Ирански бродови пловат кон Газа

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Kо второ, од прв поглед се забележува дека Иран е опкружен со територии кои се амерички колонии и протекторати. Зошто САД не го искористи тоа, вратата е ширум отворена? Зошто не интервенира да го спаси светот од „окупаторот“ Иран

Велат МИР донесен со војна НЕ е МИР.

Првен Дипломатија!!!!

Ако размислиш на долг рок ќе видиш дека САД всушност ја штити Првенствено ЕВРОПА,значи оваа политика која Буш ја започна истата со цел НЕСТАБИЛНИ лидери,Држави да не поминат т.н Црвена граница а Обама ја утна за жал.

Ова...всушност не против Иран...туку на глобално НИВО-Толеранција на Пролиферација на Нуклеарно вооружување НЕ СМЕЕ ДА ИМА!!
Правото на Нуклеарна енергија на Иран не е оспорливо,но збогатуваат Ураниум,нема контрола(а се обврзани) развиваат Балистика..С.Кореански научници идат на "посети"...хмм здрав разум кажува што се случува-ЗЛОупотреба првенствено.

Жално ќе биде што и покрај огромната ефективност на модерното вооружување еве на пример ЕДЕН Б-2 со еден напад има го реализира она што на Б-17 во ВВ2 му требале 4500 борбени летови и 9000 бомби,а сепак ЦИВИЛИ ќе страдаат...паметен Лидер би размислил што прави,а и виде како завршија тие кои сакаа премногу.

Настрана провокации џамарани...бла бла...факт е дека ако не се реагира за 3-5 години Иран ќе биде нуклеарна Сила достоја на Кореанската со можност да гаѓа цели во африка,Европа,Русија,Индонезија....

Од кога се спремаат на напад? веќе 30 години?

Викаа така србите...уствари Викаше и САДАМ и Неговите Генерали дека Заливската војна ќе биде "Мајка на сите битки и непријателот ќе биде распарчен " А и на крај краеви се предвидуваше над 30 000 жртви од Коалицијата....а Уствари Коалицијата(САД Англија..) имаа само 343 загинати а Ирачката армија 120 000...Епа види ти сега ТВРДОГЛАВОСТ каде води.
 
Ако размислиш на долг рок ќе видиш дека САД всушност ја штити Првенствено ЕВРОПА,значи оваа политика која Буш ја започна истата со цел НЕСТАБИЛНИ лидери,Држави да не поминат т.н Црвена граница а Обама ја утна за жал.
А Буш па еден стабилен лидер човек солзи да му потечат,Ганди не му е рамен,па ке го штити светот од нестабилни лидери.Демек за 2 години Обама успеа да ја преврти политиката на Буш за 180 степени?Уште 3-4 години ке треба најмалку за да се осети дека воопшто дошло до промена на председатели.

Ова...всушност не против Иран...туку на глобално НИВО-Толеранција на Пролиферација на Нуклеарно вооружување НЕ СМЕЕ ДА ИМА!!
Правото на Нуклеарна енергија на Иран не е оспорливо,но збогатуваат Ураниум,нема контрола(а се обврзани) развиваат Балистика..С.Кореански научници идат на "посети"...хмм здрав разум кажува што се случува-ЗЛОупотреба првенствено.
Е викаш?А кој ја контролира нукеларната програма на Израел?За таква ли контрола се зборува?Или Израел има строго цивилна нукеларна програма?
...паметен Лидер би размислил што прави,а и виде како завршија тие кои сакаа премногу.
А кој одредува кој е паметен?Народот на Иран на избори или оние кои не живеат во Иран?Или паметен е секој оној кој ке прави што ке му нареди Западот и Израел,а во спротивно е радикален исламист?

Настрана провокации џамарани...бла бла...факт е дека ако не се реагира за 3-5 години Иран ќе биде нуклеарна Сила достоја на Кореанската со можност да гаѓа цели во африка,Европа,Русија,Индонезија....
И?И Израел е сила со доволно нукеларно оружје и можност да загрози половина од земјината топка,а постои и оперативен план во Израелската војска со кој во случај Израел да падне со себе ке повлече и други.На листата на цели е и Ватикан меѓудругото.Мене ете на пример ми е страв од будали како Нетањаху или овие радикалните ортодоксни Евреи да не дојдат на власт.Или да погодам Израел и САД се исклучок оти им се може?

Викаа така србите...уствари Викаше и САДАМ и Неговите Генерали дека Заливската војна ќе биде "Мајка на сите битки и непријателот ќе биде распарчен " А и на крај краеви се предвидуваше над 30 000 жртви од Коалицијата....а Уствари Коалицијата(САД Англија..) имаа само 343 загинати а Ирачката армија 120 000...Епа види ти сега ТВРДОГЛАВОСТ каде води.
Така ли?Војната заврши со Пустинската Олуја а се што се случуваше 8 години потоа се само мировни операции во кои случајно загинаа иљади ,,сојузнички,, војници?Ете каде води глупавост и самобендисаност а што е уште посмешно крајот не се ни гледа.Садам изгледа и покоен ке им се смее одозгоре,затоа што за разлика од другиве тој барем беше способен да го одржува Ирак цел и под контрола ваков или онаков.И на крај секако заборави да спомнеш и за можноста и Нуклеарната програма на Иран да заврши славно како Хемиската програма на Садам,кој имаше доволно ,,балистика,, и ,,хемикалија,, да го уништи цел свет.Ама фала богу па Коперфилд среди работа па цел свет не може да го види хемиското оружје.

Буш го разбираше светот како поле на ,,кој му е поголем,, натпревар,па кога испадна дека некој има поголем не му се даваше газето,уште повеќе испадна дека некои и со помали се многу подобри техничарчиња па пак не му се сакаше,ама како што викаше Чичко Кумплуг ,,нема сега немој,, .Уште долги години ке се чистата сра*ата на Буш,а што е најтрагично најмногу ке патат САД и нивните сојузници,вклучувајќи не и нас,и каде што за жал Буш има сеуште огромна поддршка од несфатливи причини бидејќи тој е човекот што успеа нашиот најголем сојузник да го доведе до ситуација една Атина да ги влече за нос, и еден Чавез од преку пат да им се смее во лице...
 
Ха, ха ха. Абе кучето што лае не каса.

Колку што се сеќавам имаше отворено тема за САД, ја претстави како чума, како убива цивили, војници, освојува и окупира територии, користи туѓи ресурси. И после кучето што лаело не каса... Америка денес е помоќна од било кога, незнам само зошто ви смета да го признаете тоа.
 
Америка денес е помоќна од било кога, незнам само зошто ви смета да го признаете тоа.
Не жалното е што е послаба од било кога а не ви се гледа вам.Да беше помоќна од било кога ние одамна ке бевме во НАТО.
 
Јас мислам дека Нуклеарен и моќен Иран не постои - тој е создаден од САД. Иран има многу малку конвенционално оружје кое е претежно застарено и иако произведува речиси секаков вид на оружје, масовното производство е преслабо. Има огромни резерви на нафта и гас но ни од далеку не е развиен на тоа ниво како своите соседи. Иако е голема земја со 74 000 000 жители, Обединетите арапски емирати се многу пати помали, имаат само 6 000 000 жители но имаат повеќе и доста помодерно оружје од Иран - тие се доволни за нив. Но оваа нуклеарна тензија н анекој му одговара.

Еве еден прост пример во борбени авиони.

Емиратите: 80 - F-16 / 68 - mirage 20009 /

Иран има 28 mig-29 неколку авиони има од домашно производство копија од f-5 и се друго е катастрофа и музејски експонат.
 
Толеранција на Пролиферација на Нуклеарно вооружување НЕ СМЕЕ ДА ИМА!!

Демек Иран ако напрајт нуклеарки, претставуват закана за човештвото, а пак Американските бомби се за цвеќињата во Холандија, мразниците на Алпите, за мир во Австриските подруми и слично.
Или пак и Виетнам претставуваше закана за човештвото. Можит, да, ако фрлеа една лопата или вила, ке не снемаше сите.
 
Не жалното е што е послаба од било кога а не ви се гледа вам.Да беше помоќна од било кога ние одамна ке бевме во НАТО.

А пак тие што интерес и корист од нас имаат, ебиму мајката :icon_lol:

п.с. Со тоа што реков дека е моќна, мислев на тоа колку е воено моќна и технолошки напредна, не политички, тоа башка.
 
А пак тие што интерес и корист од нас имаат, ебиму мајката :icon_lol:
Погрешно повторно.Имаат и те каква.Најубавото и стратешки најважното место е во нивни раце.И подолг е списокот ако знаеш што да бараш.Да немаа интерес воопшто не би се замарале со нас...

п.с. Со тоа што реков дека е моќна, мислев на тоа колку е воено моќна и технолошки напредна, не политички, тоа башка.
Воената моќ е инструмент на политиката.Политичката немоќ е во директна врска со воената.Не за џабе губат две војни веќе кои економски ги исцрпуваат максимално.
 
Погрешно повторно.Имаат и те каква.Најубавото и стратешки најважното место е во нивни раце.И подолг е списокот ако знаеш што да бараш.Да немаа интерес воопшто не би се замарале со нас...
Воената моќ е инструмент на политиката.Политичката немоќ е во директна врска со воената.Не за џабе губат две војни веќе кои економски ги исцрпуваат максимално.

Како што викаш, најубавото и стратешки најважното место е во нивни раце, (ако мислиш на тоа што го мислам и јас) ете, изградија тврдина на Кале. Меѓутоа исто така имаат интерес и од Грција, колку што знам имаат големи бази во Грција. Така да, оставија овој битен проблем да се реши меѓу Македонија и Грција, затоа што ги засегнува националните чуства и интереси, таков проблем не е лесно да се реши. Во меѓувреме, колку што паметам САД и Македонија потпишаа договор со кој САД ја гарантира безбедноста на Македонија се додека ние не го решиме проблемот со Грција и влеземе во НАТО.
 
А Буш па еден стабилен лидер човек солзи да му потечат,Ганди не му е рамен,па ке го штити светот од нестабилни лидери.


Стабилна политика која на долг рок ќе продуцира само бенефит и за Граѓаните на Ослободените држави но и за Светот во Целина и на крај краеви префрлање на фокусот т.е на фронтот со тероризмот(надвор од САД и ЕУ-од ЦИВИЛИ и нивни граѓани)И се разбира контрола на вооружувањето на т.н непријателски држави како,Иран кои отворено вријат.. .а поучени од грешката со С.Кореја.(патем види економски показатели за Ирак-се инвестира,се Гради,има вајрлес:) )

Демек за 2 години Обама успеа да ја преврти политиката на Буш за 180 степени?Уште 3-4 години ке треба најмалку за да се осети дека воопшто дошло до промена на председатели.
Така беше за време на Студената војна...кога требаше подолг период,денес Обама нема кај не отиде а кај не ја покака.

[/QUOTE]Така ли?Војната заврши со Пустинската Олуја а се што се случуваше 8 години потоа се само мировни операции во кои случајно загинаа иљади ,,сојузнички,, војници?Ете каде води глупавост и самобендисаност а што е уште посмешно крајот не се ни гледа..[/QUOTE]

Да така зборам конкретно за првата заливска војна....значи 343 со 120 000 војници-тактиката со комбинирање на Воздушно копнени сили успеа.

И?И Израел е сила со доволно нукеларно оружје и можност да загрози половина од земјината топка,а постои и оперативен план во Израелската војска со кој во случај Израел да падне со себе ке повлече и други.На листата на цели е и Ватикан меѓудругото.Мене ете на пример ми е страв од будали како Нетањаху или овие радикалните ортодоксни Евреи да не дојдат на власт.Или да погодам Израел и САД се исклучок оти им се може?

На многу листи е ватикан-но не значи дека ќе биде повлечен.
А кој одредува кој е паметен?Народот на Иран на избори или оние кои не живеат во Иран?

На демократски избори???
Инквизиција+ константни изјави и закани кон одредена независна држава.....парелно со развој на WMD и поддршка на радикални исламистички групи....јас не знам што не е јасно.

Или паметен е секој оној кој ке прави што ке му нареди Западот и Израел,а во спротивно е радикален исламист?

Кој запад???
НАТО-ние не сме членка.

Е викаш?А кој ја контролира нукеларната програма на Израел?За таква ли контрола се зборува?Или Израел има строго цивилна нукеларна програма?

Знаеш сам-Израел не е потписник т.е не е обврзан на било какви контроли тоа веројатно ти е јасно зошто.

.Уште долги години ке се чистата сра*ата на Буш,а што е најтрагично најмногу ке патат САД и нивните сојузници

Мене па конспираси ми велеа ќе се офајдат по војниве и нема да влијае на Економијата уствари велеа уште толку ќе се развие а таму 5-6 души си играат со нас:)

Не би рекол Патат-Целта е долгорочна исто и бенефитот на оваа политика на средниот Исток.(значи дека ќе има последици на БДП на земјите учеснички е ФАКТ неоспорен.)

...да Земевме предвид потег на буш-шах мат за иран со кратка и нежна воена интервенција Воздушна(израел настрана),мислиш дека Иран ќе Крека или ќе сврти кичма или ајатолахот е спремен да носи жртви заради религиозен трип??

Ти велам Обама е ПАСИВЕН претседател,некомпетентен и неспособен за водење на држава како САД.

Штетите од политиката на Обама ќе ги плаќаме хајдрих-не Бушовата.

Од Буш Имаме признавање под Уставно или толкувај го како Бенефит:)

Или Признавањето на Р.М уште едно Бушово с*ање го сметаш од кое ние патиме???

--- надополнето ---

Не жалното е што е послаба од било кога а не ви се гледа вам.Да беше помоќна од било кога ние одамна ке бевме во НАТО.

Епа тука лежи зајакот што би рекле-нато уште не е реформиран,а ова моментално се лекции....пракса.

На НАТО му е неопходна реформа доколку сака да го оствари она кон што цели на хартија.

--- надополнето ---

Демек Иран ако напрајт нуклеарки, претставуват закана за човештвото

Ќе почне Сирија,Венецуела,Египет...и.т.н

а пак Американските бомби .

Заедно со Руските одат...во неповрат:)

значи во моментов додека пишам 4 тона мастард хемиско оружје во САД се уништува...епа...речи го истото за Иран м??
 
А се прашувам да ли таа USA од бога е дадена само таа да има право на нуклеарно оружје. Секоја чест за Иран што развива нуклеарно оружје, а исто така и за Северна Кореја... Да има уште неколку такви храбри лидери на овој свет којшто ќе и кажат не на таа USA, верувам дека светот ќе биде многу поубаво место за живеење.
Америка досега не нападнала држава што поседува нуклеарно оружје. Затоа Америка сака држави без нуклеарно оружје. За да можат да ги нападнат ако не прават како што сака Америка. Како на пример Северна Кореја би одговорила на напад, а не би нападнала прва.
Зарем има некој толку глупав да поверува во чесните намери на USA и општо Западот, кога знае дека тие постојано си го развиваат своето Нуклеарно оружје, за да останат светска неоколонијална сила.
Иран треба да продолжи со својата Нуклеарна програма бидејќи само така ќе го зачува својот опстанок во ваквиот суров свет предводен од САД.
 
Ниту С. Кореја, ниту Иран можат да извршат напад со нуклеарно оружје на Американска територија (освен ако некој тинејџер не натовари тактичка 20-килотонска нуклеарка во цесна и со нејзе не слета во некој Амерички град :vozbud:). Едноставно немаат ракети со толкав домет, а и да имаат не е сигурно дало безбедно ќе стасаат до целта.
 
Како што викаш, најубавото и стратешки најважното место е во нивни раце, (ако мислиш на тоа што го мислам и јас) ете, изградија тврдина на Кале. Меѓутоа исто така имаат интерес и од Грција, колку што знам имаат големи бази во Грција. Така да, оставија овој битен проблем да се реши меѓу Македонија и Грција, затоа што ги засегнува националните чуства и интереси, таков проблем не е лесно да се реши. Во меѓувреме, колку што паметам САД и Македонија потпишаа договор со кој САД ја гарантира безбедноста на Македонија се додека ние не го решиме проблемот со Грција и влеземе во НАТО.
Ја имаат Македонија не само Калето.Воопшто не спорам дека САД се најголем сојузник на Македонија и се е тоа во ред,меѓутоа она што не ми е јасно е како не може да се свати фактот дека нашиот најголем сојузник го губи влијанието.Ако САД продолжи да слабее со оваа динамика тоагаш приоритетите ке се сменати ние ке одиме се поназад и поназад на агендата се дури еден ден не станеме потполно неважни и тогаш ке станеме проблем на ЕУ.А тие знаеме како ке го решат...

Стабилна политика која на долг рок ќе продуцира само бенефит и за Граѓаните на Ослободените држави
Оди прашај го народот во Ирак колку бенефит видел.Не можам да поверувам дека читам воопшто овакви работи.Ама баш како да слушам портпарол на Буш.

(патем види економски показатели за Ирак-се инвестира,се Гради,има вајрлес:) )
Ма милина човек да го фати мерак да оди на одмор во Ирак.Подсети ме од кога завршија ,,слободните,, избори и дали Ирак има влада?

Да така зборам конкретно за првата заливска војна....
А сега ретерираш,е па после таа војна ништо не го снајде Садам,здрав жив и на власт.
значи 343 со 120 000 војници-тактиката со комбинирање на Воздушно копнени сили успеа.
Комбинирање на воздушно-копнени сили?Ќе ми наброиш некоја војна која немала комбинирање на воздушни и копнени сили?Те молам,немој со тактикиве.
На многу листи е ватикан-но не значи дека ќе биде повлечен.
Треба да ти веруваме на зборот?Или треба да веруваме на зборот на Израелците?Не ни очекував дека ке имаш подобар одговор.

На демократски избори???
Инквизиција+ константни изјави и закани кон одредена независна држава.....парелно со развој на WMD и поддршка на радикални исламистички групи....јас не знам што не е јасно.
Се што наброја исполнува и Израел па не сум те чул да го обвиниш него.
Израел константно се заканува ама што е побитно и напаѓа други држави,Израел по устав е Еврејска држава,Израел има оружје за масовно уништување,Израел поддржува/л групи надвор од својата територија итн итн.А за продавањето демократија немој те молам толку е веќе изветреана таа работа,што е поразлична победата на Ахамдинеџад од онаа на Буш кога го доби вториот мандат?
Знаеш сам-Израел не е потписник т.е не е обврзан на било какви контроли тоа веројатно ти е јасно зошто
Значи и Северна Кореја која не е потписничка(се повлече) има право да поседува нукеларно оружје,а помала опасност е од Иран.Зошто тогаш ја напаѓаш и и го оспоруваш правото кога по твојава логика имаат исто право колку и Израел да поседуваат Нуклеарно оружје?
Како и да ја вртиш лицемерие вришти и тоа е проблемот заради кој едвај успеваат и некоја форма на санкции да издејствуваат и САД и Израел.

...да Земевме предвид потег на буш-шах мат за иран со кратка и нежна воена интервенција Воздушна(израел настрана),мислиш дека Иран ќе Крека или ќе сврти кичма или ајатолахот е спремен да носи жртви заради религиозен трип??

Не еднаш те имам прашано,а никогаш не сум добил одговор ама прашањето е неизбежно,да било толку лесно да изведат таква кратка и нежна воена интервенција зошто досега не е изведена?Демек сакаш да ми кажеш сакаат да избегнат жртви?Кажи ми кога цивилните жртви ги спречиле и САД и Израел да нападнат некого?
По енти пат не е можно кратко и брзо решение.Точка.

Ти велам Обама е ПАСИВЕН претседател,некомпетентен и неспособен за водење на држава како САД.
Па не може сите да бидат ратоборни по твоите стандарди знаеш,сме го расправале тоа досега.Само не ми е јасно која е пасивноста кога воопшто не е сменето ништо во политиката на борба против тероризмот.На времето кога Обама прати дополнителни Икс иљади војници,по 3 км постови пишуваше дека одамна требаше да го направи тоа и дека била идеја на Буш.И што доби со тие војници?Мир во Авгаснитан?Или 3 нови села денес се под контрола на коалицијата?


Од Буш Имаме признавање под Уставно или толкувај го како Бенефит:)

Или Признавањето на Р.М уште едно Бушово с*ање го сметаш од кое ние патиме???
Не,тоа е дневно политички аргумент,исто како оној дека ке дојде Обама и ке ја повлече одлуката.Само да те потсетам ставот на САД и во времето на Буш и сега во времето на Обама е непроменет,САД ќе го поддржат секое решение до кое ке стигнат Македонија и Атина.За сметка на тој аргумент во Македонија успеаја да се занемарат низа суштински работи кои секој ден се повеќе и повеќе одат контра нашите интереси.Како фан на Буш воопшто не ме чуди твојата неможност длабински и суштински да ги гледаш работите.Оваква површна аргументација е рамна на оние фан клуб муабети.Всушнот јас не сум ,,еден од ретките,, или единствен кој се согласува дека Буш е еден од најголемите кловнови во Американската историја и еден од најнеспособните претседатели,уште повеќе,човекот кој направи цел документарец за Бушовата глупост доби и Оскар.
 
Ниту С. Кореја, ниту Иран можат да извршат напад со нуклеарно оружје на Американска територија (освен ако некој тинејџер не натовари тактичка 20-килотонска нуклеарка во цесна и со нејзе не слета во некој Амерички град :vozbud:). Едноставно немаат ракети со толкав домет, а и да имаат не е сигурно дало безбедно ќе стасаат до целта.

САД не се согласуваат со тебе.Таеподонг 2 има домет да достигне до САД.

north-korean-missiles.jpg
 
До сега само ги читав постовите на вакви слични теми и некоментирав ништо, ама сега мора да го направам ова:
:bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo:
:bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo:
:bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom