Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Најбрзиот начин за слабеење.
Сериозно функционира пробајте.
Земате билет до Антартикот или било кое ладно место под нулата.
Почнувате да трчате голи и не јадете 24 часа.
Симнувате 10 кг за еден ден.
Нормално ако преживеете ќе бидете чудо
А сега вратете се во реалноста и доста барате краткотрајни решенија,наместо да се жалите почнете да правите нешто за тоа
Пак не си се напил апче?!?! :o
 
Не.
Има ли проблем во мојот пост?
Го посочив убаво дечкото и почна да бара краткотрајно решение за неговиот проблем.
Мора да играш иронично за да ја разберат поентата.
 
Последно уредено од модератор:
Житаркиве од виталија добри се за здебелување? Гледам едно содржи 150 калории, едно друго такво мало чоколатце гледам 51 калории, ако пукам вакви 10 дневно ќе се качи некое килце?
 
IIFYM dude.[DOUBLEPOST=1399416976][/DOUBLEPOST]Мојот нов рецепт.
Макро-нутритивни вредност по парче.
Вкупно 10 парчиња.
3 грама јаглехидрати,3 грама масти и 12 грама протеини.
Ај победи го тоа,твојот леб го нема тоа
http://instagram.com/p/nrAFvYSjL-/
Високо протеински леб, без јаглехидрати. Брокула 72 грама варена Протеин од сурутка 120 грама 2 јајца 3 белки 100 грама урда 10 грама кокос 10 грама ленено семе Ванила екстракт.
 
Последно уредено од модератор:
Житаркиве од виталија добри се за здебелување? Гледам едно содржи 150 калории, едно друго такво мало чоколатце гледам 51 калории, ако пукам вакви 10 дневно ќе се качи некое килце?
Не се добри за здебелување
 
веќе некој период додавам лажица таан во мусли (вкусно ми е), дали таанот е дозволен за градење мускулна маса или треба да се избегнува?
 
веќе некој период додавам лажица таан во мусли (вкусно ми е), дали таанот е дозволен за градење мускулна маса или треба да се избегнува?
Една до две лажици не е многу едино ако броиш калории или течности. Лично сега не земам таан оти се полнам со други ствари, порано земав со мед и ми даваше доволно енергија да ги одработам и тежинскиот дел и трчањето или 2 мускулни партии одеднаш што е посебно напорно. Притоа, гоењето или слабеењето или градењето маса ми зависеа од другите извори на храна. Таанот-сусамово масло како што читам има доста калории во 100 грама ама има и витамини, бакар, фосфор, тиамин, протеини, корисни масни киселини и многу малку заситени масти. Се смета дека маслото помага при зголемено формирање слободни радикали (кои се интензивираат при тренинзите) како антиоксиданс.
Еве информации од Виталија за100 грама таан

Таанот е богат со протеини, витамини: А, Е, Б1, Б2, Б3, и минерали: Ca, Fe, P, Na, K. Помага за нормализирање на крвниот притисок, намалување на холестеролот како и при бронхијални заболувања. Состав: 100 % чисто, излупено и мелено сусамово семе.
Употреба: најдобро е да се консумира пред јадење, чист или со мед во сооднос 1:1. Препорачана доза: за возрасни 1 супена лажица , а за деца 1 кафена лажица 2-3 пати дневно. Не содржи шеќер – погоден за дијабетичари.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 100g
Енергетска Вpeдност 656kcal
Масти 59,5g
Вкупни јаглехидрати 12g
Протеини 38,4g
Холестерол 0g
 
Последно уредено:
Деќки ај инфо ако некој знае повеќе колку се и каде ги има новите барови на Виталија со 35% протеин oд сурутка и СОЈААА ?
10334390_864841766865035_3081468310328851245_n.jpg
 
Последно уредено:
дечки што јадете по сабајле?Најчесто прескокнувам доручекот бидејќи освен јајца и кришка леб со сирење/кашкавал и не знам што да јадам, каснувам овошје/зеленчук најчесто... Сакам да ослабам и освен овески снегулки (што ми се некако одвратни, пробав обични некои со јогурт/млеко и стварно неможев ми се гадеше) не сум слушнал за нешто друго.Може некој да сподели што јаде или да продолжам со тоа "intermediate fasting" мислам така се викаше, успеав да ослабам 5 кг у рок од месец .Еве скрин од myfitnesspal што сум собрал кога не сум прескокнал доручек Untitled.png
 
Па не јади доручек, или прави си исто како и до сега што правиш, само исфрли бели брашна од исхраната.
 
дечки што јадете по сабајле?Најчесто прескокнувам доручекот бидејќи освен јајца и кришка леб со сирење/кашкавал и не знам што да јадам, каснувам овошје/зеленчук најчесто... Сакам да ослабам и освен овески снегулки (што ми се некако одвратни, пробав обични некои со јогурт/млеко и стварно неможев ми се гадеше) не сум слушнал за нешто друго.
Пробај ги со лажица мед и со малку цимет (или без цимет).
Ти веќе си ослабел 5 кг за 1 месец, значи програмата ти функционира само можда ти е и премногу "брза" за да ја задржиш мускулатурата на пристојно ниво освен ако не земаш поголеми количини протеини и витамини.
Од мое искуство со брзо слабеење, би ти препорачал внимавање со слабеењето оти такво темпо тешко се издржува. Најлошо е што прво "страда" она што не сакаш -лице, врат, раце и нозе.
 
Последно уредено:
освен овески снегулки (што ми се некако одвратни, пробав обични некои со јогурт/млеко и стварно неможев ми се гадеше)
Значи ги купуваш ѕверкиве (баш сеа купив од тинекс)
lXVmLUj.jpg
ги ставаш во млеко, ставаш јаболко исечено на парчиња, ставаш цимет
и не може да ти се одвратни
можеш да кажеш безвкусни... не знам стварно како може да ви се одвратни овесните снегулки. Ај пробај за мене уше еднаш со јаболко и цимет
 
Пробај ги со лажица мед и со малку цимет (или без цимет).
Ти веќе си ослабел 5 кг за 1 месец, значи програмата ти функционира само можда ти е и премногу "брза" за да ја задржиш мускулатурата на пристојно ниво освен ако не земаш поголеми количини протеини и витамини.
Од мое искуство со брзо слабеење, би ти препорачал внимавање со слабеењето оти такво темпо тешко се издржува. Најлошо е што прво "страда" она што не сакаш -лице, врат, раце и нозе.
фала многу, обавезно ке пробам со цимет и јабука.А иначе како мислиш да страдаат тие делови од телото? 16 год сум, имам 93кг а висок сум 182цм и планирам да терам до негде 75-80кг.Внесувам отприлика 1360 калории на ден, некад поише некад помалце зависи како ми е денот .Стварно е ова брзо за мене со оглед на тоа дека имам доста вишак килограми?Сум читал нешто како не било препорачливо под 1500 калории дневно ама што знам...
 
на 93кг и 182цм, 1360 калории ти се малце... не брзај
најди на интернет со оваа и килажа и висина колку калории дневно ти требаат (мада и ова е релативно) и намали за 500 калории дневно.
Така ќе слабееш поспоро, но посигурно и многу потешко би ја вратил тежината после.
Со 1360 калории на ден скоро загарантирано е дека ќе ти се случи јојо ефектот и после ќе бидеш полаком за храна и ќе ги вратиш брзо калориите.
Мада средно-висока физичка активност 3-4 пати неделно оневозможува враќање на тежина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom