KohlBass
Dechak iz vode
- Член од
- 1 јуни 2006
- Мислења
- 1.485
- Поени од реакции
- 36
Другите луѓе се сите оние кои не ми се доволно блиски за да ме запознаат. Она што Марина го кажа го поддржувам.Fortune напиша:Кои се тие многу други луѓе? Пријатели? Роднини? Другари? Познаници?
Aко константно добиваш впечаток дека луѓето те доживуваат поразлично од она што си, сигурно правиш некоја грешка во начинот на претставувањето на себеси. Велиш дека секогаш реагираш како што ќе ти дојде во моментот, но не би рекла дека секогаш е така. Не верувам дека не би се запрашал за било што дали ако постапиш вака или онака ќе биде правилното.
Не правам грешка во начинот на претставување. Тоа што луѓето различно ме доживуваат е работа на нивните ставови, мислења и вкусови.
Пример, кажувам некоја шега, а до мене имам двајца познаници. На едниот од нив шегата му се допаѓа, и автоматски ме доживува како човек кој кажува добри шеги. На другиот човек шегата не му се допаѓа и му е навредлива. Автоматски тој ме доживува како мрчатор што само вреѓа луѓе без никаква основа. Затоа грешно ме доживуваат.
Не реагирам секогаш како што ќе ми дојде во моментот, туку го правам она што мислам дека е исправно во тој момент. Колку и да мислам, ќе дојдам до одреден заклучок. После некое време може да се испостави дека тој заклучок бил погрешен. Сепак, сум го направил тоа што сум мислел дека е правилно во моментот кога сум ја носел одлуката.
@Goddes of Chaos: Зошто би сакал да му објаснувам на секој кој сум и што сум? Секој може да научи по нешто од секој друг човек, без разлика каков е човекот од кој се учи. На оние кои заслужуваат ќе им дозволам да ми се приближат и да сфатат вистина каков сум јас.