Kнигите и филмовите

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Како и Луки,мене за клокворк оринџ многу ми беше поубава книгата неголи филмот.Не велам дека е лош филмот,напротив,ама ете не е се доловено како што треба.
Истото важи и за Трилогијата Милениум....
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Господарот на Прстените е ремек дело, и една од десетте најзначајни книги на 20 век. Книгата може да се чита на милион различни нивоа, од авантура во стилот sword and sorcery, преку некои алегориски читања од аспект на надоаѓачкиот нацизам, па се до читање на некое алхемиско ниво. Ако таа книга е досадна, тогаш генерално книжевноста е досадна, и најпаметно е да ги запалиме сите книги.

Што се однесува до екранизацијата, јас бев многу скептичен кога слушнав, бидејќи е практично невозможно цел еден свет кој Толкин го создал, со сите негови народи, со нивните јазици, традиции и легенди, да се пренесе на филм. Сепак, филмот и книгите се различни медиуми, и Џексон успеал да извлече максимум онолку колку што филмот како медиум дозволува. Мојата единствена замерка е што во филмот го нема Том Бомбадил.
Јас ете, наспроти многу членови на форумов, филмовите на Џексон не ги доживувам како ремек-дело. Од друга страна тој се има доста потрудено околу нивната реализација, но сепак одредени ликови (не само хипикот Том) и настани не се опфатени. Приказната е зашеќерена до болка, хобитите се некако феминизирани, а назгулите банални.
Голум е супер, Арагорн не баш. Браво за споредните Боромир и Фарамир, за Теоден и за Денетор. Гандалф - штета што Конери одби да го глуми, а Јан Меккелен ќе беше одличен Саруман. Па и таа тепачката меѓу Саруман и Гандалф не беше за машала. Сценариото можело да биде подобро, а и режијата. На пример (или што би било кога би било), Тим Бартон да се нафатеше (со или без Џони:) ) или Дејвид Линч (ако воопшто би режирал нешто вакво по Дина), кои сигурно би создале една помрачна, поинаква верзија. Оти за разлика од Хобит, Господарот на прстените е нешто поморничав, а атмосферата во филмовите на Џексон ми е претерано хобитска, наместа емотивна и разлигавена...
Замерките веројатно нема да бидат прифатени, но тоа ми е мислењето.
За книгата. Толкин се згрозувал од алегоријата, барем тој така пишува и ја ишка од капата. Ама боде очи во приказната и се согласувам дека може да се бара алегорија во неа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197

Не напишав дека филмот е ремек дело, туку книгата. ;)

Сепак, ќе се сложиш дека Џексон успеал да ја пренеси атмосферата од книгите во филмот, иако можеме да му најдеме еден куп замерки.

Што се однесува до алегоријата, книгата е пишувана непосредно пред, и за време на втората светска војна, па тешко е да се одбегнат асоцијациите помеќу тевтонските јавачи и црните јавачи. :)
 
Секако дека е тешко да се одбегне. А некои критичари во прстенот препознаваат нуклеарна закана, а во Ентите природа која го возвраќа ударот. Како и да е, одлична книга.
 
L

Luki Junior

Гостин
LotR филмо си е хобитски настроен, и цело време го имаш чувството оти на крајо доброто ќе победе. Дали е ненамерна грешка на режисеро, дали така сакал да го презентира не знам. У книгите не е баш така, они са помрачни, и ногу повеќе ја држат напнана ситуацијата.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Хари Потер ми е синоним за тоа колку книгата може да е подобра од филм.

Единствени филмови кои ми се свиѓале повеќе од книгите ми се Престиж (не ради тоа што книгата е лоша, баш напротив, ама филмот е феноменален) и Игра на троновите (серија).
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.905
Првиот проблем настанува кога мислите дека филмот е должен да ја отслика книгата онака како што вие сте ја доживеале. Бидејќи различни луѓе различно доживуваат книга, па и филм, се јавуваат оние ситуации во кои за еден ист филм направен според книга, една група критичари вели дека истиот нема врска со книгата, додека друга група тврди дека ја надминал истата.

