Излегувате за да бидете видени или убаво да си поминете?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

Излегувате за да „бидете видени“ или за да си поминете убаво?

  • Поважно ми е да ме видат другите каде сум бил/а вечерта

    Гласови: 13 5,8%
  • Поважно ми е јас да си поминам убаво, без разлика каде сум

    Гласови: 207 92,4%
  • Поважно ми е јас да видам кој како е облечен и што прави

    Гласови: 4 1,8%

  • Вкупно гласачи
    224
Сите излегуваат за да бидат видени и јас исто така!
 
Јас одам на театар и опера за да ме видат, ама многу е темница во тоа салата па никој не ме гледа и тоа ме прави тажен. :(
 
Ханзо тапа си, ич не си фраер еј, ќе и` речам на девојка ти да те откачи, оти не си „видлив“ у град. Ханзо, абе мора и ти нов да си на форумов мајку му стара!:pipi:
 
Пола-пола..........батали тие причи не е битно кај си битно е со кој си.
 
Излегувам за убаво да си поминам......., а за тоа дали другите ќе ме видат или не ич не ми е гајле :)
 
Излегувам зошто морам да излезам, зошто ми треба друштво, убав провод, зошто не сакам да бидам куќна буа. А кога излегувам не се чекирам на фејсбук каде сум, со кој сум, не го сликам кафето што го пијам, јадењето што го јадам и штиклите што ги носам.
 
Јас за да си поминам убаво, ама не секогаш на друштвото му е тоа на прво место... Или нешто не е погодено, или нешто им смета, или сакаат да бидат видени, со сите различно...Порано повеќе се сложувавме и гледавме да си поминиме убаво сите, а денес ретко со кој можам да се согласам па да речам убаво си поминав.
 
ФАКТ е дека секој сака да биде виден, не мора да си поминува убаво, ако треба и ке чмае у 13ка штикла и ич нема да му е убаво,едвај ке се влече низ град ко тазе родено ждребе,ама битно ке го видат! Абе ако треба ке се закова на тоа масата со друштво кој од кој позајадливи ама битно ке стои таму ке трепка ко паун и ќе бидува виден. У сабота вечер. У клуб. На Камелија. Ватевр..
 
izleguvam za da bidam shmeknat, redovno se desava toa
 
Јас си излавам за да си поминам убаво ... нема излавање а јас да не сум највесел 2 вотки и забавата започнува.. Исто така излавам за да се запознавам со други друштва воедно и нови девојчиња , па и да се изманијаче некоја.. најбитно од се у нашто градче мн се озборува па нема излавање каде што не си испооговаран


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Се подзамислив за темава и во никој случај не сум излегла за да бидам видена! Секогаш на прво место е да си поминам убаво, а после тоа излегувам за да не седам дома.
Не ми е важно каде ќе ме видат другите, ако не ми е пријатно некое место, не одам таму и готово. Исто и не ми претставува проблем да седам дома петок/сабота, дека нели има и такви што мора секој викенд да се искочени. Еве овој петок си седев дома, не бев расположена за излегување.
Да ме интересира некој како е облечен? Тоа може да го коментирам само со некој со кој не можам да сврзам два реда муабет.
Сакам да излегувам на места каде што нема познати луѓе околу мене. Убаво е чувството тогаш.:pipi:
 
Не излегувам. Веќе од пред нова година бојкотирам се што е кичерај и што ги испреврте сите морални и животни вредности. Чат-пат во некое кафанче или ресторант кај што има добра храна чисто онака од љубов спрема храната , не за друго. На кафе во кафич не сум бил можеби пола година , од ноември минатата година памтам последен пат , а нема ни да одам. На 90 % од младите достигнување во животот им е да пијат кафе во некој фенси кафич , да го држат мобилниот од 500 евра во рака и да го чачкат , и да собираат погледи како што собираат лајкови на фб , и што е најжално тоа го сметаат за достигнување во животот. Јас би одбрал смрт попрво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom