Момци мноу јака идеја ми текна пред некој ден!
Праев буритоси, испаднаа пекол и у оние моменти на прејаденост почиња грижа на совест да ме пука и у еден момент ми светнуе, чек, ја уствари јадев профи билдерски оброк о.о Месо и зеленчук + тортиља о.о
И ми текна дека уствари бурито моеш да праиш со шо кур сакаш и јакото е шо моеш да го јадеш без да се брукаш со канче со ориз на јавно место и моеш коа и кај сааш да го носиш!
До сеа напраив три верзии, профи билдерски и не се опишуе колку е јако!
1. Мелено месо со томатен сос и зачини, гвакамоле (авокадо, лимон, кромидче малце и коријандер), праз, патлиџан, краставичка!
Зимаш тортиљата ја мачкаш со гвакамолето ставаш патлиџанче тенко сечкано, краставичка, празче-марула шо сааш, ставаш месото голема количина, рендаш кашкавал мноу, заврќуеш и или пакуеш у фолија за после теретана или го јадеш одма!
2. Зимаш тортиљата ја мачкаш со мајонефче, или ако неќеш моеш само марула да стаиш голем лист на тортиљата, да ја измешаш туната со кромидче+златна мешавина или као и да ја поштуеш, ја прскаш врз марулата, заврќуеш тортиљата и имаш ПРЕЈАКО бурито со туна. Протеини фршти!
3. Со пилешко! Ситно сечкано пилешко си го праам на путер и после буритото си го бунам со пилеќе златна мешавина љуто пиперче и краставичка.. И ја намазуем тортиљата со сенф! Прејако! Just ate it.
Тортиљиве ги има да се купат низ супермаркети али најбоље е да си ги праите дома! Трошиш одприлика 40 мин за да напраиш 20 тортиљи и си ги чуваш у зиперка или у шобило, стануеш од спиење си пуниш 3 тортиљи со смеса од шо сакаш и имаш врапови за цел ден! За на работа, за директно после теретана, за билокоа..
Тортиља има рецепти на youtube као се праи ме мрзи сеа да пастирам, у суштина, брашно + прашок за пецива (baking powder) + сол + масло + вода. Толку. Боза. А здраво, ни глутени ни мутени ни нишо, јако е и за булкинг и за катинг пошо си го пуниш шо сакаш а тортиљата сама по себе не ти мења нишо нити у нутритивна вредност нити во калории пошо ја праиш тенка ко лис.
Ајт наздравје!