4NHK0
Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Многу ретко излегувам, најчесто седам во паркот, многу ретко одам до Делма-та каде што си уживам во рокчето што Дељето го пушта, без алкохол или дроги и такви работи. Се облекувам како ќе ми прдне, а и често од некои ,,шизици'' добивам прашања како: Каде ќе одиш бе, по риби/лов? Или: Во Арачиново ќе одиш ли бе? И слично. Си носам што сакам, си слушам што сакам, не се замарам кој како ме погледнал или пак мислам кој што мисли за мене. Алкохол веќе 2ипол години не сум ставил во уста, дроги никакви немам пробано, само што кога некој ќе ме види како се облекувам и каква музика слушам (со што веднаш се ствараат филмови и така најчесто се оценуваат какви се луѓето) никако нема да поверува кога ќе му кажам дека не конзумирам ништо. А како што @Del Boy кажа, успех за младината е да бидат видени како едно кафе да го лигават 2ипол часа во некој кафиќ каде што истите можат и сакат да бидат видени кои се и што се. А и колку се ,,успешни''. ,,Лежи лебу да те јадам'' - главниот животен стил на денешната младина.