Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.308
- Поени од реакции
- 36.460
^^Не ми чини климата хаха на -20 ке видам колку твојата ќе чини а и јас мислев еј супер ке биде ама ке правиме муабет дрво си е дрво со клима надвор ако е -20 дома од 18 нема шанси повеќе па каква сака нека е клима[DOUBLEPOST=1506008747][/DOUBLEPOST]http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10169_10170_10172&product_id=70295
Еве ја климата греам 30 квадрати
Линкот не ти работи. Да претпоставам, гарант некоe ST ѓубре од клима си купил, а?
Кажи колку киловати ти е печката на дрва, има некои ~12 киловати моќност?
Ама клима си купил колку моќна, 3.5 киловатна?
Споредуваш 12 киловати со 3.5 киловати, и тоа некое ѓубре од клима (кое не е ни блиску до тие 3.5 киловати)!!!
После не грееле климите... Tи и колега ти @Forza Milan!!! зборувате глупости. Мене ова ми е трета сезона греење исклучиво со клими. Брат ми се грее со клима, и на родителите им купив, исто трета сезона им е по ред. Лани беше една од најладните зими во последниве децении, кај мене дома беше загреано на 24степени а можеше и повеќе да сакав. Потрошувачка? Окулу 7 илјади денари во двата најладни месеци (јан-дек), 4-5 илјади денари во Декември и Фебруар. Под 4 илјади во потоплите месеци. Тоа е вкупната потрошувачка на струја, ЗАЕДНО со се друго, бојлери, светла, итн... Готвењето воглавно (минус рерна) е на плин.
Знаеш месецов колку поторошив на греење?
Окулу 90денари на климата во дневната соба. 21.4 киловат часови, од што повеќето се на евтината тарифа пошто навечер е поладно и климата повеќе троши. На втората клима имам поедноставен мерач кој не прави разлика меѓу евтина и скапа тарифа на струја, што ми е сеедно пошто и онака само навечер се пушта таа клима, и досега потрошувачката е 12 киловат часови. Евтината тарифа е 2.78 денари за киловат час електрична енергија, значи втората клима ми потрошила ~33.4 денари.
Значи јас месецов за греење сум потрошил нешто над 120 денари. Цели 2 евра ебате.
Јес да јас сум вложил во изолација и термо фасада. Јес да месецов е топол, ама навечер е ладно. Го палиш ќумбето? Ама топло станува па отвараш прозори? Или го „намалуваш“ греењето (дотокот на воздух) на ќумбето, за огнот да тлее? Знаеш каков зијан е тоа тлеење? Колку кубици истороши до сега? Пола кубик, цел кубик летнаа?
И тоа пазиш само кога навистина е ладно да го палиш. Останатото време ти е ладно. Епа кај мене ем топло, ем не се замарам да цепам дрва, да влечам дрва од двор па да го палам ќумбето наутро, да го чистам пепелот, еднаш годишно најмалку да чистам ќумци и оџак и ќумбе.
Сум го правел тоа, не е дека не знам колку работа и замарање има. Всушност и сега во новиот стан треба да купам едно пампурче - ама само да се најде некогаш ако снема струја.
Тебе, и на другите овде, ви препорачувам да ја проследите темава и да се едуцирате малку:
https://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/
Дискусијата се приближува кон 1000 страници, и еден е консенсузот: Најекономично греење е со клима уреди. Но човек треба да биде малку писмен и да почита малку пред да отиде во Сетек/Нептун/итн и да го купи најевтиното ѓубре од клима.
За крај само уште еден совет: Прва и најважна работа е да се вложи во изолација на куќата/станот. Следно е правилно да се процени колку киловати моќност треба за греење на таков дом. Потоа се чита малку за разните клими, и што нудат за парите, па дури потоа да се одбере и да се купи клима.
Прашајте за совет на линкот погоре и ќе ви биде помогнато. Сите имаме интерес да се намали загадувањето од стотиците илјади ќумбиња во Скопјево, кои сите по ред се предимензионирани (повеќе моќност/киловати одошто е потребно) и загадуваат заради непотполно согорување - резултат на намалувано греење на печката (доток на воздух) пошто станува претопло внатре на средна моќност.
Затоа не бидете глупи и неписмени, прочитајте ја дискусијата од линкот погоре, и префрлете се на греење со клими. Во рок од неколку години ја вадите инвестицијата во климата. После е чист ќар.
А раатот е бонус.