Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Што е проблемот што не можам да ги отворам страните mon.gov.mk и dic.edu.mk? Уште се замарам со екстерно па ми требаат да видам што полагам.
 
Да прашам што може да биде проблемот: на десктоп-компјутерот брзината на интернетот ми е како што треба, 40 мбпс (еве 38-37 нека биде), но на лаптопот неќе да крене над 20 мбпс никако. Рутерот ми е до 150 мбпс, значи не е до тоа. Го ресетирав неколку пати, викнав екипа и од кабловската, но ни тие незнаеја во што може да е проблемот. Помош?
 
1) Каналот за емитување на WiFi сигналот стави го на последната вредност (12/13/14).
2) Побарај во рутерот опција QoS (Quality of Service), обично е под Applications and Gaming опцијата. Таму ќе најдеш WMM Support и тоа направи го Disable.

Рестартирај рутер и ќе лета :)
 
Имам еден голем и нервозен проблем. Од локалниов оператор имам пакет со услуги: тв, интернет и телефон. Проблемот е што пред да реновираме дома, да сечиме кабли едно друго...се си беше во ред. Интернетот иди од бандера и оди на влезот WAN на модемчето. Од него од LAN излезот со кабелче беше додаден рутер на WAN влезот, од кој безжично користеа 2 лаптопи и плус телевизор. Плус телефонот си беше поврзан на модемот со посебен кабел за тел. линија. Од како се среди дома работата, земам пак да си поврзам ко шо беше, не сака да фати интернет преку рутеров :mad:. Инаку нетот е врзан за една MAC адреса и има статичка IP со башка dns и то...сите тие бројки ми се внесени ко шо беа, клонирана е MAC адресата, мрежа има, интернет нема. Ако го поврзам кабелот од интернетот директно на рутерот, односно модемот (телефонот) воопшто да не е во игра, тогаш си имам безжичен интернет, ама немам телефон.
Шо му сторив рестартирања и на рутерот и на модемот, море проверка на кабли, ресет, troubleshooting преку windowsot....не сака и не сака. Еднаш вика can't communicate with the dns server, а еднаш па modem or router experiencing connectivity issues....
Помагајте оти мака намачив, пошто мајка ми и треба телефонот и за тоа ми е иначе без него приклучен си имам интернет, мене фиксен не ми треба :P
 
Интернетов randomly не ми лоуда некои страници неколку пати во ден. Фејсбук,Редит,IGN,Вимео.... појма немам што е финтата ама иритира повеќе од комарец.
Чисто за споредба можам да ги броузам Кајгана,Јутјуб,Твитер..
 
Добро постои некој на светов што може да знае што е проблемот ? Нема кај не прашав никој ништо не знае (освен нели избриши кеш меморија пробај нов броузер ама па нејќе)
Ако и утре нкој не знае у ДК ќе прашам :D
 
Исто ми се дешава кај мене на хром во последно време, незнам зошто
 
Исто ми се дешава кај мене на хром во последно време, незнам зошто
Не сум единствен ??? Не могуче.... на пример еве прееска у 6 ипол ми се пушти фб па пауза саат (а и другите сајтови) па еве сега пак...wat
 
Не сум единствен ??? Не могуче.... на пример еве прееска у 6 ипол ми се пушти фб па пауза саат (а и другите сајтови) па еве сега пак...wat

1. Дали ти се случува ова само на одреден прелистувач?
2. Додека не можеш да отвориш одредени страни, дали си пробал истите да ги отвориш од друг лаптоп/мобилен/таблет?
3. Имаш ли пробано директно преку модем, не преку рутер?
4. Дали имаш пробано со друг рутер?

Пробај ги сите овие и ќе дознаеш до што ти е проблемот.
 
Што е форава со ова? Што и да пишам на гугл горе во срч барот ништо не се појавува, треба секогаш по 2 пат да пишувам и ме иритира тоа. Солуција?
fsafsafsasaf.png
 
Што е форава со ова? Што и да пишам на гугл горе во срч барот ништо не се појавува, треба секогаш по 2 пат да пишувам и ме иритира тоа. Солуција?
Прегледај го приврзокот 94296
А да пробаш со друг пребарувач гогле хром е најглуп најбавен пребарувач според мене вака те заебава треба повеке пати мн бавно понекогаш отвара а сите го користат а е глуп бавен.... ја на пример си користам опера и си неам гајле :)
 
Па да едно време Хром беше најбрз и од тогаш стекна многу корисници, ама сега дека е преоптеретен и со многу корисници се повеќе и повеќе зеза.. Гледам Мозила сега апдејт има некој добар, викат супер си бил па ќе видам или Мозилава или Опера ќе пробам :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom