Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Фала му за поздравите, ама тебе те поздравија повеќемина, морам да признам попопуларен си.

српска Википедија:

македонска Википедија:

Нова Македонија:

македонски сајт за театар:

Синеплекс:

Некоја тетка:

fzf.periodica.ukim.edu.mk
Хахахахахах, од Театарче ми праќаш линкови :pos: :pos: :pos: Па прочита ли во статијата колку пати е со к напишано, а колку со г?

Второ, во тој докторскиот труд, од што е толку стручен, имаш МаГбет и МаКдаф. На англиски тоа „спорното“ во двете имиња е исто. Како може таа паметната тетка во еден збор да го зема за к, а во друг за г?

1569873182856.png

1569873199327.png

Доколку постои еден случај во нашиот јазик, кој англискиот к глас го зема за наш г, слободно посочи ми го. Исто така цитирај ми го правилото кое налага произволно или од случај до случај толкување на истиот тој глас. Крајно, нека повели твојот лектор нека објасни овде зошто смета дека треба тоа к да се претвори во г.

Во спротивно со овие две сликчиња погоре, јас завршувам со дискусијата со тебе.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.805
Пак ќе ти го кажам истото што ти го кажав на почетокот од дискусијава во другата тема - можеби си ти во право, не викам не. Јас не сум јазичар ниту нешто слично. Поради тоа морам да се потпирам на знаење од авторитети. Мене поголеми авторитети ми се тие во линковите од тебе, а "слушни како звучи" и "стари се тие - не знаат" - не ми се некои аргументи.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
А најголем авторитет ти е книгата. Наместо да го тупиш со линкови од полуписмени и неписмени проповедници (на Википедија може кој сака да шарне, а во академски кругови не се смета за веродостоен извор), си можел да тркнеш до книжарница или библиотека и да видиш како е преведена.

Те поздрави Драги Михајловски. Еден од најдобрите преведувачи, ако не и најдобар.
https://kupikniga.mk/product/makbet-otelo-kralot-lir/
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.805
А најголем авторитет ти е книгата. Наместо да го тупиш со линкови од полуписмени и неписмени проповедници (на Википедија може кој сака да шарне, а во академски кругови не се смета за веродостоен извор), си можел да тркнеш до книжарница или библиотека и да видиш како е преведена.

Те поздрави Драги Михајловски. Еден од најдобрите преведувачи, ако не и најдобар.
https://kupikniga.mk/product/makbet-otelo-kralot-lir/
Свака му част на Драги Михајловски, супер е, нема збор. Се надевам дека неговите, како и вашите гледишта, по тоа прашање, еден ден, ќе бидат нашироко прифатени од научната јавност.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Мислам дека (иако не сум сигурен) македонската и српската транскрипција е „Магбет", не „Макбет". Се менува едначењето на согласките по звучност бидејќи изговарањето „Макбет" звучи усилено. Според правописните правила „c/к" од англиски треба да се напише „к" и на македонски, па нема зошто да не се вика „Макбет", впрочем многумина и така го нарекуваат денеска. Но „Магбет" е одомаќен како таков поради причината што ја наведов погоре.

Еве што има да каже македонскиот правопис:
Транскрипција и транслитерација на туѓите имиња

в) Општи забелешки и отстапки од наведените принципи
● Англиските имиња кои се одомаќени во македонскиот јазик и се длабоко вкоренети во писмената книжевна и историска традиција не треба да се менуваат и покрај тоа што не се транскрибирани според изворниот изговор, туку според изворната пишана форма или навлегле во јазикот со посредство на германскиот или на францускиот јазик, како на пример Лонɡон Глазгов, Вашингтон, Шекспир. Во оваа група спаѓаат имиња што се пренесени во македонскиот јазик со додавање на наставка за женски род како на пример името на кралицата Елизабета (од Queen Elisabeth).
Кога се однесува на други личности, името треба да се транскрибира
според најблиската изговорна форма, односно како Елизабет. Во оваа
група спаѓаат и имињата кои разликуваат две изговорни форми на
македонски, при што варијантноста треба да се дозволи. На пример, во
литературата се среќава Марк Твен и Марк Твејн од Twain (се претпочита
Твен) или Џејмс Џојс и Џемс Џојс од James (се претпочита Џејмс).
● Имињата што имаат повеќе пишани варијанти се транскрибираат според
изговорот на името на конкретната личност. На пример, Steven и Stephen
треба да се транскрибираат како Стивен, додека Stephan и Stefan треба
да се транскрибираат како Стефан.

@Сабазиј и @Тапетарот Петар повеќе се разбираат во овие работи.
 
Последно уредено:

А, Макдаф пошто е спореден лик нема за него одомаќинување, кој го ебе, така?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
А, Макдаф пошто е спореден лик нема за него одомаќинување, кој го ебе, така?
Не веруем дека причината зошто „Магбет" не е „Макбет" како што "Макдаф" е „Макдаф" има некакво логично правописно објаснување, ваљда е прашање на традиционална компонента. По истата логика, би требало да биде „Магдаф" ако е „Магбет", како што велиш.

Сеа глеам дека многумина претставата ја именуваат „Макбет", други уште „Магбет".
Нека образложат лингвистиве. :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Не веруем дека причината зошто „Магбет" не е „Макбет" како што "Макдаф" е „Макдаф" има некакво логично правописно објаснување, ваљда е прашање на традиционална компонента. По истата логика, би требало да биде „Магдаф" ако е „Магбет", како што велиш.
Точно така :)

Му прднало или му се згрешило на некој србо пред 120 години, сме го превзеле ние без да размислиме и нормално сега тоа е „одомаќинето“, „правилно“, без основа за менување и нема никаква врска тоа што тие (а, еве очигледно и ние сеуште) единствени во светот го викаат Магбет.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Правописот и правоговорот се работа на договор, или нароцки кажано конвенција. Правописите најчесто ги праат пописмени љуѓе, али јазикот го користат сите, од цар до гоедар. И така треба да е, оти јазикот е за сите. Али, дојода времиња коа гоедари со пари станаа инфлуенсери и даваат акал за сѐ, па и за јазик, култура, и пофини ствари. А за пописмените љуѓе, тоа е малце ногу.

Не постои ниеден јазик, ни граматика, ни правопис кои се стопроцентно симетрични, логични, или регуларни. Во секој рандом јазик има купишта неправилни морфолошки форми, глаголи, граматички времиња, бутури. Викаат дека маќедонската ортографија била фонецка, што е врло нетачно. Таа е пофонецка од англесќи или францусќи, али не е скрос фонецка. Ако беше, онда леп и граф ќе се пишуеја вака, а траѓичниот лик у драмата ќе се пишуеше Магбет (оти, нали, така се изговара како произвот на морфо-фонолошка адаптација, или асимилација по звучнос). Чаре? Најарно е да се прашаат пописмените, или, ако сакаш да се смараш за писменос, да консултираш како е пропишано у книѓи. Као на пример правопис. Ако не, ондак никој нишо не ти може.

Али ова не е вака за навек. Јазикот константно се мења: изгворот, лексиката, граматиката, а богами и правописот се мењаат. Најбрзо се мењаат изговорот и лексиката, поспоро граматиката, а најспоро правописот. Има причини оти е сево вака, али ме мрзи да објаснуем, а и досадно ќе стане.

Ја, у принцип, се држам до апдејтираната верзија на максимата на Вук Стефановиќ Караџиќ:
12032275_10205951239563603_6363590524448958823_n.jpg
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.805
Викаат дека маќедонската ортографија била фонецка, што е врло нетачно. Таа е пофонецка од англесќи или францусќи, али не е скрос фонецка.
Претпоставувам дека српската е, затоа што они се фалат дека е таква, а и не ми текнува некој пример од српски кај што не е така.
Од тука, ваљда Магбет е земено од кај нив и е останато така.
И сега е така кај нас.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Претпоставувам дека српската е, затоа што они се фалат дека е таква, а и не ми текнува некој пример од српски кај што не е така.
Од тука, ваљда Магбет е земено од кај нив и е останато така.
И сега е така кај нас.
Не е ни српската, ни никоја. Не постои фонетска ортографија и не може да постои бидејќи фонетиката и фонологијата многу побргу се менуваат, а ортографијата не може да ги следи во чекор таквите брзи промени. Во било кој јазик постои ист таков расчекор меѓу изговорот и правописот -- изговорот се менува со речиси секоја нова генерација на зборувачи а правописот (како конвенција) се стреми трајно да зачува некои форми. Ако го погледнеш старословенскиот (или стара форма на рандом јазик), ќе видиш дека изговорот пред 10 века бил битно различен, а дека ортографијата не е толку различна. Затоа денес пишуваме леб, шест, град, постдипломски, гроз а изговараме леп, шес, грат, поздипломски. Денешниот правопис ги отлискува архаичните форми на изговор на овие зборови а не фонетските адаптации кои се јавиле во меѓувреме и денес оперираат во македонскиот.

