Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
добро, права струка. Сигурно не си пробала да најдеш работа како економист само следејќи огласи. Дали знаеш колку економисти се побарани за овие година две и дали знаеш колку кандидати конкурираат за едно работно место економист во фирма?
мене не ме интересира дали е бранко или стојан. Понискиот ешалон (советници, кабинети, секретари...) е тукуречи ист сиве овие години. Мене ме интересираат ефектите кои ги спомена од оние параметри кои ти ги посочив плус дал знаеш колкава е номиналната, колку реалната плата и дали знаеш зошто се укинаа податоците за потрошувачка корпа (патем секоја нормална држава во Европа ги пресметува). Како економист кој вели дека има ефекти, би требало овие податоци да ги имаш.
Имам работа моментално,сум пробала и на некои други поатрактивни места, знаеме сите дека се е со црвени книшки . Е сеа јас ти зборам дека ефектот од инвестициите не можеш да го бараш веднаш ме разбираш ли! треба време, малку за да почнат со производство и извоз фирмит со полн капацитет ко што се планирани, по нив да дојдат барем уште толку... што си се запнал податоци та податоци. И демек според тие податоци, претходно за потрошувачката кошница беа вероостојни за преживување..////
 
па не би да посочувам имиња. Кого да прашав или не зема плата или е отпуштен...сега последните години. Ретко кој, обично комунали или државни фирми, да каже дека работи. А за платата е посебна приказна.

Ова на памет збориш ама ај.Иста песна е веќе 20 и кусур години,се си е исто..едно затвори,друго отвори..од шупљо у празно што се вика.Ама целта гледам дека ти е да потенцираш дека тоа е последниве години..ај нека биде.
 
Имам работа моментално,сум пробала и на некои други поатрактивни места, знаеме сите дека се е со црвени книшки . треба време, малку за да почнат со производство и извоз фирмит со полн капацитет ко што се планирани, по нив да дојдат барем уште толку... /
дали знаеш колку фирми се така дојдени, со колкави примања и колку вработени?
И пак ќе те прашам колку инвестиции има по глава на жител во Македонија, колку во другите држави?
Е сеа јас ти зборам дека ефектот од инвестициите не можеш да го бараш веднаш ме разбираш ли!
не, не те разбирам затоа што без податоци за добробитта на населението не можеме вака од памет да збориме.
За колку време би се осетиле ефектите од инвестициите кај граѓаните?
што си се запнал податоци та податоци. И демек според тие податоци, претходно за потрошувачката кошница беа вероостојни за преживување..///
па без податоци за она што те прашав како можеш да тврдиш дека ефекти има? Ако има, поткрепи ги со податоци. Ако нема, нема.
--- надополнето: 24 април 2013 во 22:50 ---
Ова на памет збориш ама ај.Иста песна е веќе 20 и кусур години,се си е исто..едно затвори,друго отвори..од шупљо у празно што се вика.Ама целта гледам дека ти е да потенцираш дека тоа е последниве години..ај нека биде.
Можеш да негираш, но што ќар имам ако те лажам луѓето како преживуваат и у какви услови живеат?
 
Lurtz знам како живеат немора да ми кажуваш,па не сум од Марс ја и не негирам дека лошо се живее,само те корегирам дека ова не е од последните неколку години,него е од 90-та наваму.Не ти ја сваќам искрено поентата дали ме убедуваш дека пред 7-8 години било подобро а сега е полошо.. Лошо се живее,беспарица е,нема работа,ниски плати,многу бегаат надвор да работат..Авганистан,Германија,Катар..се вадат бугарски пасоши,знам све..ама све почна со срамната приватизација,од тогаш иста песна се врти.
 
дали знаеш колку фирми се така дојдени, со колкави примања и колку вработени?
И пак ќе те прашам колку инвестиции има по глава на жител во Македонија, колку во другите држави?
не, не те разбирам затоа што без податоци за добробитта на населението не можеме вака од памет да збориме.
За колку време би се осетиле ефектите од инвестициите кај граѓаните?
па без податоци за она што те прашав како можеш да тврдиш дека ефекти има? Ако има, поткрепи ги со податоци. Ако нема, нема.
--- надополнето: 24 април 2013 во 22:50 ---
Можеш да негираш, ако мижиш. Што ќар имам ако те лажам? Бев близу твојот град, сакаш лично да ти ги донесам да кажат луѓето како преживуваат и у какви услови живеат?

ајде јас тебе утре еден бизнис план ке ти спремам со податоци прогнози и све , па сигурно ке биде се според статистиката.Се надевам ке бидеш задоволен. Бараш реализација..тоа се бара по учинок, а овде тек смо почели, нели е така? без инаетење де...
 
не се инаетам воопшто. Не е логично врз основа на впечатоци од Скопје 2-3 населби или од потесно окружување човек да заклучи дека ефектите се видливи. Едноставно барав податоци за ефектите. Да напоменам дека зоните и преговорите со инвеститори не се од вчера туку законот за слободни е. зони е од 1999 година што значи 12-13 години. Кај невработеноста и нивото на сиромаштија ефекти нема. Стандардот (кој се мери главно преку потрошувачка кошница, која Македонија ја укина) според ССМ е се полош за семејствата. Не е ни тешко да се измери колку со една просечна дневница можело да се купи пред 2-3 години, колку сега. Инвестициите по глава на жител се едни од најниските ако не и најниски од западен балкан и од источноевропските држави. Со исклучок можеби на Џонсон Мети (за кого слушам веќе буквално 10 години од Гуштеров) , другите 4-5 не може да се наречат инвестициски бум.

Најголемите 100 македонски компании извозници во текот на изминатата 2010 година оствариле извоз во вкупен извос од 2,02 милијарди долари, што е 61% од вкупниот извоз кој го направи Македонија како држава во 2010 година. Од друга страна, двата најголеми извозници Фени Индустри и Џонсон Мети направиле 16% од вкупниот извоз на државата во 2010 година. Само четири компании во Македонија, Фени Индустри, Џонсон Мети, Окта и Арчелор Митал, имаат извоз поголем од 100 милиони долари, а од десетте најголеми компании-извозници само ИГМ Трејд и Алкалоид се во домашна сопственост.
Најмногубројни на листата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ се компаниите од прехранбената индустрија. Од 100 најголеми извозници 19 се од прехранбената индустрија. Но, треба се има предвид дека тука влегуваат и компаниите од кондиторската индустрија и фирмите за производатво и трговија со овошје и зеленчук. Тие лани направиле вкупен извоз од 121 милион долари, што претставува 6% од извозот на 100 најголеми извозници, односно 3,66% од вкупниот извоз на Македонија во 2010 година.
Во моментов се присутни само пет фирми, но според најавите наскоро треба да профункционираат уште неколку, вели за Дојче веле директорот на Технолошко индустриските резвојни зони Виктор Мизо

Иако и ова не е показател за ефектите врз благосостојбата на населението и фирмите, ниту за задолженоста на државата и осиромашување и се полошо функционирање на институциите. Истите покажуваат надолен тренд. Впрочем, Митал кој е вброен во топ 100 на неколкупати отпушташе работници кои сега или продаваат во некоја трафика или на пазар...или седат дома.
„Арчелор Митал“ непожелен во Франција
 
а бе друже јас ен мисла да се расправам и докажувам, во директна инволвираност сум со извозов и тоа што ти го оспоруваш, така да , да не се убедуваме. Џонсон Мети се повеке години, почекај бре дај им шанса на другве да почнат да работат па че с сретнеме пак тука. од мене толку.
 
не се инаетам воопшто. Не е логично врз основа на впечатоци од Скопје 2-3 населби или од потесно окружување човек да заклучи дека ефектите се видливи. Едноставно барав податоци за ефектите. Да напоменам дека зоните и преговорите со инвеститори не се од вчера туку законот за слободни е. зони е од 1999 година што значи 12-13 години. Кај невработеноста и нивото на сиромаштија ефекти нема. Стандардот (кој се мери главно преку потрошувачка кошница, која Македонија ја укина) според ССМ е се полош за семејствата. Не е ни тешко да се измери колку со една просечна дневница можело да се купи пред 2-3 години, колку сега. Инвестициите по глава на жител се едни од најниските ако не и најниски од западен балкан и од источноевропските држави. Со исклучок можеби на Џонсон Мети (за кого слушам веќе буквално 10 години од Гуштеров) , другите 4-5 не може да се наречат инвестициски бум.

Најголемите 100 македонски компании извозници во текот на изминатата 2010 година оствариле извоз во вкупен извос од 2,02 милијарди долари, што е 61% од вкупниот извоз кој го направи Македонија како држава во 2010 година. Од друга страна, двата најголеми извозници Фени Индустри и Џонсон Мети направиле 16% од вкупниот извоз на државата во 2010 година. Само четири компании во Македонија, Фени Индустри, Џонсон Мети, Окта и Арчелор Митал, имаат извоз поголем од 100 милиони долари, а од десетте најголеми компании-извозници само ИГМ Трејд и Алкалоид се во домашна сопственост.
Најмногубројни на листата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ се компаниите од прехранбената индустрија. Од 100 најголеми извозници 19 се од прехранбената индустрија. Но, треба се има предвид дека тука влегуваат и компаниите од кондиторската индустрија и фирмите за производатво и трговија со овошје и зеленчук. Тие лани направиле вкупен извоз од 121 милион долари, што претставува 6% од извозот на 100 најголеми извозници, односно 3,66% од вкупниот извоз на Македонија во 2010 година.
Во моментов се присутни само пет фирми, но според најавите наскоро треба да профункционираат уште неколку, вели за Дојче веле директорот на Технолошко индустриските резвојни зони Виктор Мизо

Иако и ова не е показател за ефектите врз благосостојбата на населението и фирмите, ниту за задолженоста на државата и осиромашување и се полошо функционирање на институциите. Истите покажуваат надолен тренд. Впрочем, Митал кој е вброен во топ 100 на неколкупати отпушташе работници кои сега или продаваат во некоја трафика или на пазар...или седат дома.

Работата кај нас е што многу поинаку се прикажуваат работите... И оние кои што имаат солидна плата мислат дека и другите така живеат... Неможеш на многу луѓе овдека на форумов да им докажеш за гомнаријава што се дешава кај нас...

Најпрвин од власта ќе речат дека намалена е невработеноста... Со што? Со новите промени демек ако најдат работа а не сакаат да ја работат да не се водат како невработени... Па чекај и мене некој да ме нуди да работам полно работно време за 4.000 денари нема да работам само патот до таму и храната повеќе ќе ме кошта него примањата...

Чим толку ја криват приватизацијата... Зошто не се размислува да се исправат некои работи а не да се кука едно те исто за таа мочана приватизација... Толку се нема пари да се исплатат платите на работниците и да се реставрира што може?

И уште една работа... Многу рано им текна на пријателиве од горе да ни ја оправуваат економијата... Веќе според мене е све изгубено... Доколку во наредните 10 години не рипне стандардот на македонците , државата ќе им биде оставена на албанците... Кичево си падна уште Охрид остана од Западна Македонија... 1 град за нив е ништо ќе го населат... Само после нема да биде Бранко крив... Сите дебили што ни ја воделе државата нека си стават прст на глава што направиле...
 
Да напоменам дека зоните и преговорите со инвеститори не се од вчера туку законот за слободни е. зони е од 1999 година што значи 12-13 години.

Пред 13 години кога Циле го огради Бунарџик со колци и мрежа,од тогаш ли броиш ти :pos: Ја како што памтам првата фабрика што влезе беше Џонсон Контролс пред 4-5 години,а сите други последниве 2-3 години.
 
па идеите или иницијативите потекнуваат од тоа време, од нив. А ако споменуваме имиња, за преговори со Џонсон беше "највиновен" Гуштеров (според изјавата на благодарност на премиерот 2007). Само да се потсетиме дека се дружеа интензивно и да се потсетиме дека Тупурковски е ослободен од обвиненијата за кредитите.

Сем Вакнин вели дека зоните неможат да ги надоместат останатите слабости на Македонија кои го одбиваат странскиот капитал.
Еден од промоторите на слободните зони како модел за привлекување на странски инвестиции е Васил Тупурковски.
 
Ја како што памтам првата фабрика што влезе беше Џонсон Контролс пред 4-5 години

Џонсон контролс е најавен уште пред 7-8 години, главна заслуга на Рики Гуштеров, а не на комуњарите или помаранџиве:http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1558&stID=21296&pR=2
Американската "Џонсон контрол" сака да инвестира во Македонија

Американската компанија за мехнички контролни направи и автомобилски делови ?Џонсон контрол инк" е заинтересирана да инвестира во Македонија. За таа цел, делегација на оваа фирма вчера пристигна во земјава со цел да се сретне со премиерот Хари Костов, министерот за финансии, Никола Поповски, како и со заменик-министерот за економија, Ракип Дочи. Состанокот меѓу македонскиот владин врв од економскиот сектор со претставниците на странската фирма беше закажан за вчера, доцна попладнето во 18 часот, по што се очекуваше официјално соопштение од владиниот кабинет за исходот од разговорите.
 
Силна посветеност на Дрекселмаер во Македонија

DDEE942A941DF24B9EBFA4875B4A5DA1.jpg

Во Групацијата "Дрекселмаер" се горди што нивната фабрика во градба во Кавадарци ја доби првата награда од списанието СДИ за "Најдобар производствен капацитет во 2012". Во студијата на ова списание за трговија кое му припаѓа на "Фајненшл тајмс", беа истражувани над 16.000 странски директни инвестиции во целиот свет. Во фабриката во Кавадарци "Дрекселмаер" инвестира 30 милиони евра и ќе се отворат 4.000 нови работни места во текот на следните години.
- Горди сме за прво место бидејќи ја признава нашата инвестиција и силната посветеност на групата "Дрекселмаер" во нашата земја - рече менаџерот на фабриката ДММ "Дрекселмаер" Производство Македонија, ДООЕЛ, Георги Тренкоски.

Според него, наградата не е доделена само врз основа на инвестираниот износ и бројот на работни места, туку подеднакво голема улога играат и други критериуми, како што се: влијанието на компанијата врз економскиот развој на земјата, како и процесот на избор на сајтови и други напори на национално, како и на глобалното ниво.
Производствениот погон во Кавадарци ќе биде на површина од 52.000 квадратни метри и треба да биде завршен во текот на летото 2014 година.
 
Дневен рапорт: Престанете со роуд-шоуа, не можеме да постигнеме да ги примиме сите инвеститори!

Итно! Итно! Ве молам, некој што е можно побрзо нека го контактира премиерот Груевски и нека му каже веднаш да се враќа во Македонија!
Премиере, ако читате, Ве молам вратете се дома, доста беше ловење инвеститори по Бразили, Аргентини и Мексика… Абе, ако ми верувате, само што заминавте, само што почнавте со ловот на инвеститори, илјадници бизнисмени дотрчаа овде, да ни ги донесат парите, да ни дадат работа, да ни го олеснат животот.
Враќајте се што е можно побрзо бидејќи, еве, веќе не можеме да постигнеме, да ги примиме сите, да им дадеме место во некоја од слободните економски зони, и да започнеме да работиме. Абе сите економски зони од слободни ги прекрстивме во зафатени, море сите граѓани и граѓанки се вработија во новите фабрики, па дури и другарчињава од Пустец ги вработивме, ама инвеститориве никако да престанат да доаѓаат. Абе секој ден, се нови и нови инвеститори… не знам веќе што ќе се прави. Еве, почнавме и по две, по три работи да работиме, само за да ги задоволиме апетитите на инвеститорите, ама не се постигнува, бре! Дури мораше и некои од стариве инвеститори да избркаме, ко Субрата Рој, на пример, за да има место за новиве. Кутар човек, мораше да лаже дека нема пари, само и само, да не се дознае дека во Македонија веќе нема место за нови инвестиции.
Или враќајте се и затворајте ги граничниве премини за да не доаѓаат нови инвеститори, или пренаменете ги тоа „роуд-шоуата“, па наместо да ловите инвеститори, почнете да ловите нови работници, бидејќи овие овде ни се потрошија! Што и да правите, направете го побрзо, бидејќи ова веќе не се издржува!
Јован Постолоски – Јофе
 
Ова некој вид на хумор треба да е ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom