Ја догледав и стварно незнам што да мислам. Уште во прва епизода кога Тед ја запозна Робин, навивав за нив. Некакоа ми делуваше дека има хемија меѓу нив. После тоа, се појави Викторија, која според мене требаше да биде мајката, пошто беше претставена со многу добри особини. Кога и тоа не помина, ни под разно не смееја да ја умрат мајката. Чекавме 9 сезони за да се запознаат, за да после 20 секунди, да кажат дека мајката починала.
Друго, серијава траеше предолго, и во последните 2-3 сезони немаше нешто многу да претстави ново, реално. 5-6 сезони ќе беа повеќе од доволни.
Во позитивна нота, ми се допадна тоа што Барни остана сам. Едноставно тој си беше таков човек цела серија, и добро е што по тоа ќе го памтиме.
Тед треба да биде пример за машката популација, како тоа не треба да се венчаш со секоја, доколку "ти е дојдено времето". Сите знаеа, а и тој самиот знаеше колку прекрасна личност е и дека не треба да заврши со било која, туку ја чекаше вистинската (за него беше Робин, се додека не ја запозна мајката).
П.С. Тед и Очоа немаат ни една трошка сличност.