The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.038
- Поени од реакции
- 3.635
Тепа утре Рафа лагано, барем по еден брејк во двата сета.Надал беше одличен денес, каква само разлика од играта во Мадрид и оваа овде... Утре мора да го добие Киргиос, едноставно на земја мора да е апсолутен фаворит против него и не смее да си дозволи пораз.
Новак има проблеми со грбот, го прекинал и тренингот вчера, и против Робер не изгледаше баш најдобро во одредени ситуации. Утре против Белучи, ако ништо друго Томаш знае да одигра добро против Новак, лани и сет му зема, еве утре пак играат во вечерен термин...
Како што кажав 100 пати, очекувам пролаз и на Тием со оглед на состојбата на Федерер (барем како изјавил тој), мене ми делуваше одличен денес, меѓутоа ќе си има мака со спиновите на Тием, убеден сум. Саша игра порамно, далеку од она што може да го понуди Доминик на земја.
Од другите дуели очекувам Гофан да го тепа Бердих, Нишикори повторно да го тепа Гаске и секако победа на поголемите фаворити Ферер, Мареј, Ѓоковиќ во нивните дуели.