КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
176. Bruce Almighty (Tom Shadyac, 2003)

176.jpg
Филмов го имам гледано двесте пати и уште толку можам да го гледам. Мислам дека ова е еден од најдобрите филмови на Џим Кери, незаменливиот Џим. Актерската екипа можеби дава една јасна слика дека ова не е некој нискобуџетна порнокомедија. Џенифер Анистон, Морган Фриман и Џим мислам дека се вистинските актери за ваква приказна, фантастично се вклопуваат во целата приказна.
Нема да раскажувам за што се работи, веројатно знаат многумина.Само ќе напоменам дека филмов ни покажува колку треба да се ценат вистинските прилики што ни ги дава Господ, како љубовта на пример и како навистина треба да се живее и да не се потклекнува пред некоја потешкотија.Навистина ретко поучна комедија.
Супер филмче со Џим Кери, Морган Фриман и Џенифер Анистон во главните улоги, добра екипа а :icon_lol:. Така малку посериозно филмче комедија со Џим, повеќе драма отколку комедија, со добра приказна и идеја, доста интересен филм. Филм во кој Морган е господ, и му дава моќи на Џим да раководи со светот, да види колку е тешка неговата работа и со колку проблеми и молби ширум светот мора да се соочи. Доста легендарен е делот со кучето и неговото мокрење. Добро филмче има и моменти за смеење, јас го гледав одамна, го барав многу време како се вика, и ми излезе кога и барав филмови на Џенифер (хмм) и одма го гледав пак, топ филмче. 9/10
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
175. Million Dollar Baby (Clint Eastwood, 2004)

175.jpg
Филм кој е излезен 2004 година и иако сум знаел дека е добар незнам како сум пропуштил да не го гледам, се до вчера.
Гледајќи дека во него глумат Клинт Иствуд, Морган Фримен и Хилари Свонк знаев веќе што да чекам.
Приказната на филмов ме воодушеви и кога дојде крајот останав без зборови. Едноставно приказната и глумата на актерите ме трогна, ме остави без зборови и уште мислам на филмов, го прерасакажувам во глава.
Million Dollar Baby е драма, би рекол многу интимен филм кој ги доловува прецизно и до крај карактерите на ликовите, а тоа неможе без извонредната глума на гореспоменатите тројца актери.
Хилари Свонк како девојката која со цело срце и душа има само една љубов, а тоа е боксот и една желба - да ја тренира само еден човек - Френки (Иствуд) кој е со многу затворен и ладен карактер, наизглед нескршлив и непопустлив, без многу емоции, но со голема љубов во себе кон боксот и тага кон минатото. Тука е и Еди (Фримен) кој е тивок и повлечен, ја води заедно со Франки вежбалната за бокс со голема љубов затоа тоа е се што има во животот.
Прекрасен филм, прекрасна приказна која со еден ненадеен пресврт ме занеме некаде при крајот. Овој филм ги прикажува најдлабоките човекови чувства и на некој начин (барем на мене) ни дава надеж за она што најискрено го сакаме можеме да го оствариме без разлика на годините но само со големи жртви, упорност и работа на себе.
Со право доби 4 оскари филмов, јас би дал уште толку. Глумата, приказната и пред се режијата на Иствуд ( пријатно ме изненади Иствуд ) е беспрекорна.
Ова е филм кој ќе остане во мене уште долго затоа е еден од најдобрите што сум ги гледал и влегува во мојата листа топ 10 на 2ро место, веднаш зад Палп Фикшн:)
Чиста десетка!
Клинт Иствуд,Хилари Свонк,Морган Фримен,четири оскари....

Френки Дан(иствуд) е професионален менаџер на боксери и сопственик на теретана. Од другата страна Меги (Свонк) сиромашна келнерка која едвај преживува затоа што парите кои ги заработува ги штеди за купување на работи поврзани со боксот,нејзината животна пасија...Се почнува кога Меги ке се запише во теретаната на Френки ...за другото мора да погледнете.

