Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
од прилика да прашам дали е доста 300-400 грама стек после тренинг со компир,или ориз и салата и после 15 мин гејнер тоес дали е нормално
 
Туна, сардина, скуша од конзерва да се крка често арно е?
Јас јадам секој ден туна од конзерва, само ја цедам скроз додека не искочи последната капка течност

Треба баланс да се прави во животот, све што е претерано не чини.
Туната содржи жива во себе како резултат на загадените води во кои што живее. Е сега да речеме дека нема шанси да се наталожи во вашиот организам толку жива за да направи некоја штета, пак се појавува една друга работа, а тоа е дека секоја конзервирана храна во себе има траги од хемиски супстанци, хемикалии кои што ги испушта самата конзерва.
Па сами одлучете дали е добро секој ден да се крка.
 
Филети Ослич, филети Полог ви се подготвуваат за 10 минути (јас ги потпржувам без масло, печам во тава со зеленчук или ги варам исто со зеленчук), ете ви промена во делот на рибите, јас конзумирам скоро секој ден некаков тип на риба, но секогаш менувам, еден ден две филети полог, следниот две филети ослич, сардина, туна (строго цели парчиња, таа ситната е ѓубре), скуша....
 
Треба баланс да се прави во животот, све што е претерано не чини.
Туната содржи жива во себе како резултат на загадените води во кои што живее. Е сега да речеме дека нема шанси да се наталожи во вашиот организам толку жива за да направи некоја штета, пак се појавува една друга работа, а тоа е дека секоја конзервирана храна во себе има траги од хемиски супстанци, хемикалии кои што ги испушта самата конзерва.
Па сами одлучете дали е добро секој ден да се крка.

Тоа и мене највеќе ме загрижува. Сите туни вклучително и Ева (што ме изненади) се увезени од Тајланд или некоја друга земја од тој регион кој што е тешко загадуван. Единствено Рио Маре е од Средоземно море, ама цената е луда.

Скушата и сардината ги има од Атлански најчесто од Мароко.
 
одам на маса. земав метан и гејнер па дали ке биде некако добра исхраната совет :
пред појадок цитроносно овошје или пак банани
поојадок : овес со млеко или јогурт , или 5јајца, и ошто што може да биде за појадок хехе

после додека падне јаденењето гејнер

2 банани или чоколадо на виталиа пред тренинг

после тренинг секакво месо со ориз или компир 300-400г рама месо,ил пак макарони шпагети

после 20 мин од коа ке падне јадење гејнер

вечера 5 јајца со урда и салата 100 грама или пак сирење или туна со салата

додаите нешто ако треба
 
Ако е будала некој нека те корегира за исхраната, ако платиш може да ти ја средиме.

Два тренинзи и третиот метан, тоа што се нема појма од основни работи и во исхрана и тренинг не е проблем :facepalm: :tapp:
 
Има ли некој носено преку граница протеин?? планирам да си купам една врека 5кг и амино 1кг тука и кога ке идам у мк со мене да си ги земам со кола, ке прават ли проблеми?
 
Има ли некој носено преку граница протеин?? планирам да си купам една врека 5кг и амино 1кг тука и кога ке идам у мк со мене да си ги земам со кола, ке прават ли проблеми?
Зависи од која држава и од граничарите, јас имам носено многу пати и секогаш сум поминувал различно, на Бугарска граница ако ти прават проблем се решава со червена, на Грчка како ќе ги удри главата, Србите обично пуштаат, али знаат и тие да бараат за баци рака.
 
од Словенија, преку Србска ке влегувам у мк...
 
од Словенија, преку Србска ке влегувам у мк...
Со среќа, не би требало да имаш мака со Србите, кажи му дека си го купил од Србија ако те праша, не му спомнувај дека е од Словенија :D
 
Со среќа, не би требало да имаш мака со Србите, кажи му дека си го купил од Србија ако те праша, не му спомнувај дека е од Словенија :D

ок фала:D, само ке ми биде отворено, оваа сега нема да ми стигне до крајов на месецов, ке мора да ја отворам таа врека едно 15дена ке црпам од неа...
 
кога купувате суплименти од бугарија од кој град и кои продавници земате и каде има најповолни цени?
 
кога купувате суплименти од бугарија од кој град и кои продавници земате и каде има најповолни цени?
BVD во Софија, FHL исто во Софија, SILA BG исто во софија, овие три ги имам посетено во Софија, во Благоевград сум бил во Full power Nutrition, побарај по интернет сигурно имаат сите веб страни, за цени може да се договориш на лице место ако земаш поголема количина.
 
16100574_ede36d71.jpg

Го има ли овој јогурт кај нас ? Или нешто слично со мал % масти а над 10г протеин во 100г јогурт.
 
16100574_ede36d71.jpg

Го има ли овој јогурт кај нас ? Или нешто слично со мал % масти а над 10г протеин во 100г јогурт.
Имаш фит павлака или нешо така, со 10тина грама протеин на 100грама ама скапичок беше малку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom