува оставката на секретарот на САД и неговата врска со "Ели" за да сфати дека тоа всушност не е никаква негова љубовница туку акроним E.L.E - Extinction-Level Event. За 7 милји долгата комета американската влада веќе знаела и со Русија тајно го изработиле леталото Месија чија мисија е да ја уништат кометата со нуклеарно оружје, а имаат изградено и подземни тунели.
Филм со мноогу емоции и нема ништо да ве чини да го погледнете.
 
The American
Искрено очекував многу повеќе од филмот нешто да биде по крими со многу сплетки и мистерија , но ништо од тоа филмов повеќе наликува на некоја љубовна драма отколку на крими филм. Крајот пак ти го остава на тебе да решиш заслужува или не да живее типов.... Не ми остави некој впечаток но добар е за тепање време оценка 6/10
 
phpThumb.php_.jpeg



Накратко за приказната: Телевизиска екипа која го снима шоуто Grave Encounters, се упатува во една напуштена зграда која порано била ментална болница. Дечките, опремени со најмодерна опрема на почетокот се вистински песимисти во зградата има нешто паранормално па решаваат да поминат една вечер во неа (потег којшто ќе ги чини многу). По некое време, откако ќе се случат некои немили настани, исплашената екипа го прекинува снимањето и решава да замине. Работите ќе тргнат на лошо кога тие ќе се упатат кон влезната врата и ќе сфатат дека ... не ви кажувам, дознајте сами :)
Музика која го надополнува мрачниот амбиент, многу врисоци, ненадејни настани.. се на се добар хорор. Лично не се согласувам со оценката од imdb (6.1), јас би му дал 9ка. За сите љубители на paranormal activity и филмови со слична тематика, ова вреди да се погледне.
 

cbgMy.jpg

Разочаран сум... толку долго го чекав филмов и сега сум разочаран. Не знам, можеби зашто очекував да е подобар или тука негде со последниот што го гледав од Вуди Ален(Whatever Works, кој патем ми се допадна многу) или од проста причина што ми беше досаден филмов. Во филмот се збори за сценарист(Овен Вилсон) кој со својата вереница(Рејчел Мекадамас) одат во Парис. Тука ќе се сретнат со еден пријател на Рејчел и неговата жена и ќе излезат заедно. Овен е малку асоцијален тип кој сака да живее во 1920 година, во времето на Хемингвеј, Пикасо итн. После вечерата Овен ќе заталка негде во Парис и по одѕвонувањето на полноќното камбана, една кола ќе застане во негова близина и луѓето во неа ќе го викнат да им се придружи. Така Овен ќе влезе во еден чудесен свет...xD.​

Во филмот преовладува некоја чил атмосфера или барем јас така се чувствував но сепак ми беше навистина досаден. Имдб вика 8/10, ја викам 6/10. Comedy? Неее, класика драма/романса..​
 
cinema_paradiso.jpg


Филм во режија на Giuseppe Tornatore кој го доби оскарот во 1989 за најдобар странски филм. Носталгичната приказна на Салваторе во ниту еден момент нема да ве остави рамнодушни. Тој веќе возрасен и успешен се враќа во родното место, во местото каде расте и каде ги има најубавите спомени за да се збогува со својот пријател. Нема да се задржувам на содржината само ќе кажам дека не знам колку пати се наежив додека го гледав. Филм кој ќе ве маѓепса, кој ќе ви предизвика носталгично чуство за некое поминато време, емоции, ќе ве наежи, натажи...сето тоа пропратено со прекрасната музика на Ennio Morricone. Оцена 10.
 
Diabolique
moviepwpw.jpg

Изабел Аџани и Шарон Стоун заедно
drkdjd.gif
(каква убавина се) .. неможев да го пропуштам тоа :)
единствено кога ја видов Кети Бејтс не ми се гледаше филмот ..
Инаку,вака кратко .. Една жена (Изабел Аџани) е малтретирана многу често од нејзинот маж кој е директор на едно училиште..Тој во училиштето има љубовница (Шарон Стоун) која исто така го презира него.. па љубовницата и жена му планират да го убијат .. се оди според планот се додека неговото тело мистериозно исчезнува ...
Гледам филмот е римејк на овој http://www.imdb.com/title/tt0046911/ кој има висока оценка на имдб, а овој 5 :confused: , секогаш римејкот има помала оцена од оригиналот.. шо знам,од мене има 7
 
Faces in the Crowd (2011)
images


Доста е што е Мила Јовович во филмот за одма да ја ставиш долната црта кај 6-ка и од тука да додаваш. Посебно што во овој филм скоро постојано е во екранот и тоа во преден план, и што одглуми многу добро.

Лаже жанрот на ИМДБ, пишува хорор/трилер, па јас претпоставував некој Resident Evil Fourth Kind филм, но испадна дека е класичен serial killer трилер. Ана (Јовович) ќе преживее напад на сериски убиец но поради удар во главата ќе западне во една ретка состојба (ретка зошто и го заборавив името) во која лицата кои ги гледа се менуваат. Таа не може да препознае никој, вклучително ни убиецот.

Основен проблем со овој трилер е што е болно предвидлив, или пак јас сум изгледал премногу трилери. Режисерот како да не се потруди да ни даде повеќе опции за можниот убиец за да се сомневаме во идентитетот, како што беше и замислата. Не верувам дека ќе имате проблем да го препознаете многу брзо, што навистина е лошо за овој тип на филмови.

Самиот филм е просечен ама солиден, не е срамота да се изгледа. Има добра музичка тема која ме потсети на мојата омилена од Unfaithful, јас сум по едноставните работи.

Значи, тоа е, филмот е околу 6-ка ама поради факторот Мила еве од мене 7/10. Да го изгледате, кога ќе немате работа.
 
Ајде еве и од мене неколку филма.

1.Мy Cousin Vinny (1992)...Филмов е малку стар но многу интересен.Се работи за 2 дечки од Нујорк кои се осудени за убиство кое што го немаат направено и од еден момент се појавува вујкото на едниот осуденик и се обидува да ги спаси на негов чуден начин. http://www.imdb.com/title/tt0104952/

2 .Head of the State (2003)...Филмот е одлична комедија со главниот лик Крис Рок, кој што го кандидираат за претседател на САД со цел да изгуби но тој успева да ја придобие цела Америка со неговиот смешен начин на водење политика и така станува претседател.За тие што го немаат гледано нека го гледаат не го објаснив баш најдобро но погледнете го и ќе сфатите. http://www.imdb.com/title/tt0325537/

3 .Echelon Conspiracy...Филмов е тотална лудница ама не е така на имдб, бидејќи му даваат 5.7 рејтинг а стварно е добар филм и треба да го погледнете.Во него се работи за изработка на еден телефон, секој кој што ќе го најде овој телефон умира, телефонот во главно ги мами луѓето им праќа пораки како да добијат пари ова она и стварно тоа се случува но на крајот ги убива. http://www.imdb.com/title/tt1124039/

4. The Tourist (2010)...Одличен филм со најпознатите актери во главните улоги Џони Деп и Анџелина Џоли.Во него се работи за еден турист кој што патува во Италија и ја среќава Елис и заедно ќе патуваат во возот па потоа ќе се сместат во иста соба во хотелот Даниели, и тука се случуваат разните случки, до тука како што раскажав не е интересно но понатаму е јакото.Исто и овој филм има многу слаб рејтинг дури 5.9 оцена на имдб а има одлична глума од страна на главните ликови Анџелина Џоли и Џони Деп. http://www.imdb.com/title/tt1243957/

5.Poolhall Junkies...(2002)...Интересен филм со интересна содржина, во него се работи за еден одличен играч на билјард.Неговата најголема желба е да стане професионалец, и цело време му стасуваат писма од организаторите на професионалниот турнир во 9ка, но тој никогаш не ги добива тие писма бидејќи Џо ги фрла за да може да го задржува со него за да му печали пари така што ќе игра билјард на пари.Интересна приказна и интересен крај би требало да го погледнат оние кои што се љубители на овој спорт.Има солидна 6.7 оцена на имдб. http://www.imdb.com/title/tt0273982/

Ако немате ни еден гледано од овие филмови тогаш би требало да седнете и да... :)
 
Mr Nobody (2009) http://www.imdb.com/title/tt0485947/
Prvo, voopsto ne sum ljubitel na naucna fantastika, no ovoj film e mnogu poveke od zanrovski ogranicen.
Ekstremno dlabok, bez da navleze vo pretencioznost. Porakata na filmot e isto silna. Odlukite, odvaznosta. PREPORACUVAM! :)
 
The Trap / Клопка

klopka-the-trap-mid.jpg


Слабо гледам ЈУ филмови така што не би можела да го споредувам со нешто претходно гледано во однос на квалитетот. Снимен е според роман на Ненад Теофиловиќ, приказната е повеќе од реална и сурова. Претставува огледало на денешното општество, егоизмот што владее кај секој човек, покренува доста прашања од типот на „што би било кога би било?“

Млад брачен пар во Белград со мало, болно дете има потреба од пари кои ќе бидат искористени за операција на нивниот син. Безнадежноста на таквата ситуација се засилува прашувајќи по огласи, од пријател до пријател, сфаќајќи дека нема излез. Заплетот ќе дојде во моментот кога таткото ќе добие непријатен предлог, кога ќе се родат дилеми, кога не постои човек на кој ќе може да му ја каже својата мака. И после тој предлог веќе ништо нема да биде како порано...

Нема да го оценам, но го препорачувам.
Чисто за да се замислите. :)
 
Horrible Bosses одличен спој на врвни актери colin farrell kevin spacey jennifer anniston

на комичен начин се прикажани газдите на компаниите кои на нај различен и комичен начин им вршат мобинг на своите вработени
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom