I'd rather be...

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
...hated for who I am, than loved for who I am not.
Не најдов ваква тема, а можда имаше пред "потопот".
Има вакви луѓе бе? Ја колку што гледам наоколу, секој брза да го сакаат, да биде популарен (без разлика дали е негативец), луѓето да се воодушевуваат од неговите карактеристики и способности; а разликата е што некои не го покажуваат тоа јавно туку кришум си работат, и ги напаѓаат оние кои се отворени. Но скоро сите се подготвени да се откажат од премногу "свое" за да влезат во калапот на "оној што сите ќе го сакаат" според нивното мислење.
М?
 
MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Во психата на чоекот сам со себе си да си влегвит во контрадикторност се со цел неговите мани да изгледаат како доблести во очите на другите. Зш, неам врска, кога, никој не е совршен за да му судит на некого дали е „добар” или „лош” според „светските” стандарди. Јас сум тоа шо сум, од некои сум неприфатена, од други сум. Се додека знам која сум, мојата индивидуалност е зачувана во златно сандаче кое наместо катанец имат компјутерски пасворд од милијарда бројки кои само јас ги знам. 8)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
се согласувам со реченицата - подобро да не ме поднесуваат поради тоа што сум,него да ме сакаат поради нешто што не сум...не знам зашто имаат некои луѓе потреба да се преправаат,да глумат,да ставаат маски на лицето за да бидат сакани и популарни..зарем не сфаќаат дека некогаш таа нивна маска ќе падне и ќе бидат разоткриени-па тогаш уште повеќе ќе бидат замразени?
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Crazy in Love напиша:

Така изгледа кога на пр. ти си супер, кул, имаш пријатели и исполнет живот и си тераш даље. Што кога некој ќе проба да биде свој и се разочара бидејќи го отфрлиле, стфарите не излегле како што треба и едноставно она "be cool, just be yourself" не му профункционирало? Е таквите ставаат маски и вечно се празни под нив, а нормално дека суровоста на општеството е причина за сите фригидности и стравови на човекот.

MaRiNa`Oh напиша:
Во психата на чоекот сам со себе си да си влегвит во контрадикторност се со цел неговите мани да изгледаат како доблести во очите на другите. Зш, неам врска, кога, никој не е совршен за да му судит на некого дали е „добар” или „лош” според „светските” стандарди. Јас сум тоа шо сум, од некои сум неприфатена, од други сум. Се додека знам која сум, мојата индивидуалност е зачувана во златно сандаче кое наместо катанец имат компјутерски пасворд од милијарда бројки кои само јас ги знам. 8)
Сепак постојано го градиш тоа шо си, и понекогаш и несвесно вметнуваш некои стандарди поставени од околината за да бидеш прифатлива и сл.
А шо праjме ако го забораиш пасвордот?;)
 
MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Goddess of Chaos напиша:
Сепак постојано го градиш тоа шо си, и понекогаш и несвесно вметнуваш некои стандарди поставени од околината за да бидеш прифатлива и сл.
А шо праjме ако го забораиш пасвордот?;)
Би вметнала такви стандарди само да си бидам поприфатлива за себе си. Признавам дека би го отворила сандачето само за моите НАЈНАЈНАЈблиски.
 
С

Сатори

Гостин
Goddess of Chaos напиша:
...hated for who I am, than loved for who I am not.
Не најдов ваква тема, а можда имаше пред "потопот".
Има вакви луѓе бе? Ја колку што гледам наоколу, секој брза да го сакаат, да биде популарен (без разлика дали е негативец), луѓето да се воодушевуваат од неговите карактеристики и способности; а разликата е што некои не го покажуваат тоа јавно туку кришум си работат, и ги напаѓаат оние кои се отворени. Но скоро сите се подготвени да се откажат од премногу "свое" за да влезат во калапот на "оној што сите ќе го сакаат" според нивното мислење.
М?
Не верувам дека некој има желба да го мразат, но сите знаеме дека сите не можат да не сакаат.
Јас тоа го нарекувам свиткување на карактерот под општеството, и тоа е неприфатливо за луѓе со карактер.
Тоа е тоа, напред назад нема!:toe:
 
KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Се согласувам со реченицата. Без разлика на тоа колку ме сакаат другите ако тоа не сум јас и тоа не ме исполнува, џабе е се. Тврдам дека се додека си свој и искрен со самиот себеси, ќе го најдеш своето место.
Проблемот е што многу други луѓе ме доживуваат многу различно од она што навистина сум. Сепак, тоа си е нивен проблем. Јас само го правам тоа што мислам дека е правилно во моментот.
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Да бидеш свој. Што побогу значи тоа?
Да правиш се што ќе ти текне, без да имаш обзири спрема другите? Упорно да удираш со глава во ѕид, без да размислиш кои би можеле да бидат последиците? Да бидеш ”посебен„ и секогаш да се одвојуваш од толпата?

Океј е човек да е свој, да не глуми дека е нешто што не е, да не носи маска на себе. Ама има ситуации во животот кога едноставно треба да се адаптираш на ”масата„. Едноставно има некои универзални непишани закони кои важат за сите подеднакво и наша ”должност„ е да ги почитуваме. Не за да сакаат и величат, туку за да бидеме прифатени и да успееме да опстоиме во ова општество. Така функционираат работите.

Не викам дека треба да глумиме лудило, нешто што не сме. Да бидеме свои, да имаме свое јас, ама понекогаш, по потреба да умееме да се приспособиме на ”општите„ правила. Да се најде некоја средина. Да не глумиме срценца и душички само за да не сакаат, ама да не бидеме до толку закоравени и тврдоглави да одиме сами против себе (и светот). Некои ќе не сакаат, некои не, нормално. Ама ако успее да се достигне средината, балансот, ќе се снајдеме некако да се прогураме меѓу луѓето.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Супер тема.И се согласувам со тоа дека подобро е да бидам мразена по тоа што сум,отколку да ја сакаат онаа што не сум.Низ животот човек постојано трага по тоа да го пронајде''вистинскиот јас''во себе.Некои од мали се учени да бидат свои личности,и таквите се лидери во општеството.Другите се само бледи копии на нив.Јас лично си се допаѓам каква што сум,и не планирам да се менувам за ништо на светов.Досадна,чувствителна,избувлива,ваква,наква...тоа сум си јас.Човек понекогаш треба да си ги сака и маните,а не само доблестите,зошто и тие можат понекогаш да бидат многу корисни.Целата поента е-биди она што си,дозволувај да те водат инстинктите и гласот во тебе,а не да бидеш копија на некој друг.Сакај го она што тебе ти се допаѓа,а не на другиот.Држи се до својот став и не дозволувај некој друг да ти наметне свое мислење(освен се разбира,кога мора да се најде некоја златна средина и компромис).Тоа е клучот до тоа да бидеш свој.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
PSYtisfaction напиша:
Да бидеш свој. Што побогу значи тоа?
Да правиш се што ќе ти текне, без да имаш обзири спрема другите? Упорно да удираш со глава во ѕид, без да размислиш кои би можеле да бидат последиците? Да бидеш “посебен„ и секогаш да се одвојуваш од толпата?

Океј е човек да е свој, да не глуми дека е нешто што не е, да не носи маска на себе. Ама има ситуации во животот кога едноставно треба да се адаптираш на “масата„. Едноставно има некои универзални непишани закони кои важат за сите подеднакво и наша “должност„ е да ги почитуваме. Не за да сакаат и величат, туку за да бидеме прифатени и да успееме да опстоиме во ова општество. Така функционираат работите.

Не викам дека треба да глумиме лудило, нешто што не сме. Да бидеме свои, да имаме свое јас, ама понекогаш, по потреба да умееме да се приспособиме на “општите„ правила. Да се најде некоја средина. Да не глумиме срценца и душички само за да не сакаат, ама да не бидеме до толку закоравени и тврдоглави да одиме сами против себе (и светот). Некои ќе не сакаат, некои не, нормално. Ама ако успее да се достигне средината, балансот, ќе се снајдеме некако да се прогураме меѓу луѓето. top:
Ете тоа. :smir:
Затоа мене друга ми беше поентата, кој искрено би се осмелил да го следи насловот на темата. Ама дури и кога темава би ја прочитал некој не-такоф, сигурно не би си го напишал името овде.

Значи нема некој со радикални ставови? Дека треба сите да се програмираме по ист принцип, или да идеме против целиот жив свет у нашата оригиналност? :icon_lol:

@KohlBass: Тогаш никогаш не се свртуваш да видиш колку погрешно те сфатиле и да им ја покажеш вистината?
 
MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Зошто би се свртил? Тебе некој да ти ги објаснуват неговите каприци, би била искрено заинтересирана?
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
KohlBass напиша:
Проблемот е што многу други луѓе ме доживуваат многу различно од она што навистина сум. Сепак, тоа си е нивен проблем. Јас само го правам тоа што мислам дека е правилно во моментот.
Кои се тие многу други луѓе? Пријатели? Роднини? Другари? Познаници?
Aко константно добиваш впечаток дека луѓето те доживуваат поразлично од она што си, сигурно правиш некоја грешка во начинот на претставувањето на себеси. Велиш дека секогаш реагираш како што ќе ти дојде во моментот, но не би рекла дека секогаш е така. Не верувам дека не би се запрашал за било што дали ако постапиш вака или онака ќе биде правилното. Тука веќе станува збор за дилемата дали со едниот или другиот начин ќе бидеш она што си. Можеби и двете опции ќе бидат олицетворение на „јас”, но не се исклучува можноста некогаш изборот да биде токму оној кој не` прави други. Кога ќе се појави таа дилема, се поставува прашањето дали тоа ќе бидеш ти, некоја твоја скриена страна која чекала да биде откриена или нешто што не е својствено за тебе. Е тогаш зависи од тебе дали ќе ја дефинираш следната постапка како твоја, како подзаборавена, како туѓа или ќе продолжиш понатаму со тоа што туѓата ќе ја прифатиш како нова и ќе стане дел од тебе.
Никој не останал потполно ист во текот на животот, секој се труди да се надогради како личност, да научи нешто ново за себе, да научи нови начини како да си ја претстави својата личност. Тамам работа ако шаблонски им даваме шанса на другите да не` научат и да стекнат одредено мислење за нас.

Кога ќе ме доживее некој поразлично од она што сум, од она што знам дека сум, ќе се потрудам да одберам друг начин кој ќе биде поразбирлив, поблизок за да покажам. Нема да и` се препуштам на рамнодушноста, нема да речам тоа е нивни проблем ако во очите, мислите и душата на другите јас сум друга личност. И пак ќе реагирам во моментот како што ќе ми дојде, пак ќе бидам она што сум, ама нема да бидам пасивна кога станува збор за погрешно сфаќање на мојата личност. Чекорот, пристапот и начинот ќе ги сменам, повторно тие ќе се својствени за мене и нема да се изгубам во барање пат како да го остварам тоа, нема да има потреба од глумење за постигнување на целта. Сево ова зависи за кои луѓе се работи и за што. Секако дека има случаи кога не ми е баш важно и не се трудам да одберам поразличен начин за да покажам која сум, што не значи дека нема да дојде ден кога ќе ми стане важно.

Лошо е ако скршнеш од себеси и заборавиш кој си бил, ако те понесе желбата само да бидеш прифатен, да користиш методи кои се далеку од тебе. Секогаш има начин да се прилагодиш на свој начин, без да се изгубиш и да не се препознаваш себеси. Се` е тоа дали сакаш да бидеш правилно сфатен и прифатен, до тоа дали ти значи како ќе те доживеат другите околу тебе и до начинот кој ќе го одбереш за постигнување на таа цел.
 
sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Goddess of Chaos напиша:
...hated for who I am, than loved for who I am not.
Не најдов ваква тема, а можда имаше пред "потопот".
Има вакви луѓе бе? Ја колку што гледам наоколу, секој брза да го сакаат, да биде популарен (без разлика дали е негативец), луѓето да се воодушевуваат од неговите карактеристики и способности; а разликата е што некои не го покажуваат тоа јавно туку кришум си работат, и ги напаѓаат оние кои се отворени. Но скоро сите се подготвени да се откажат од премногу "свое" за да влезат во калапот на "оној што сите ќе го сакаат" според нивното мислење.
М?
Луѓето се менлива категорија, во периоди од својот живот прават нешта кои не би ги направиле во некои други периоди никогаш и обратно - има нешта кои некогаш не би ни помислиле да ги направат, но со тек на време го сменале мислењето и со задоволство би ги направиле :)
Најлошото е што во таа трка со времето, настаните, ситуациите, со желбата за некаква „популарност„ и докажување и покажување на „најдоброто„ во нас....често забораваат на основните човечки вредности:toe:
Мене лично, ме заболе пендрекот кој ми виси во шкафот, дали некој ме мрази или сака за тоа што сум, зашто битно ми е да се надминувам себе си, не другите:helou:
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
MaRiNa`Oh напиша:
Зошто би се свртил? Тебе некој да ти ги објаснуват неговите каприци, би била искрено заинтересирана?
Ја сфатив дека не се мислеше на тие што сакаат да ми ги објаснуваат своите драги каприци, туку околината општо. Неутрална. Е ја сепак не би можела да фурам наоколу постојано и ич да не ме боли за луѓето што вредат околу мене, а не сум им дала шанса да ме сфатат.
 
MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Goddess of Chaos напиша:
Ја сфатив дека не се мислеше на тие што сакаат да ми ги објаснуваат своите драги каприци, туку околината општо. Неутрална. Е ја сепак не би можела да фурам наоколу постојано и ич да не ме боли за луѓето што вредат околу мене, а не сум им дала шанса да ме сфатат.
Јас зато и рекоф дека би го отворила сандачето за своите најблиски, иако тие во најголем дел и морет да те прифатет каков шо си. Способноста да се бидит различен од другите на позитивен начин често е измешана со онаа желба да се докажиш пред другите дека си „кул“. Колку и да се трудиме да му удоволиме на некого со своето понашање и постапки, нема да е доволно. Така било и така ќе бидит. Под то да се бидит „свој“ не подразбирам да си најголемата кучка на светов. А нити да си газолижач пак, не е за фалење. Баланс е клучниот збор, да се најдат сопствени стандарди до каде мојме да ја форсираме нашата „уникатност“. Ко ќе се преминит таја црвена линија, то е веќе претеризам. А претеризмот е приметлив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom