Илумиос, не се слагам со тебе за ова; не се работи за дискриминација туку за бенефиции за пензионерите-и за мене е ова во ред-мали пензии, па добиваат малку олеснувања со попусти за лекови, бесплатно возење во одредени денови итн. И да знаеш дека треба да има повеќе вакви олеснувања. Знаеш, тоа е возраст кога со малку пари треба многу да се грижиш за своето здравје. И кој вика, на крај краева дека пензионерите само се возикаат низ град? Ја помислувам дека во овие денови користат бесплатна можност да стигнат на гости кај своите ќерки и синови (за да чуваат внуци), да купат намирници од пазар, маркет кој што е поевтин, во посета на пријателот што веќе немаат можност да го видат толку често...
Тоа што кај нас поимот култура не важи за ниту една возрасна група е сосем друго прашање! Ние не знаеме како да се однесуваме со нешто што го добиваме без пари шо се вика-у ваков случај го цедиме максимумот, без никаков осет. За тоа се доказ самите пензионери, за жал, со своето (доста често) агресивно однесување.
Исто така, мислам дека нашата држава треба малку повеќе да мисли на инвалидите, семејствата со деца (особено со повеќе деца), студентите...ама да мисли вистински, а не со правење "филмови", со кои се прикажува нешто што блага врска нема со реалноста.
И уште ова: страшно ме нервира (а нема врска со ЈСП) трендот на омаловажување на повозрасните граѓани (читај пензионери) од практично сите останати! Не ли мислиш дека нашите сакани баби и дедовци се веќе пензионери, нашите родители ќе бидат пензионери, а ниту времето кога самите ќе зачекориме во оваа група не е така далеку ко што се чини. И што тогаш? Веруј дека перспективата ќе ти биде сосема другачија од онаа што ја имаш денес...