Имало ли обид за атентат на Груевски? И зошто нема уапсени?

  • Креатор на темата Креатор на темата test
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 март 2007
Мислења
323
Поени од реакции
21
Полицијата не ја демантира вчерашната вест во „Време“ дека изминатава година во два наврати бил загрозен животот на премиерот Никола Груевски. И денеска официјалниот став е изјавата на Гордана Јанкуловска за вчерашното издание на весникот „Време“:
„Не можам да коментирам за такви случаи поради чувствителноста на материјата“, изјавила министерката за весникот.
Претходникот на Груевски, Владо Бучковски, вели дека од безбедноста не треба де се собираат ситно популистички поени.


„Сето ова мене ми изгледа, сите информации кои проструија низ јавноста, како желба на безбедносни структури да искористат такви информации за дневно политички цели“, изјави Владо Бучковски, поранешен претседател на Влада.
Правни експерти за А1 коментираат дека обид за атентат врз првиот човек на Владата е и државен удар, посебно кога станува збор за закана од друга земја. Тоа според нив значи загрозување на суверенитетот на Македонија.
Зошто за таков сериозен инцидент никој кривично не одговара? И зошто обезбедувањето на денот без автомобил му дозволило на Премиерот пешки да оди од дома до работа, во услови кога постоеле така сериозни закани?
Во поновата историја македонските политичари често биле мета. Глигоров преживеа атентат за кој се уште нема обвинети, но е поднесена кривична пријава за непознат сторител.
Во мај годинава гевгеличанецот Благој Ризов заработи кривична пријава за загрозување на безбедноста, поради тоа што испрати писма до кабинетот на претседателот Црвенковски и премиерот Груевски со заканувачка содржина.
И Сребра Тодевска која го испрска со вода Киро Глигоров во времето кога беше претседател, беше кривично гонета.
За време на кризата беше пукано и кон кабинетот на тогашниот претседател Трајковски. Сторителот кривично одговараше.
Но, во последниве две години сериозни закани остануваат нерасветлени. Терористичкиот напад врз Владата кој драматично го обелодени Боцевски нема завршница, а МВР не обелоденува дали и кои криминални структури и која соседна земји планирале заговор против премиерот Никола Груевски.
Досега кривична пријава нема.
 
Жими ..... имало обиди за атентат.Сега сака холивудска ѕвезда за да изиграва.Такви работи како прво не се истакнуват во јавност,а камоли некој да се фали со тоа.
Не велам не,може некој здробан пијан пробал шише да му мавне у главата, па и тоа го сметат за обид за атентат.
 
Да заплениш пола тон кока на граница и чудно ви е што имало обиди за атентат на Премиерот???Мене ми е чудно шо имало само два обиди.
 
Да заплениш пола тон кока на граница и чудно ви е што имало обиди за атентат на Премиерот???Мене ми е чудно шо имало само два обиди.

дада у право си. не е малце пола тон до им мавнеш на мафијашиве!
 
[acko]®;1774481 напиша:
дада у право си. не е малце пола тон до им мавнеш на мафијашиве!
е па како сакаш да се намале криминало ако не ги фанат?
 
Во ред имало обиди за атентат, но кај се атентаторите и зошто го оставаат детено само да шета по улици. Некој со кола да сакаше некни да го изгази ќе го изгазеше.
 
Во ред имало обиди за атентат, но кај се атентаторите и зошто го оставаат детено само да шета по улици. Некој со кола да сакаше некни да го изгази ќе го изгазеше.
Ех... како само си ја испуштил шансата бе :nesum:
 
Па нормално дека ке има вакви обиди кога човекот им ги расипа сметките на мафијата :)
 
Само внимание привлекуваат

ако имало обиди за атентати тоа ќе беше јавно, ќе се знаеше, ќе имаше осомничени ... вака само фама креваат.
 
И на Кире лигавото говедо му извршија атентат (за жал не го свиткаа) па ден денес нема осомничени:toe:
 
neka ne se glupiraat i neka ne se prikazuvaat kako zrtvi bepotrebno.poso ako mafijata te merka za pola ton koka kraj ke ti bide osven ako ne ja prodades za niv a vo isto vreme pravis film demek si ja zapalil.ha ha ha isto kako vagon evra da si zapalil neli.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom