ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Не се возам со автобус ама порано знам како е и ме нервираат кај ЈСП следниве работи:
1.Што во ударни термини пуштаат по еден автобус а го чекаат по еден саат и луѓето како сардини се тепаат кој прв да влезе, ако го испушти ќе треба да чекаат уште еден саат(30 минути зависи кој автобус)
2.Пензионери врие во нивните термини.
3.Не е ферски некои да плаќаат а некои во багри да влегуваат и не плаќаат, тоа е многу неферски
 
Неферски и дискриминација е и одредена група на народ (пензионери) да се вози бесплатно со аманет на влада па тоа е.
 
Пензионери, а богами и учениците, кои во последно време имам забележано примери, како не ни носат слободни, ко божем се знае дека им е платено, и дека им е бесплатно патувањето.

Во автобусиве, само студенти и вработени плаќаат и после затоа ЈСП ќе биде на раб на банкрот.

И не знам дали знаете, ама за овој месец, ЈСП на страницата има објавено промоција за купонче во Мекдоналдс со секоја заверена маркичка за ноември за студенти. Секако, оваа промоција, како вообичаено, македонска работа, не се оствари, т.е. вработените во билетарницата кај мене во Ѓорче ме гледаа, ко божем сум прашал кој знае што. Не знам само дали појма немаа за што се работи, или пак си ги собрале за нив.
 
Ја баш вчера ставав маркица за овој месец и ми дадоа вакво нешто од мекдоналдс.
 
Не го сфати муабетот, а? :)

Мајка ми доколку би ми рекла "дај ми го прслукот"......еате психото. Или и ти "ме тролаш" сега? :)

ја мислев за комшика пошто пума спомна комшики и не обрнав внимание до толку на твоето мислење :smir:
 
gedy4u2e.jpg

Гужвава е од денес, од втората станица на 5ка. Сите места за седење беа полни до втора станица , во Влае не се дишеше веќе. Не се гледа на сликата, се беше пополнето и од другата страна.
 
^ и во сета таа гужва ти го извади мобилниот и почна да сликаш :pos::pos::pos:
ама секаде е така гужва не оти не знаеме. нема што да се прави и кај да се реагира. ќе ти речат ако не ти се оди со бус оди со такси или со кола никој не те тера со сила.
се прашувам што ќе се случуваше ако беше за сите бесплатно...лудница
 
^ и во сета таа гужва ти го извади мобилниот и почна да сликаш :pos::pos::pos:
ама секаде е така гужва не оти не знаеме. нема што да се прави и кај да се реагира. ќе ти речат ако не ти се оди со бус оди со такси или со кола никој не те тера.
се прашувам што ќе се случуваше ако беше за сите бесплатно...лудница

Да.
Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 2
 
gedy4u2e.jpg

Гужвава е од денес, од втората станица на 5ка. Сите места за седење беа полни до втора станица , во Влае не се дишеше веќе. Не се гледа на сликата, се беше пополнето и од другата страна.
Пфф,41 во четвртокот,двокатен уште на југодрво немаше каде да се качиш,ни напред ни назад,едвај некако се качив.Возеше со отворени врати 5-6 станици,а ја и уште некој непознат citizen ја потпиравме едната врата да не се отвори скроз,да не летнеме од бус :D
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 00:50 ---
Јас сум опасен џепчија ама тешко дека ќе ме фатите гледам како сокол,слушам како лисица,ловам како тигар...
Дојди,дојди,укради кај мене,ако смееш.

Ќе се посрамтиш,нема што да се краде :D
 
Неферски и дискриминација е и одредена група на народ (пензионери) да се вози бесплатно со аманет на влада па тоа е.

Илумиос, не се слагам со тебе за ова; не се работи за дискриминација туку за бенефиции за пензионерите-и за мене е ова во ред-мали пензии, па добиваат малку олеснувања со попусти за лекови, бесплатно возење во одредени денови итн. И да знаеш дека треба да има повеќе вакви олеснувања. Знаеш, тоа е возраст кога со малку пари треба многу да се грижиш за своето здравје. И кој вика, на крај краева дека пензионерите само се возикаат низ град? Ја помислувам дека во овие денови користат бесплатна можност да стигнат на гости кај своите ќерки и синови (за да чуваат внуци), да купат намирници од пазар, маркет кој што е поевтин, во посета на пријателот што веќе немаат можност да го видат толку често...

Тоа што кај нас поимот култура не важи за ниту една возрасна група е сосем друго прашање! Ние не знаеме како да се однесуваме со нешто што го добиваме без пари шо се вика-у ваков случај го цедиме максимумот, без никаков осет. За тоа се доказ самите пензионери, за жал, со своето (доста често) агресивно однесување.

Исто така, мислам дека нашата држава треба малку повеќе да мисли на инвалидите, семејствата со деца (особено со повеќе деца), студентите...ама да мисли вистински, а не со правење "филмови", со кои се прикажува нешто што блага врска нема со реалноста.

И уште ова: страшно ме нервира (а нема врска со ЈСП) трендот на омаловажување на повозрасните граѓани (читај пензионери) од практично сите останати! Не ли мислиш дека нашите сакани баби и дедовци се веќе пензионери, нашите родители ќе бидат пензионери, а ниту времето кога самите ќе зачекориме во оваа група не е така далеку ко што се чини. И што тогаш? Веруј дека перспективата ќе ти биде сосема другачија од онаа што ја имаш денес...
 
Види никој не брани да се возат у јавен превоз,само се бара од нив да бидат покултурни,а дека треба да ѓи почитувамо се слагам,ама и они треба да имаат малу почит.И не се слагам баш дека не се возат бес потреба,не сум од ск,ама сум чул лично ја,кај ќе идеш? еве малу да се прошетм дур е бесплатно:facepalm:..Чим може за нив,мора да има и за студентите,и невработените,барем по еден ден.
 
Илумиос, не се слагам со тебе за ова; не се работи за дискриминација туку за бенефиции за пензионерите-и за мене е ова во ред-мали пензии, па добиваат малку олеснувања со попусти за лекови, бесплатно возење во одредени денови итн. И да знаеш дека треба да има повеќе вакви олеснувања. Знаеш, тоа е возраст кога со малку пари треба многу да се грижиш за своето здравје. И кој вика, на крај краева дека пензионерите само се возикаат низ град? Ја помислувам дека во овие денови користат бесплатна можност да стигнат на гости кај своите ќерки и синови (за да чуваат внуци), да купат намирници од пазар, маркет кој што е поевтин, во посета на пријателот што веќе немаат можност да го видат толку често...

Тоа што кај нас поимот култура не важи за ниту една возрасна група е сосем друго прашање! Ние не знаеме како да се однесуваме со нешто што го добиваме без пари шо се вика-у ваков случај го цедиме максимумот, без никаков осет. За тоа се доказ самите пензионери, за жал, со своето (доста често) агресивно однесување.

Исто така, мислам дека нашата држава треба малку повеќе да мисли на инвалидите, семејствата со деца (особено со повеќе деца), студентите...ама да мисли вистински, а не со правење "филмови", со кои се прикажува нешто што блага врска нема со реалноста.

И уште ова: страшно ме нервира (а нема врска со ЈСП) трендот на омаловажување на повозрасните граѓани (читај пензионери) од практично сите останати! Не ли мислиш дека нашите сакани баби и дедовци се веќе пензионери, нашите родители ќе бидат пензионери, а ниту времето кога самите ќе зачекориме во оваа група не е така далеку ко што се чини. И што тогаш? Веруј дека перспективата ќе ти биде сосема другачија од онаа што ја имаш денес...

Проблемот е што кукаме поради немаштија, а кога ни се дава еден вид на помош/попуст...тој што ја искористува е омаловажуван.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom