176. Bruce Almighty (Tom Shadyac, 2003)
Филмов го имам гледано двесте пати и уште толку можам да го гледам. Мислам дека ова е еден од најдобрите филмови на Џим Кери, незаменливиот Џим. Актерската екипа можеби дава една јасна слика дека ова не е некој нискобуџетна порнокомедија. Џенифер Анистон, Морган Фриман и Џим мислам дека се вистинските актери за ваква приказна, фантастично се вклопуваат во целата приказна.
Нема да раскажувам за што се работи, веројатно знаат многумина.Само ќе напоменам дека филмов ни покажува колку треба да се ценат вистинските прилики што ни ги дава Господ, како љубовта на пример и како навистина треба да се живее и да не се потклекнува пред некоја потешкотија.Навистина ретко поучна комедија.
Супер филмче со Џим Кери, Морган Фриман и Џенифер Анистон во главните улоги, добра екипа а. Така малку посериозно филмче комедија со Џим, повеќе драма отколку комедија, со добра приказна и идеја, доста интересен филм. Филм во кој Морган е господ, и му дава моќи на Џим да раководи со светот, да види колку е тешка неговата работа и со колку проблеми и молби ширум светот мора да се соочи. Доста легендарен е делот со кучето и неговото мокрење. Добро филмче има и моменти за смеење, јас го гледав одамна, го барав многу време како се вика, и ми излезе кога и барав филмови на Џенифер (хмм) и одма го гледав пак, топ филмче. 9/10



) Откако го изгледав и размислив за филмов, мислам дека е навистина добар и unique, и покрај работите што ги набројав во првиот параграф. Долг е... скоро 3 часа.

Значи овој од лево прави мучки нешто, ау бау. Го бркаат за да му ја скршат кичмата, од многу мучки правење. Ама овој батка, со кошулкава и синиот каиш, уствари он ќе им ја скрши кичмата, затоа што го бива едноставно. Чекај, сеа ми текна! Овој од десно го бркаше, да му ја скрши кичмата. Цело време го бркаше да му ја скрши кичмата, ама на крај, нејќеше више да му ја скрши кичмата, туку го спаси за другите да не му ја скршат кичмата. А овој лево, нели што сакаат да му ја скршат кичмата... у ствари батка има проблеми од дома. Нешто неговите не беа у ред, разводи, вамте - тамте. И овој стана лошо момче, што ќе праиш, таква му била судбината. Ама ако! Го бива, разбираш... он се труди, работи, го имаат у предвид. Дека сака да си ја спаси кичмата, нели да не му ја скршат, шета низ светот. Мења идентитети, бидејќи му се може. Мења и работни места, воа - ноа. Овие упорно сакаат да му ја скршат кичмата, ама овој не им дава. Врвка работава. Си прави свои дипломи, ама меморијава слабо ме држи како беше точно. Па нешто некои сликички лепеше од некои авиони, за да стане возач на авион. Иначе долго трае, сакаат да му ја скршат кичмата два ипол саати, ама тешко им иде. Ама кога ќе видиш, не го бркаат само два ипол саати. Него скоро цело живот. Постојано иде шест месеци понапред, па рикверц у две години. Па шиба напред тринаесет месеци. Треба малку време да сконташ. До душа на мене ми требаше, ма добро, ништо чудно тоа.

ама па затоа чудноста, голотијата и крвта е пуштена до 11-ка.