9/10

People die everyday, Frankie - mopping floors, washing dishes and you know what their last thought is? I never got my shot. Because of you Maggie got her shot. If she dies today you know what her last thought would be? I think I did all right.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
174. Enter the Void (Gaspar Noé, 2009)

174.jpg
Quite probably the biggest trippin' journey I've ever had. In a movie, that is. Го гледав пред некој ден па сега се решив да пишам рецензија. Мора да го спомнам она за кое ме очекува зандана: Не е за секој. Филмов го поврзувам со една изјава на Тери Гилијам за неговиот Tideland. "Луѓето ќе имаат 3 различни мислења за филмов; Ќе го обожуваат, ќе го мразат или нема да знаат шо да мислат за него". Јас сум во сите 3, најсериозно :). Дур го глеав не ми беше нешо посебно, имаше неколку сцени каде што помислував дека режисеров многу го тупи. Исто така има многу еротика(уствари каква еротика, чисто порно) што по default мене ме нервира во филмовите што не се од 18+ жанрот.

Кратка содржина, го имаме младиот Оскар кој очигледно обожува да внесува супстанци во своето тело кои ќе го натераат да се чувствува посебно. Пријател е со Алекс, кој е од истата сорта. Алекс ќе му даде една книга на Оскар во која се збори за животот после смртта. Голема улога во филмот има и сестра му на Оскар, Линда. Тие се мноооогу поврзани. Дури на некој специјален начин.

Една работа која навистина морам да ја пофалам за филмов е камерата. Феноменална е. Нема да знаете дали е компјутерски или вистински снимано. Има неколку сцени кои се неочекувани и ќе се запрепастите(го мразам зборов :mad:) Откако го изгледав и размислив за филмов, мислам дека е навистина добар и unique, и покрај работите што ги набројав во првиот параграф. Долг е... скоро 3 часа.
Се слагам дека премногу долго трае, сафра да те фати. Визуелно филмов е ремек дело, начинот на кој се движи камерата, начинот на кој набљудува од птичја перспектива и полека се фокусира на некој интересен детал од сцената, обично некоја празнина (заради и тоа филмов се вика Enter the Void), која на некој начин претставува излез на душата кон некоја друга ситуација претставена со друга сцена. Ми се свиѓаше оној звук на бучење кој цело време идеше у позадина, даде некое чудно чувство ко да си заробен во димензија помеѓу овој и некој друг свет, баш така ги замислувам моментите после смртта. Токио ко град одлично се вклопи во филмов, светлечките реклами доловија некоја чудна психоделична атмосфера која те прати во текот на целиот филм. Имаше една сцена со сообраќајка во моментот кога родителите на Оскар погинуваат. Главите на двајцата им се полусмачкани, а Оскар и сестра му седат на задни седишта и овој Оскар не отвара уста а девојчето вришти и се дере, од прозорите не се гледа ништо само пригушена светлина од оган, стварно језиво. Халуцинацијата на почетокот е неверојатно визуелизирана, и ја ко тебе мислев дека филмов ќе биде за дроги ама излезе дека смртта е the ultimate trip, во моментот кога умираш мозокот да ти примал хемикалија слична на онаа која ја внесуваш кога пушиш DMT. Како и да е една од подобрите халуцинации која сум ја видел на филм, ја сместувам после оние 15 минути трипување под Ayuasca кои што ги гледав во Blueberry. Иначе не треба да те чуди фактот за "грозните" сцени со оглед на тоа дека филмов е на Гаспар Ное, треба Irreversible да го гледаш е таму имаш гадни срања исто, плус некако подобар впечаток ми остави тој филм. Од мене има 8,5
(пошо морам 2-3 реченици да напишам, иако не сум добар во опишувањето на филмови,али правила се правила..)

Значи многу моќен филм и еден од најдолгите што сум ги гледал..Накратко незнам би им го препорачал на сите трипери :smir: и на оние што се интересираат во астрална проекција (иако ова што се случува во филмот не е астрална проекција, сепак астралот ми е најслично нешо со што би го споредил.) Значи предобри ефекти и камерата е во прво лице со што се осеќаш како дел од филмот. Тоа е тоа,еден доста добар филм :smir:
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
173. Catch Me If You Can (Steven Spielberg, 2002)

173.jpg
Океј значи, у превод фати ме ако можеш. Или по нашки, нати куцо мевце.
Овој од лево, е главна фаца. На овој од десно баш не ми текнува, дека одамна го имам гледано, ама ќе ми текне, само пополека. :D Значи овој од лево прави мучки нешто, ау бау. Го бркаат за да му ја скршат кичмата, од многу мучки правење. Ама овој батка, со кошулкава и синиот каиш, уствари он ќе им ја скрши кичмата, затоа што го бива едноставно. Чекај, сеа ми текна! Овој од десно го бркаше, да му ја скрши кичмата. Цело време го бркаше да му ја скрши кичмата, ама на крај, нејќеше више да му ја скрши кичмата, туку го спаси за другите да не му ја скршат кичмата. А овој лево, нели што сакаат да му ја скршат кичмата... у ствари батка има проблеми од дома. Нешто неговите не беа у ред, разводи, вамте - тамте. И овој стана лошо момче, што ќе праиш, таква му била судбината. Ама ако! Го бива, разбираш... он се труди, работи, го имаат у предвид. Дека сака да си ја спаси кичмата, нели да не му ја скршат, шета низ светот. Мења идентитети, бидејќи му се може. Мења и работни места, воа - ноа. Овие упорно сакаат да му ја скршат кичмата, ама овој не им дава. Врвка работава. Си прави свои дипломи, ама меморијава слабо ме држи како беше точно. Па нешто некои сликички лепеше од некои авиони, за да стане возач на авион. Иначе долго трае, сакаат да му ја скршат кичмата два ипол саати, ама тешко им иде. Ама кога ќе видиш, не го бркаат само два ипол саати. Него скоро цело живот. Постојано иде шест месеци понапред, па рикверц у две години. Па шиба напред тринаесет месеци. Треба малку време да сконташ. До душа на мене ми требаше, ма добро, ништо чудно тоа.
Што се тиче до музиката - топ е! Интересна, нешто ко на Пинк Пантер. Кога сакаат да му ја скршат кичмата, у позадина иде она: Пам парам пара рара рам...

Океј значи батка... ја поима си немам како да раскажувам филмови. И мрзам кога ќе ме прашаат за што се работи у филмот. Кога е многу едноставно, сакаат да му ја скршат кичмата.
Или е класика. Двајца се сакаат, има една главна лоша, што сака да и' ја скрши кичмата на добрата. Евентуално добарата е грда, ама се разубавува. Бидејќи внатрешната убавина е битна. Ама на крај, лошава лошо завршува, овие се сакаат до крајот на филмот.
Иначе го препорачувам овој. Што да кажам више? :D
Станува збор за младиот Frank Abagnale jr-Leonardo DiCaprio, кој е револтиран од разводот на неговите родители, приморан е да избере со кој би продолжил да живее. На само 16 години заминува од дома со 25 долари во џеб.
Почнува да се занимава со фалсификување на чекови, со овој вид на криминал заработува голема богатство, во неговата авантура постојано менува идентитети најпрво е представен како пилот потоа како педијатар и адвокат
ФБИ постојано го прогонува и му дише во врат (поточно Carl Hanratty-Tom Hanks) . Но момакот е пре паметен и секогаш е чекор напред.

Мислам дека не треба да откривам повеќе детали околу филмов. Преходно сум критикуван за кратките рецензии се надевам ова е доволно.

Филмов е базиран на вистинска приказна. И мора секој од вас да го погледне
Моја оценка е 10 - 10
Catch me if you can со Leonardo DiCaprio и Tom Hanks.
Одлично вклопени улоги на обајцата; Лео како фејкер (фалсификатор), Том како FBI џандар.
Прекрасна, реална приказна за едно момче кое живеејќи живот полн со динамика поради измамите (читај фалсифилувањата) и бегајќи од овластените лица, дознава дека никогаш нема да го врати она што некогаш го имаше - неговите родители повторно да се соединат
Една надпросечна 8ка оставам за филмот и препорачувам да ја гледаат сите оние што сакаат драми полни со динамика, без многу ефекти.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
172. Kill Bill: Vol. 1 (Quentin Tarantino, 2003)

172.jpg
Kill Bill за мене е надпросечен филм и доста солидно остварување.
Филмови со затвор autoзакон.

ПОЗЗ СЕ НАЈ
Ума Турман, тепање и Тарантино - нема подобра комбинација за филм. Всушност, има нешто подобро, една секси жена тепа стотина мажи - наеднаш. За оваа улога во сагата на Тарантино, Ума Турман напорно вежбала во теретана три месеци, а осум недели ги учела вештините што ги применува во антологиската борба на самураи од првиот дел на „Kill Bill“.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
171. Lost Highway (David Lynch, 1997)

171.jpg
Не знаев дали да напишам рецензија за филмов, бидејки гледам дека повеќето на форумов се запознаени со овој, но како и да е, за некој што не го гледал го препорачувам.

Дејвид Линч е чудно човече. Познат е по тоа што прави навидум чудни, меланхонични, артистички филмови што за одреден дел од гледачката популација би биле одбивни но на пола гледање те бомбардира со голотија, насилство и тон крв(како и серија што и после 20 години луѓето се прашуваат, што беше со крајот, а не кој ја уби Лора Палмер?). Lost Highway ја следи истата традиција само што има повеќе голотија(на моја огромна радост) повеќе насилство и 2 тона крв.
За филмов Линч собрал доста добра актерска екипа, како и многу чудни(за мене барем) кратки појавувања од Мерилин Менсон, Хенри Ролинс, Ричард Прајор(последен филм пред да умре) и......Гери Бизи поради некоја причина. Исто така саундтракот од Менсон и Трент Резнор е многу добар, и бев изненаден, затоа што тоа би било прв пат да ми се допадне нешто од Менсон поготово. Од филмов ги издвојувам Бил Пулман(за кој не ја разбирам омразата на одреден дел луѓе спрема него, типот е добар актер) и Роберт Блејк како посебно добри.

Инаку Роберт Блејк кој го глуми мистериозниот странец, ја има една од најморничавите улоги што некогаш имам видено. Типот во вистински живот бил на суд поради наводно убиство на неговата сопруга ама пуштен од поротата на слобода. Наводно доказите толку многу укажувале дека он е кривецот што јавниот обвинетел јавно излегол и ја нарекол поротата глупа и неспособна за живот.

Знам дека не пишав за што се работи филмов ама искрено не би ни знаел што да пишам. Од навидум мистерија на пола пат се менува во хорор со сосема друг глумец во главната улога и нови карактери освен мистериозниот странец. Филмов нема некоја посебна цел или приказна така што нема да им се допадне на тие што бараат и цел и приказна во нивните филмови :pos: ама па затоа чудноста, голотијата и крвта е пуштена до 11-ка.

За на крај ве оставам со ова видео и препорака за гледање.


as a matter of fact I'm there right now....:eek:
Bloody Линчовски филм. Ако сака некој да го спушти и да го изгледа, првото нешто што мора да го очекува - филмот е БОЛЕН! Нема да му се допадне секому затоа што има премногу грозни сцени. Замислете само кој го правел саундтракот на филмот - Мерилин Менсон. Дури и се појавува во една сцена од филмов некаде 10-тина секунди.

Lost Highway е ремек дело трилер. Ќе ве спушти в земја на моменти и ќе ве остави зачудени. Ете до каде може да стигне слободата во уметноста.
Дефинитивно посложен од Mulholland Dr., другиот што го изгледав од David Lynch. А и баш заради тоа што не наидов веднаш на теории за него на imdb, како што беше за Mulholland Dr, овој ми остана подолго време во глава, подолго време пробував да најдам некое свое објаснување. Што да ви кажам, изгледајте го и пробајте да се внесете со доволно концентрација, може и ќе добиете некоја идеја. Не го оценувам од прво гледање.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
170. Titanic (James Cameron, 1997)

170.jpg
Еве еден филм кој има многу хејтери. Буквално има луѓе кои го мразат од дно на душа. Шансите да го поднесувате се 50 - 50, но тоа ќе го утврдите само откако ќе го изгледате. Џејмс Камерун преку Титаник, пред едно 15 тина година донесе во индустријата нешто револуционерно, ефекти достојни за почит и брод изграден само за да се сними филмот. И вредеше за сите пари. Ги наполни кино салите и растури на Оскарите. После него, Леонардо Ди Каприо се вивна во ѕвездите, а Селин Дион се утепа од собирање пари на саундтракот кој растури на топ листите. Приказна за бродот Титаник раскажана преку една љубовна приказна, која започнува на бродот.
Филм кој сигурно го имате гледано барем еднаш и сигурен сум дека ќе ме сватите зошто е на листава. Филмов е една од најтрагичните сцени на сите времиња. Прво го сакам по едни од моите омилени актери Ди Каприо и Кејт Винселт кој заслужуваат за повеќе од 10 во овој филм. Како што сум лесен човек кога прв пат го гледав филмот пуштив по некоја солза во моментот кога Роуз го испушти Џек.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
169. Alien (Ridley Scott, 1979)

169.jpg
Еден од моите омилени sci-fi/horror филмови. По неодамнешната вест за смртта на H.R. Giger направив мал маратон со Alien и Aliens во чест на овој голем артист. Обично ги прегледувам на 2-3 години и никогаш е ми биле досадни.
Режијата е на Ридли Скот, одлично завршена работа. Глумците исто така, Сигурни Вивер како Елен Рипли е еден од најпрепознатливите женски хероини и тоа со причина. Дизајнот на Ностромо е клаустрофобичен и одговара прекрасно на атмосферата, вонземскиот брод и неговата внатрешност е еден од прекрасните дизајни на Гајгер заедно со xenomorph-oт (вонземјанинот) кој е едно од најчудните, извртени, гнасни, страшни а сепак толку прекрасни дизајни заедно со facehugger-от i chestburster-от, срањава се извадени од најлошите ноќни мори и се неповторливи.
10/10 would bang, глејте го филмов ако не сте го изгледале никогаш до сега, ремек дело.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
168. Contact (Robert Zemeckis, 1997)

168.jpg
Како што кажува и насловот се работи за првиот контакт на луѓето со вонземјани. Џоди Фостер ја игра улогата на Ellie Arroway научник што целиот живот го посветува на истражување за тоа дали постои вонземјанска интелегенција. И конечно по долги години истражување контактот е воспоставен, таа открива порака која е всушност кодирана форма за изградба на машина(сликата десно) со која може да се патува и да се оствари таа долгоочекувана средба со ДРУГИТЕ. Почнува изградбата на машината, но почнуваат и игрите на забивање нож во грб и приграбување на славата за откритието. Дали Ellie ќе патува и дали човештвото е спремно за оваа средба...??? ќе мора да видите сами и нема да зажалите :helou:
Прекрасен филм, чиста 10-ка и планирам деновиве пак да го гледам
Сега го завршив филмов и не ми се верува како сум можел да го пропуштам.Ако имате два и пол часа слободно време,сварете си кафе и гледајте го.Се работи за откривање на сигнал од вселената.За некој кој изгледал бајаги филмови,му давам 9/10 буквално ми ги надмина очекувањата.Многу интересен пристап и поглед кон универзумот,Бог,вонземјаните,капацитетот на човекот,науката...Визуелно,со ефектите од 1996-7 не е нешто што би го задоволил Сај-Фај фан,но има прекрасна приказна.Никогаш не сум сакал некој да ми открива премногу кога ми препорачува филм затоа и нема да откривам ништо,само ќе ви препорачам да го гледате особено ако сте љубител на мистериите поврзани со универзумот :)
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
167. The Godfather: Part II (Francis Ford Coppola, 1974)

167.jpg
Од каде да започне човек ако не од легендарниот филм на Francis Ford Coppola за сагата на семејството Корлеоне и сицилијанската мафија во Америка. Работено според делото на Mario Puzo, со Marlon Brando, Al Pacino и Robert Duvall во главните улоги (во вториот дел и Robert DeNiro) топло го препорачуваме, не само првиот дел туку комплетната трилогија.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
166. 2001: A Space Odyssey (Stanley Kubrick, 1968)

166.jpg
Различни критики и сфаќања има за овој филм, и нема универзален одговор и заклучок како на психолошки трилер.

Според мене гледањата треба да бидат фокусирани на обидите и идеите на Кјубрик. Од сите примеси на наука, филозофија, религија,технологија, мистицизам, симболика, оваа е се освен филм за вселената и "дали сме сами" муабетот.

Тематиката што ја обработува е споредна на идејата која ја има за цел режисерот да ја објасни, а тоа е Еволуцијата.
Конкретно има две етапи кои се отсликуваат завршни состојби и секоја одделно е чекор кон нова фаза на постоење.
Монолитот е клучот на целата приказна. У глобала е сфатен како инструмент на некоја напредна (или напредна)цивилизација која го користи да го "еволуира" на најпрост начин постојниот "поредок".

Во првата етапа, присуството на монолитот и неговата "комуникација"- влијание на приматите, поттикнува параноја преку чиј притисок се откриваат нови методи и нови начини на делување а тоа само по себе ствара нов поредок. Коската и нејзината нова намена става крај на претходниот круг, и отпочнува нов. Преку насилство до ново уредување, нешто покасно ќе стане слика, редовна дефиниција и потреба за напредок.

Во свет разурнат од насилство(нуклеарна војна), исто и луѓето како транзиција од приматите се во завршна фаза, па монолитот одново "комуницира". На оваа етапа и претходи борбата на човекот со технологијата, преку создавање на AI(ХАЛ) која развива самосвест и која очекувано го детектира човекот како грешка/мана на еволуцијата кој во ваква форма и состојба, е неспособен да еволуира правилно и навремено. Тука е претставена борбата со ХАЛ во која Боумен успева, па следи третиот момент во кој Кјубрик комплетно импровизира. Конфузната одисеја на Боумен.

Според мене прекомплицирано е да бидеш свесен и да имаш претстава за било каков распоред на настани, визуелизација или сфаќање на напредна футуристичка состојба за каква Кјубрик пробува да даде претстава.
Од тука, главната интерпретација на новата одисеја кон наредната фаза, беше "учењето" на Боумен преку изучување на самиот себе, со забрзан приказ на главните етапи од неговиот живот. Моментот кога умира во креветот во неговата човекова форма е моментот кога се појавува монолитот во собата. Неговото ново раѓање е нова транзиција кон наредно битие кое е во форма на starchild(фетус) кој орбитира околу планетата.

Од интерпретацијата на книгата Starchild-от ќе проба да ги измени начините на делување и односите на луѓето помеѓу себе на земјата, со тоа и да ги спреми за нареден чекор во еволуцијата, нова одисеја.
филмов представува татко на сите научно фантастични , еволиција - револуција и крахот на ерата на човештвото ....

стенли со овој филм на сите ни има дадено до знење дека ако не се опаметеме трошка тое ќе биде можеби најблагата форма :)

знаците што ги има исползувано се на доста голем стил ( а направен е 1968 )

феноменален склоп на музика од гјорги лигети и штраус и одлични за времето визуелни ефекти !

видливи се моите симпатии спрема овој велик творец , ама вреди да се оддвојат за чудово од филм два часа !

уживајте !
Е ова е нешто сосем друго. Еден дел од филмот ми беше гледан многу одамна, но ниту сум го догледал целиот, ниту тогаш доволно сериозно сум го сфатил и разбрал (не дека го разбрав и сега)

Филм направен пред скоро пола век, базиран на новелата на познатиот Артур Кларк, приказна за постанокот на светот, за еволуцијата, за вселената, за суштината, за што ли уште не. И после толку години, тешко дека еден филм ќе успее да го достигне визуелно, музички, естетски и филозофски ова ремек дело.

Мои „хајлајт“ моменти :

- мајмунот и коската, првото оружје, првиот осет на моќ, првото орудие за потчинување и убивање, за запоседнување туѓи територии, за контрола, почетокот на еволуцијата на човекот, еволуцијата во која насилството ќе биде нејзината движечка сила.

- вселената која ретко каде изгледа поубава отколку во „2001“.

- естетиката и дизајнот. Вселенските летала и објекти изгледаат чудесно, да посакаш да имаш дома од тој футуристички мебел, ептен убаво делуваше.

- ХАЛ, најчовечкиот лик од сите во филмот, а беше „непогрешлив“ компјутер.

- монолитот- енигмата на целата приказна, дали монолитот е алатка на вонземски суштества, дали е клучот за човечката еволуција, многу прашања, малку одговори

Како и во „Бери Линдон“ и тука начинот на отварање и затворање на сцените е сличен, исто има малку дијалог, и пак исто во еден дел е еден куп куртоазни и формални фрази и обраќања, и како и во сите Кјубрикови филмови музиката ја прави магијата на целиот филм. Овде без музиката веројатно ни пола не би бил толку добро уметничко доживување.

Најозбилно, ако досега од било какви причини не сте го гледале Одисеја 2001, одма да го изгледате, вредат тие 2 ипол саати, а сигурно и минимум исто толку саати размислување и еден куп прашање кои ќе си ги поставите на самите себе

9.5/10
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
165. Pan's Labyrinth / El laberinto del fauno (Guillermo del Toro, 2006)

165.jpg
Вивидна. Зборот што ја опишува оваа мрачна, брутална, морбидна фантазија. Во 1944 за време на цивилната војна, девојчето Офелија која е изложена на фашистичкиот режим на капетанот Видал, трудната и болна мајка, и целотот тоа насилство се повелкува во себе, во еден сосема поинаков свет, во еден лавиринт каде запознава едно сомнително чудно суштество (faun, pan, w/e) кое и вели дека е оддамна изгубената принцеза на подземно кралство и дека треба да обработи три задачи за да може да се врати. Двосмисленоста на опасните задачи е очигледна, гледаме како се соочува со нејзините стравови и како полесно почнува да соработува со реалноста во тогаш-суровата-околина во која е сместена без предтоа доволно време за адаптација.

Во паралела оди војната и обидите за задушување на бунтовниците каде акцентот се става на поквареноста на капетанот Видал кој е здиво-одземувачки одглумен негативец. Нешто као Christoph Waltz, but less creepy. И значително побрутален. Девојчето истотака е солидно одглумено и покрај тие квалитети додај феноменални анимации, имагинација која нема крај и Guillermo del Toro - 3 оскари и хорор-бајка за возрасни. A замисли, ретко давам шанса на странски филм. Еј, на шпански е by the way.

Стварно ја доловува детската невиност и безграничната фантазија. Каде ни смртта не е крајна дестинација и каде во тој свет ни таа нема јурисдикција. Секоја чест 10/10. И RocknRolaa ако не го гледа ќе ја тргнуваме од модератор. :P

О, и чудово го о-б-о-жавам!
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
164. It's a Wonderful Life (Frank Capra, 1946)

164.jpg
b.gif
Филмов го гледав вчера, па се мислев дали да го ставам во темата Последен гледан филм или овде. Но не е ни толку важно.

Од каде да почнам? Masterpiece? Masterpiece е мал збор за филмов.

Џорџ Бејли е човек со големи соништа. Сака да излезе од малото градче во кое живее, да се образува, да го прошета светот... Но секој пат кога ќе се обиде, е спречен затоа што некому му е потребна неговата помош, па така Џорџ ги жртвува своите соништа за да им помогне на другите. Но кога работите ќе тргнат по лошо, Џорџ ќе добие на помош Ангел чувар, и уникатна можност: да види колку е навистина прекрасен неговиот живот.

Ме воодушеви леснотијата со која е одсликана една прекрасна животна приказна. Ова е дефинитивно филм кој ја враќа вербата во човештвото и во вистинските вредности кои треба да ги поседува секој човек. Безвременски, evergreen, чиста класика, филм кој е сакан од сите генерации.

31-ви е на вечната листа на филмови, и се разбира, без никакво двоумење, чисти 10/10.
Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат.
It's a Wonderful Life (1946). Ако малите зелени дојдат со лоши намери, овој филм ни е последната надеж да се зезнат и да ни дадат втора шанса. Демек, не сме ние така лоши, има нешто добро и во нас, што не прави посебни. Посебни, мај ес...
It's a Wonderful Life е безвременски филм! 2 саати ко 10 минути ми поминаа коа го гледав.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
163. The Game (David Fincher, 1997)

163.jpg
За сите љубители на трилери. Филм од режисерот на Se7en, со Мајкл Даглас и Шон Пен во главните улоги, кој нема да ве остави рамнодушни.
Николас Ван Ортон (Мајкл Даглас) е богат човек кој е посветен единствено на својата работа и не се грижи за ништо друго. На својот 48-ми роденден, Николас ќе добие чуден подарок од својот брат - Конард Ван Ортон (Шон Пен). Се работи за картичка која му овозможува пристап до една игра...
Нема да коментирам ништо понатаму, да не ви го расипам искуството кога го гледате филмот. Филм што дефинтивно треба да се погледне.
A true 10.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
162. Sunset Blvd. (Billy Wilder, 1950)

162.jpg
Млад писател на филмски сценарија, бегајќи од својот мизерен живот и долговите кои му се насобрале додека го живеел својот холивудски сон, случајно ќе налета на една стара, чудна и несекојдневна куќа. Во неа живеат уште почудни станари - стара заборавена гламурозна глумица милијардер и нејзиниот верен слуга. Присуството на емотивниот погреб кој глумицата и слугата го приредиле за нејзиниот мајмун ќе му изгледа како нешто најчудно што го видел во животот, но престојот во старата куќа со новото друштво ќе му донесат толку многу несекојдневни и чудни ситуации, што ни тој како писател не би се сетил да ги вметне во ниедно сценарио.

Еден oд пoдoбрите филмoви штo сум ги изгледaлa, нaјгoлем дел пoрaди ликoт нa бившaтa глумицa, кoјa некoгaш билa глaмурoзнa, мoќнa и сaкaнa филмскa дивa, a се претвoрилa вo oчaјнa и психoделичнa стaрицa кoјa не мoже дa прифaти декa нејзините времињa пoминaле.
Филмот е за две жртви на новата ера во Америка, по големата депресија и почнувањето на филмови со звук.
Норма Дезмонд е заборавена богата актерка од дваесетите, која не може да се помири со својата завршена кариера во немите филмови, а Џо е сиромашен сценарист, кој не може да продаде сценарио. Така Џо станува her bitch, а Норма негов психијатриски пациент.
Филмот ја зборува темната страна на Холивуд, и пошироко на капитализмот.
Америчка класика со Gloria Swanson. Убав е филмот, ама од кога го гледав All about Eve, сите други филмови со ваква тематика и од ова време ми се просечни. Освен шармот и на актерките, кои ги прават овие филмови секогаш убави за гледање.
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
bt6zY1i.png
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom