(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
110 бе нуб.
Постои мала шанса да е комплицирано, ако нема unique values во Sheets :D
o_O
Не знаев дека има толку членови на Кајганава, прво. :D

За unique values не ми текна зашто не ги зачувував гласачите, само бројот на гласови. :(
 
Ако не се случат некои непредвидени работи (не дај боже) дефинитивно ми се у план да изгледам три многу фалени серии што се пласираа во топ 10- Dark, SFU и секако The Wire.
 
Како и што очекувавме, победник во овој избор, и најдобра серија на сите времиња според членовите на Кајгана форум е BREAKING BAD.

BREAKING BAD - Lost 42:26

4 8 15 16 23 i kolku glasovi dobi u finale?
 
Lost е толку јака серија што со бројките уште пред 15 години го предвиде бројот на гласови на победникот во финалето на некојси кајгана форум...
 
Од топ 10 кајгана серии речиси од сите имам гледано по нешто. Но не сѐ.

Сопранови ја почнав пред година две, изгледав 5-6 епизоди ми се сјеба лаптопот и не ја продолжив подоцна.
Лост ја гледав на А1 тогаш до 3та сезона некаде мислам, но не ја догледав, немам појма зошто. И се мислев на неколку пати да и седнам и секогаш избирам друга серија за гледање, што ради бројот на епизоди што ради критиките кои ги имам читано за последните сезони. Но ќе биде. За скоро.
Дарк ја гледам моментално 2ра сезона сум, прејака серија.
Другите 7 ми се изгледани целосно, некои и 2 пати.

Предизвик дефинитивно ќе ми биде да ги изгледам овие 2(3) серии годинава, да го комплетирам топ 10. :)
 
Или ако сакате подобар визуелен приказ на тоа како финалистите стигнаа до финалето и како другите серии стигнаа до таму кај што стигнаа, еве:

Прегледај го приврзокот 252292
Прегледај го приврзокот 252293

Инаку, не знам колку различни членови гласаа, тоа би било комплицирано да го пресметам, но сигурно се повеќе од 70. Ви благодарам на сите за вкупно 1992-та гласа кои ги дадовте за сите овие серии, во сите овие дуели!

Ако некому му треба и дополнително објаснување за било што, по ова, стојам на располагање!
Мора да најдеме начин последнава слика да дојде до некој од Вимблдон, па да те ангажираат да им ги организираш турнирите. :D
 
Очекувано за ВВ. Уште од прва рунда се виде дека е прв фаворит. Нормално сакав Lost да победи ама тоа е... Како фан на Аргентина во фудбал навикнат сум да губам финалиња. :P Сепак ќеф ми е што ја победи GOT во полуфинале.

Злате, големо браво за тебе и за сите што ти помагаа. Одлична работа беше ова, една од најзабавните активности откога сум на форумот. Едвај чекам да почне турнирот на ситкоми. :)
 
Се чека сега Злате да пише "Ви благодариме за мислењето, на седница на Кајгана ќе решиме што ќе правиме и ќе изгласаме кој е вистинскиот победник"
 
Band of Brothers била на 33то место со само 18.5 поени, од кои најмногу 7 дадени од мене, а Breaking Bad со 300 поени... :tapp:

Криминално потценета серија на форумов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom