веќе некој период додавам лажица таан во мусли (вкусно ми е), дали таанот е дозволен за градење мускулна маса или треба да се избегнува?
Една до две лажици не е многу едино ако броиш калории или течности. Лично сега не земам таан оти се полнам со други ствари, порано земав со мед и ми даваше доволно енергија да ги одработам и тежинскиот дел и трчањето или 2 мускулни партии одеднаш што е посебно напорно. Притоа, гоењето или слабеењето или градењето маса ми зависеа од другите извори на храна. Таанот-сусамово масло како што читам има доста калории во 100 грама ама има и витамини, бакар, фосфор, тиамин, протеини, корисни масни киселини и многу малку заситени масти. Се смета дека маслото помага при зголемено формирање слободни радикали (кои се интензивираат при тренинзите) како антиоксиданс.
Еве информации од Виталија за100 грама таан
Таанот е богат со протеини, витамини: А, Е, Б1, Б2, Б3, и минерали: Ca, Fe, P, Na, K. Помага за нормализирање на крвниот притисок, намалување на холестеролот како и при бронхијални заболувања. Состав: 100 % чисто, излупено и мелено сусамово семе.
Употреба: најдобро е да се консумира пред јадење, чист или со мед во сооднос 1:1. Препорачана доза: за возрасни 1 супена лажица , а за деца 1 кафена лажица 2-3 пати дневно. Не содржи шеќер – погоден за дијабетичари.
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 100g
Енергетска Вpeдност 656kcal
Масти 59,5g
Вкупни јаглехидрати 12g
Протеини 38,4g
Холестерол 0g