Како што викаш, најубавото и стратешки најважното место е во нивни раце, (ако мислиш на тоа што го мислам и јас) ете, изградија тврдина на Кале. Меѓутоа исто така имаат интерес и од Грција, колку што знам имаат големи бази во Грција. Така да, оставија овој битен проблем да се реши меѓу Македонија и Грција, затоа што ги засегнува националните чуства и интереси, таков проблем не е лесно да се реши. Во меѓувреме, колку што паметам САД и Македонија потпишаа договор со кој САД ја гарантира безбедноста на Македонија се додека ние не го решиме проблемот со Грција и влеземе во НАТО.
Ја имаат Македонија не само Калето.Воопшто не спорам дека САД се најголем сојузник на Македонија и се е тоа во ред,меѓутоа она што не ми е јасно е како не може да се свати фактот дека нашиот најголем сојузник го губи влијанието.Ако САД продолжи да слабее со оваа динамика тоагаш приоритетите ке се сменати ние ке одиме се поназад и поназад на агендата се дури еден ден не станеме потполно неважни и тогаш ке станеме проблем на ЕУ.А тие знаеме како ке го решат...
Стабилна политика која на долг рок ќе продуцира само бенефит и за Граѓаните на Ослободените држави
Оди прашај го народот во Ирак колку бенефит видел.Не можам да поверувам дека читам воопшто овакви работи.Ама баш како да слушам портпарол на Буш.
(патем види економски показатели за Ирак-се инвестира,се Гради,има вајрлес

)
Ма милина човек да го фати мерак да оди на одмор во Ирак.Подсети ме од кога завршија ,,слободните,, избори и дали Ирак има влада?
Да така зборам конкретно за првата заливска војна....
А сега ретерираш,е па после таа војна ништо не го снајде Садам,здрав жив и на власт.
значи 343 со 120 000 војници-тактиката со комбинирање на Воздушно копнени сили успеа.
Комбинирање на воздушно-копнени сили?Ќе ми наброиш некоја војна која немала комбинирање на воздушни и копнени сили?Те молам,немој со тактикиве.
На многу листи е ватикан-но не значи дека ќе биде повлечен.
Треба да ти веруваме на зборот?Или треба да веруваме на зборот на Израелците?Не ни очекував дека ке имаш подобар одговор.
На демократски избори???
Инквизиција+ константни изјави и закани кон одредена независна држава.....парелно со развој на WMD и поддршка на радикални исламистички групи....јас не знам што не е јасно.
Се што наброја исполнува и Израел па не сум те чул да го обвиниш него.
Израел константно се заканува ама што е побитно и напаѓа други држави,Израел по устав е Еврејска држава,Израел има оружје за масовно уништување,Израел поддржува/л групи надвор од својата територија итн итн.А за продавањето демократија немој те молам толку е веќе изветреана таа работа,што е поразлична победата на Ахамдинеџад од онаа на Буш кога го доби вториот мандат?
Знаеш сам-Израел не е потписник т.е не е обврзан на било какви контроли тоа веројатно ти е јасно зошто
Значи и Северна Кореја која не е потписничка(се повлече) има право да поседува нукеларно оружје,а помала опасност е од Иран.Зошто тогаш ја напаѓаш и и го оспоруваш правото кога по твојава логика имаат исто право колку и Израел да поседуваат Нуклеарно оружје?
Како и да ја вртиш лицемерие вришти и тоа е проблемот заради кој едвај успеваат и некоја форма на санкции да издејствуваат и САД и Израел.
...да Земевме предвид потег на буш-шах мат за иран со кратка и нежна воена интервенција Воздушна(израел настрана),мислиш дека Иран ќе Крека или ќе сврти кичма или ајатолахот е спремен да носи жртви заради религиозен трип??
Не еднаш те имам прашано,а никогаш не сум добил одговор ама прашањето е неизбежно,да било толку лесно да изведат таква кратка и нежна воена интервенција зошто досега не е изведена?Демек сакаш да ми кажеш сакаат да избегнат жртви?Кажи ми кога цивилните жртви ги спречиле и САД и Израел да нападнат некого?
По енти пат не е можно кратко и брзо решение.Точка.
Ти велам Обама е ПАСИВЕН претседател,некомпетентен и неспособен за водење на држава како САД.
Па не може сите да бидат ратоборни по твоите стандарди знаеш,сме го расправале тоа досега.Само не ми е јасно која е пасивноста кога воопшто не е сменето ништо во политиката на борба против тероризмот.На времето кога Обама прати дополнителни Икс иљади војници,по 3 км постови пишуваше дека одамна требаше да го направи тоа и дека била идеја на Буш.И што доби со тие војници?Мир во Авгаснитан?Или 3 нови села денес се под контрола на коалицијата?
Од Буш Имаме признавање под Уставно или толкувај го како Бенефит
Или Признавањето на Р.М уште едно Бушово с*ање го сметаш од кое ние патиме???
Не,тоа е дневно политички аргумент,исто како оној дека ке дојде Обама и ке ја повлече одлуката.Само да те потсетам ставот на САД и во времето на Буш и сега во времето на Обама е непроменет,САД ќе го поддржат секое решение до кое ке стигнат Македонија и Атина.За сметка на тој аргумент во Македонија успеаја да се занемарат низа суштински работи кои секој ден се повеќе и повеќе одат контра нашите интереси.Како фан на Буш воопшто не ме чуди твојата неможност длабински и суштински да ги гледаш работите.Оваква површна аргументација е рамна на оние фан клуб муабети.Всушнот јас не сум ,,еден од ретките,, или единствен кој се согласува дека Буш е еден од најголемите кловнови во Американската историја и еден од најнеспособните претседатели,уште повеќе,човекот кој направи цел документарец за Бушовата глупост доби и Оскар.