Правописот (особено на странски зборови) скоро никогаш нема врска со логика. Многу зависи кој и како го транслитерирал зборот. Оти да биде Марк Твен а Џон Вејн? Ако се оди по логика, консеквентност и ако се држи до изворниот изговор треба да биде Марк Туејн и Џон Уејн. Зошто Глазгов а не Глазгоу? Арно ама, некој писмен пишал Твен и Глазгов пред сто години и така останало, демек е правилно и се претпочита поради традиција. А традицијата неточна. И денес се дешаваат неписмени транслитерации, џабе интернет. Оти е Том Рајдер а не Тум Рејдер? Оригиналот е Thomb Raider (пљачкосувач на гробници). Том Рајдер (Tom Ryder) е лично име, а игрицава нема везе со никаков Томче. И оти Џад Лоу а не Џад Ло?

Него батали, ќор е муабетов. Пишујте си за драми и прецтави.
 
Последно уредено:
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Не е последна, ја гледав лани. Во театар одам често, ама ваква моќна претстава не сум гледала никогаш.

Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Есенска полусезона:

  • „Бесачи“ - МНТ, режија Јавор Грдев
Маестрално. Топ текст на МекДона, кастинг перфектен, велелепна сценографија, Ристановски харизматичен како никогаш, плус Владо комита ис бек :D. A must see.

  • „Галеб“ - МНТ, режија Нина Николиќ
Тина Трпковска, царице најлуда :love:. Дамјан Цветановски како Трепљев и Дарја како Нина се пар снова :love:. Исто капа доле за перфектниот кастинг, а и за музичкиот дел. Сцената, костумите, сето тоа, ништо спектакуларно, а сепак супер достојно, складно и убаво за око. Не ми беа добро избалансирани првиот и вториот дел, сега да, самиот текст временски налага таква поделба, али стои и тоа дека можело подобро да се реши. Исто, крајот не ми беше целосно катарзичен, како да фалеше нешто. Сепак, повеќе од солидна претстава, 4+ накај 5-, дефинитивно заслужува да се погледне.

П.С. Се видов со една школска после претставава, ја гледала и таа и правиме муабет што, како и ми вика „Не ми се бендиса мене ич, така убав текст го упропастиле со модернизација“. Јас зачуден малку прашувам кај виде модернизација жити се (единствено нешто „модерно“ беа двете денс музички траки) и добивам одговор „Па, како каде, не виде дека сите носеа гумени чизми?“ :vozbud::vozbud::vozbud:Моментално сменив тема на разговор пошто немаше никаква поента да дискутирам понатаму. Жално е што е чест посетител на театар и во слободно време наглас си читаат поезија со другарките :pov:

  • „Отело“ - МНТ и БНП Зеница, режија Нина Николиќ
Меѓународна и меѓујазична соработка, нашите глумци на македонски, нивните на босански. Динамично, интересно и навистина успешно. Самата обработка беше одлична, кастингот перфектен (низ цел свет да барале не ќе најделе подобар Јаго), пеење на Leave her Johnny leave her на сцена, Дарја во главна улога, супер темпо...браво!

  • „Арапска ноќ“ - Прилепски театар, режија Зоја Бузалковска
Текст на Шимелфених (или како и да се чита) + режија на Зоја + Фолтин на сцена = ремек-дело
Мајкоебачки маестрално :cuc:

  • „Глембаеви“ - Прилепски театар, режија Бранко Брезовец
Стварно не знам што да кажам. Сработено милиметарски перфектно, ама ни да ме такне. Ретки се ваквите претстави каде објективно се е како што треба, а јас да сум потполно рамнодушен. Не знам, можеби е до мене. 5/5 во секој случај.

А, да и Венера уште еднаш си ја изгледав и магијата беше потполно иста :love:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom