Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не знам што е придобивката ако си виден. Излегувам на многу различни места, зависно од расположението. На пример, не би отишла во дискотека, ако таа вечер не сум весела и ако ушниве тапанчиња не ми се наштимани за гласна музика. На тој начин само би си го загубила времето од вечерта, а башка и после ќе треба да се рехабилитирам по дома од гужвите. Башка, на такви места, секогаш сум мањак или телефон, или едно две петстотчиња, или цела ташна... И обично, тоа е делот од мене кој е виден на крајот од вечерта.Барајте ме кај закачалките, како чекам да се расчистат сите јакни, пошто ми го нема бројчето...
Лето е, сигурно во вашиот град се одржуваат бројни журки, концерти и културни манифестации. Прашањето ми е, доколку одите на нив дали тоа го правите пред се заради артистите кои настапуваат или заради да бидете видени таму па утре да можете да се "фалите" по мало и кафиња дека сте биле, а всушност малку знаете за артистот и не ви е баш во вкус, но сепак луѓето ве виделе на тој "фенси" настан и тоа ви е најважно :wink:
И што мислите за оние кои излегуваат само за да бидат видени?
е добро де...си купил еве нови фармерчиња..ја земав едни од acid и многу ми го праеа меракот па сакав да ги покажам на другарки/другари..нема ништо лошо во тоа..или истото ќе го направат они...може се мисли на оноа леле маче ама ти се убави штиклите а после види и ги на онаа штиклине ама и се лоши?..:salut:И јас навистина не знам што е придобивката ако си виден, а исто така не можам да разберам зошто авторот на темава сака да дознае дали повеќето членови на „Кајгана“ форумот излегуваат во град за да бидат видени, или пак да си поминат убаво.Дали има некоја другарка која гледа на работите сосем поинаку од нас, или пак она гледа поинаку на работите тоа уште не го разбрав, разгледувајќи ги страните од темава каде авторот се има изјаснето само еднаш, а тоа е недоволно за да дадеш конкретен заклучок.
Инаку што се однесува до мене, јас излегувам за да комуницирам со моите другари; излегувам за да се посмеам и да се разонодам, да чујам некоја шега од моите другари а воедно и они да чујат некоја шега од мене.Значи пред се, излегувам зошто сакам да се дружам и да се разонодам кога сум слободен преку викендот, а не сакам да излегувам само заради тоа што сакам некој да ми ги види (пр.) порцеланските заби, најновото од "Zepter", патиките од еленска кожа, како и кошулата со копчиња направени од слонова коска.
Еве, и јас да дадам објаснување зошто веќе гласав и должност е да дадам објаснување за опцијата која што сум гласал.
е добро де...си купил еве нови фармерчиња..ја земав едни од acid и многу ми го праеа меракот па сакав да ги покажам на другарки/другари..нема ништо лошо во тоа..или истото ќе го направат они...може се мисли на оноа леле маче ама ти се убави штиклите а после види и ги на онаа штиклине ама и се лоши?..:salut:
Ми се допаѓа.Се разбира дека излагам да бидам виден.
Се разбира дека излагам да бидам виден.