Во суштина е небитно. Книгата е книга, филмот е филм. Понатаму, филмот не е должен да се држи строго до книгата, тој е направен „според книгата“ или поинаку кажано, црпи инспирација од неа, но не им е ништо должен на читателите на истата. Ако авторот на филмот смета дека нешто треба да направи поинаку, ќе го направи тоа. Пример - Тројцата Мускетари, еден куп верзии кои немаат врска една со друга.

Исто така, кога се вели дека филмот е снимен „според вистините настани“ не значи дека авторите тврдат дека настанот се случил 100% баш така - напротив, често се додаваат непостоечки ликови, се изместуваат времиња итн... заради драматизација на настанот или недоволно точни податоци како се случил. Но на крајот, тој е снимен според одредени настани кои некогаш се случиле.

Споредбите се ок вака во слободно време, но критикување на филм поради предходно прочитана книга, тоа не можам никако да го разберам. Посебно буквалистичката критика поради промена на настан од книгата во филмот.
 
Се разбира дека филмот не може да биде снимен според сечии индивидуални очекувања. Но споредбите со веќе прочитаната книга, со оглед на тоа што филмот сепак е инспириран од неа, се неизбежни. Исто така е неизбежна оценката, која горе-долу ќе се базира врз нашите лични впечатоци од книгата или обратно, од филмот, во зависност што било првото што сме го направиле - читањето или гледањето. И таа е релативна, за мене филмот може да биде супер, а книгата да биде лоша, просечна, не толку добра. Другите можеби ќе имаат поинакво мислење.
Јасно е и дека режисерот никому не е должен, освен самиот на себе. Тој ја пренесува, обликува или преобликува приказната онака како што ја доживеал, како што мисли дека подобро и поуспешно ќе ја прикаже. И ако е добар во тоа, (Кјубрик, Куросава, Копола и др.) ќе создаде нешто што е исто толку добро, ако не и подобро од основата според која е снимен филмот. Ќе ги надмине очекувањата на повеќето, можеби ќе и даде ново значење на приказната, или пак ќе ја збогати, ќе ја издигне на некое нови ниво. Но некој може да создаде само бледа верзија на напишаното. И повторно ние сме тука да оценуваме како индивидуалци, за тоа што е добро, а што не, или пак за тоа што би можело да биде, а не било.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.340
Поени од реакции
35.546
Прво: нималку не е неблагодарно да се споредуваат два различни типа на уметности. Со самото тоа што се „уметности“ имаат допирни точки, се вкрстуваат, дури и ако се создавани во различни епохи, во различни социјални и политички контексти, инспирирани од различни нешта, па дури и ако фингираат различни нешта (што не е тема овде)...

Второ: се сложувам дека книгата ретко може да биде полоша од нејзината филмска адаптација. Искрено - јас до сега не сум нашол некој филм на кој сум му се воодушевувал, додека книгата по која е направен сум ја презирал. Но, постојат филмови кои според мене успеале да се доближат до оригиналот, и тоа во голема мера:
-The Hours на Стивен Далдри е одлична адаптација на романот на Мајкл Канингам
-Англискиот Пациент на Ентони Мингела ми беше хит речиси исто колку и романот на Мајкл Ондаатје
-Подеднакво ги сакам и книгата на Казуо Ишигуро - Never Let Me Go, а и филмот. Можеби затоа што и самиот Ишигуро е еден од сценаристите.
-Ми се допаѓаше и екранизацијата на Големата вода од Живко Чинго од страна на Иво Трајков
Моментално не се сеќавам на уште некој...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Неизбежна и вечна е таа дебата книга vs. филм, дури и на форумов има таква тема.
Но, овде нема да дискутираме што е подобро и кој какви вкусови има и што повеќе претпочита, дали филм или книга, туку ќе дискутираме за оние филмови кои најверно (што е секако релативен поим, зависи од човек до човек) ги претставуваат напишаните книги.

Има милион филмови направени според класици, па и според модерни бестселери. Некои од нив ги исполнуваат очекувањата, некои од нив тотално паѓаат во вода и разочаруваат.

Ме интересира, има ли некој филм кој сте го очекувале долго затоа што е правен врз основа на ваша омилена книга, па на крај да ве воодушеви или разочара?

Кога се прави филм врз основа на книга, се разбира тоа е само едно гледиште за книгата. Милион читатели и имате милион различни верзии замислени во главата, но има и филмови кои верно ја прикажуваат поентата/ликови на книгата?

Можете исто така да коментирате и за промените направени, да правите паралела меѓу филмот и книгата што каде повеќе ви се допаднало, што мислите дека можело да биде подобро и сл. Значи темава можно е и да има спојлери.

А исто така верувам дека може да се споменуваат и серии, бидејќи има и серии што се базираат врз книги. Нека биде послободна од тој аспект.

Сега ова беше првиот наслов што ми падна на ум, но модераторите ако смислат покреативно име за темава слободно нека направи промени.

Реченицава е болдирана, па и подвлечена, за да не излезе после не сум кажала. Постови кои содржат само име на филм или слика ќе бидат избришани со брзина на светлината, а не се исклучени и банови од тема заради непочитување на правилата и немам намера по 100 пати да се објаснувам ко во други теми. Читајте ги првите постови.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Clockwork Orange, прв ми падна на памет.
Да бидам искрен книгата не ми е читана за да направам паралела, но затоа филмот ме има фасцинирано максимално. Од разработка на приказна, до глума на ликови, до развој на настаните и импактот кој истиот го носи и пренесува на гледачот во текот на прикажувањето, ретко кој го оставиле рамнодушен.

Особено главната порака која останува да живее по завршувањето на филмот, не учи на животна лекција од која не можеме да избегаме ни под разно. Иронијата на општеството, искористувањето на прилика за покажување на браздите и недостатоците во човековата природа, инфантилноста која ја практикуваме и појавата на последици кои не ретко ни се враќаат како бумеранг е уште една причина зошто овој филм е филмиште на Кјубрик.
Се кандисувам некое време да ја прочитам и книгата, но засега терам со некои други книжулиња и така.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Убедливо Тарас Буљба.
Не за џабе ставив толкава подвлечена реченица.
Видео од јутуб заедно само со името на филмот не се важи.
Мора да се напише и некоја реченица со објаснување.
Ве молам почитувајте ги правилата.

Како сакаш можеш и само постовите на тувиор и ливиу да ги префрлиш а моите мислења избриши ги, да не излезе дека се повторувам. :) А барав, ама не најдов. :) Извини. :)
Мање-више исти се така да оставам на тебе. :)
 
Последно уредено:
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Памтам кога бев мал мислам дека беше 2003-4 значи околу 12 години сум имал тогаш мајка ми ми донесе една книга дома пошто пополека ја губев навиката да читам книги тоа време. Книгата се викаше "Ерагон". Тоа беше можда првпат толку да се изгубам во една книга дури и памтам не отидов во школо неколку дена за да ја прочитам книгата па после кога дознав дека има уште две ( не ме фаќајте за збор мислам дека вкупно 3 беа ) собирав пари за да ги купам. Ептен бев заљубен како мал во целиот свет од книгата.
Тогаш на почеток на 2006 видов тизерче дека ќе има филм Ерагон и скоро да не се катапултирав од столица од возбуда.

Памтам мислам дека беше јануари фебруари 2007 отидов во Милениум сам без другари пошто никој друг ја немаше читано книгата за да не замараат многу и да си го изгледам филмот направен според мојата тогашна најдобра книга.

Како што се развиваа настаните и филмот траеше ја мислам дека почнав да паѓам све поише и поише во депресија и се чудев како може некој од толку добра книга со толку добар свет да направи ТАКВО БЕЛОСВЕТСКО СРАЊЕ УШТЕ СУМ ИЗНЕРВИРАН НЕПИСМЕНИ РЕЖИСЕРИ итн.

Кога излегов од кино се осеќав како копиљ на којшто му го бутнале сладоледот на земја.

Ете ова според мене е НАЈЛОШАТА филмска адаптација на книга EVER.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.561
Поени од реакции
33.814
Како сакаш можеш и само постовите на тувиор и ливиу да ги префрлиш а моите мислења избриши ги, да не излезе дека се повторувам. :) А барав, ама не најдов. :) Извини. :)
Мање-више исти се така да оставам на тебе. :)
Ги споив двете најлесно, не е лошо повторувањето да читнат правила а плус и bump-ање е. Има одлични постови мината.
Барем ја актуализираше. :)))

Продолжете дечки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom