@Коњаникот Сабја кажи ти колку партии бриџ си изиграл у барбика ? Иначе кога бегаш од часови у зимски период е топ , лето е лабаво на тераса измислено е местово за средношколски денови.Башка тетка марина ти дава сам да си напраиш кафе ако не ти е по ќејф нејзиното.Да не беше Барбика , мојот средношколски живот ќе беше посиромашен духовно,а побогат финансиски.
Табланет игравме ние
Особено во трета и четврта година искиснав тука. Пред школо, после школо, за време на школо

Ако бегаш од час, обавезна дестинација ти е Барбика. Кога бев четврта искочија и некои пофенски кафичи, ама јас си останав верен на Барбика

Голем дел од моја генерација продолжија да се собираат тука, па и во сегашноста сеуште искачаат во Барбика од време на време. А и од поновиве генерации го практикуваат истото.
Стандард си нарачуваш турско кафе а 20 денари, со пола филџан талог и после си "гледате"

И тостови често јадеве тука, ако добро памтам 40 денари беа. Тостот беше бајаги сув, али ќе си земеш кечап и немаш гајле

Со тие што послужуваа бевме гз и гаќи. Едно време вработија една многу јака типка, и цела генерација и се пушташе

Ја сменија за две недели

За кафето ако не ти е погодено, ти даваа и сам да си го направиш

Терасата е полн погодок дефинитивно.
Добро е за средношколци да си тепаат време, ама вака за искачање, не благодарам

[DOUBLEPOST=1398693051][/DOUBLEPOST]
Море тоа кинескиот шо е спроти Олимписки таму негде кај големиот паркинг спроти Холидеј ин шо е, е мајката на сите биртии во градов, ако не и пошироко
Како се викаше местото?
И Кинескињата ја знаев што работеше таму, ама сум заборавил како се вика. Знам одевме од сабајле и ја будевме, се деревме од пред врата. Ќе дојдеше во спавача, ќе ни отвореше, ќе зачадеше со тоа миризливите глупости, па заради тоа го избегнував местово. Плус најлошото бело вино сум го пробал таму, цел ден повраќав
