How I Met Your Mother

  • Креатор на темата Креатор на темата Alley
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ви е омилен лик од серијата


  • Вкупно гласачи
    301
  • Гласањето е завршено на .
Since day 1, 90% фанови на серијата беа Тим Робин! Така да, јас сум задоволен од финишот.

А тоа дека со последната епизода го распрснаа 100 на 100 концептот на ХИМИМ како титула и смисла (ако не беше и од порано) е факт и стојат на тоа сите. Ама мирисаше на такво нешто со доцната инфилтрација на мајката во приказната (дури во последната сезона), а и во тие 24 епизоди од 9тата сезона нејзина улога беше доста маргинална и со главниот протагонист - Тед, здраво буквално си кажаа во последните 10 минути од финалната епизода. Така да, мене јасно ми беше дека мора да се деси нешто драматично, и тоа брзо, оти време повеќе немаше. Премногу ствари, пребрзо се издешаваа во последните 40 мин. и се навестуваше некоја цреша на тортата у врска со мајката. Пре-флет и површно ќе беше да ја завршеа со, сите си живееја среќни и весели до крајот на животот, а само Робин умре сама и огорчена. Мене ми се моташе низ главата завршно сценарио во кое Робин ќе им ја прекине свадбата на Тед и мајката (оти нели децата они ги имаа, но не беа венчани) и во стил на ''old and true love prevails all at the end'' да се зврши - ама ни тоа не бидна, а баш ќе беше јако :icon_lol:. Не помина тоа, но затоа ја изрежираа смртта на мајката и на крај пак си заврши Тед после 20+ годишна агонија со онаа правата. Е сега дали помалце/повеќе им го спопикаа на фановите и колку им го издишаа балонот, тоа секој сам ќе си каже. Ама јас, барем по мене си знам дека оваа ми беше една од омилените серии изгледани до сега, и башка тупењето на моменти во завршните сезони, мене ќе ми остане во добар спомен.

End of an era е ова у пм. Четвртина од досегашниот животот го потрошив на серијава :place:. #WhatNow
 
Серијата ја гледав од почеток до крај секоја епизода ја имам гледано минимум 3 пати, чекав секој вторник да ја стават новата епизода на замунда да си ја спуштам и на крајот целата замисла ми ја срушија не е фер. Серијата според мене требаше да заврши во моментот кога Тед и мајката се сретнаја со целата таа магија во врска со жолтиот чадор. И навистина не мораја да ја умрат мајката, не мораја да ги разведат Робин и Барни затоа што беа совршени еден за друг и аман Лили и Маршал не мораше да имат 3 деца. Едноставно Робин и Тед не беа еден за друг уште од самиот почеток пробаа и нивната врска не успеаа заради тоа што имаа различна замисла за својот живот и за мене последната епизода не постои никогаш нема да ја пуштам да ја гледам.
 
Ќе прифатев што за Маршал и Лили набрзинка испадна дека имаат 3 деца иако цела серија само Марвин се спомињаше.

Ќе прифатев бракот на Барни и Робин да не биде успешен, иако се "заслужија" еден со друг.

Ќе прифатев Робин пополека да се оддалечи од друштвото, пошто секако отсекад беше малку дрољичка.

Ќе прифатев Барни да затрудни некоја и тоа да го "освести", иако жена требаше да го освести, не бебе.

Ќе прифатев да ја нема таа сцената кога Лили збореше како со секоја девојка на Тед ги замислува нив четворица како седат on the front porch и играат Бриџ, па по тоа суди дали таа е правата за него.

Ќе прифатев да се расипе и друштвото, да стават крај на нивното дружење и веќе да не се гледаат толку често.

Ќе прифатев да го нема тој хепиенд кај што сите се семејни пријатели и се гледаат секој викенд, иако логично беше баш сега да го има.

Се ќе прифатев.

Али зашто мораше да умре Трејси? ЗАШТО? Значи сето тоа форсирање на мајката, мислев ќе го усерат. Мислев ќе напраат мајката да им изгледа на сите ептен тапа. Али не. Толку ја погодија, и супер глумица избраа, и по карактерот, запознавањето со сите други пред Тед, сите работи што им ги кажа и како со мала појава пред нив им смени многу животни одлуки и им помогна, сите оние поврзаности што се случуваа у серијата за кои не знаеја ни она ни Тед, нејзината приказна пред да го запозне Тед ептен осетив сожалување, секој момент у кој се појавуваше на сцената беше фантастично погоден. За што? За да ја kill-нат за две секунди? За да не видам ни голем дел од свадбата (за која чекале 7 години патем, БУЛШИТ). За да не го видиме тој емоционален момент кај што конечно цела среќа на Тед му се исполнува на крајот, па да има такво убаво и драматично музиче шо те прави среќен и сочувствуваш со заљубените ликови кога гледаш серија иако си машко од 19 години и генерално не треба да имаш такви емоции за такви работи (јебига), за да не видиш како конечно романтично се венчаваат и двајцата наоѓаат љубов, среќа и спокој и си живеат среќно и весело како на сликите што ги дадоа за краток период, и тоа да те натера дека можеби стварно и тебе те чека истото во животот? Зашто бе, зашто? :(

Ме уништи крајот. Кога прочитав дека е лош крајот ко што зборат сите, страв ми беше да не испадне дека уопште не ни и пришол кај возот и речиси све е фејк. Али не мислев дека ќе ја убијат мајката бе. Ја убија еј. Oh my God, you killed Tracy! You bastards! :(


П.с: Го чекам алтернативниот крај. И таму ако е мртва... не глеам више вакви серии, ништо не би имало иста таква поврзаност и толку добра можност за крај ко што имаше серијава. Сериозно... серијава можеше да остави многу морална поука. А не остави никаква можност да извлечеш нешто позитивно од тоа како испаѓаат работите на крајот. At least give us a chance people...
 
:pos::pos::pos::pos::pos: Уште еден доказ колку се важни деталите во серијава.


Ако некој најде уште вакви вметнати трикови што кружат по Интернет, нека ги постира. :)

Натписот на чадорот TM - Ted Mosby, Tracy McConnell, The Mother.

За да не видам ни голем дел од свадбата (за која чекале 7 години патем, БУЛШИТ).

Мене ми беше сумливо што на страната на невестата, кај што седат деверушите, седеа Лили и Робин, а ниту една другарка на мајката. Сфаќам дека тоа е така намерно, бидејќи на една од најбитните сцени во последната епизода не личи да плеснат некој кој го гледаме прв пат, плус ваљда сеуште не се знаат ликовите во How I met your dad, ама сепак, пропуст.
 
Да завршеше како Серанови подобро ќе беше....или не ?
 
Нема врска ова со HIMYM... нели?
Спиноф типциве биле цело време во кафичот, барем мислам дека така нешто требаше да биде приказната.
Исто срање ќе биде како и да ја свртиш...
 
Дечки добри вести за тиа шо не га бендисат крајо.
Ќе има “Алтернативен крај“ кој е во снимање и ќе го има во "Box Collection".
"We'll get to see the alternate ending on the upcoming "HIMYM" DVD collection, due out this fall."
(How I made you buy the DVD Collection).
------
А и дали стварно успеваат тиа триковите на Барни? (The Playbook).
Има ли некој испробано "Have you met *insert name here*?"
 
А и дали стварно успеваат тиа триковите на Барни? (The Playbook).
Има ли некој испробано "Have you met *insert name here*?"
Мех. ''Have you met XY?'' ти е стандард фраза, класика потез. Да присоберам некој денар сега за апсолвентската, се токмам да го пробам скубадајверот јас ... :icon_mrgr::icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom