Hearts of Iron II/III

  • Креатор на темата Креатор на темата Ханзо
  • Време на започнување Време на започнување
Ханзо дај кажи каде се чуваат скриншотовите?:smir:



Со СССР е најбољи :helou:
 
Скриншотовите ги става во самиот фолдер на играта. А за СССР, не зезај бе, не е интересно, црвено е сè до 1940. :)
 
Не знаев дека има луѓе во Македонија што ја играат играва :salut:
Ја имам играно со години, дори ја купив и оригинал од што е добра :vozbud: (прва и единствена игра оригинал)
Најмногу сакам да играм со Германија и СССР, евентуално со Јапонија
 
Ми изгледа интересна играва, ако може некој да ми дае линк по ПП?
 
Мене нешто модот за Македонија ме зеза.Првин ми дава да играм со модот една,а потоа цела инсталација ми ја поништува:toe:Несреќник
 
Добра игра како шо гледам .. нешо како Rome: Total War и Medieval ...

да прашам ...
инсталирам Hearts of Iron 2 v.1.00

после тоа треба некој пач прво да ставам .. или директно Мод (и кој мод е за Македонија од тука http://www.modnn.com/zip.html ?)
:smir:

exlexmk напиша:
Добра игра како шо гледам .. нешо како Rome: Total War и Medieval ...

да прашам ...
инсталирам Hearts of Iron 2 v.1.00

после тоа треба некој пач прво да ставам .. или директно Мод (и кој мод е за Македонија од тука http://www.modnn.com/zip.html ?)
:smir:

помош .. било кој :)
 
NN е мод за Doomsday, Stand alone експанзија на двојката. Ако не можеш да ја најдеш за симнување, пиши ми, ќе ти пратам линкови. Инсталирај ги печовите за Doomsday 1.1, 1.2 и 1.3 еден по друг (уште немам поим дали во еден печ се вклучени поправките од претходниот, па за секој случај :)), тие ги има на сајтот на Парадокс.
И кажете му фала на оној Ханзо за присуството на Македонија и се во неа во модот. :)
 
Одамна немав ништо играно и ја открив играва пред 2-3 недели (а колку што знам веќе има и тројка ама нема да може на мојов музејски компјутер) и многу е добра. Има далеку пострмна learning curve - треба 2-3 дена за да се навикне човек и да сфати што е кај е, а богами не е лошо и да се зирне на форумот на парадокс, ама откако ќе навлезеш ти нема спас :pop:

Може некој да ми даде директен линк до модот со Македонија? Јас ја имам ХоИ2 ДД не е пачувана па ако пасува би сакал да го пробам.

Инаку после пробни кампањи со Турција и Италија почнав една осзбилна со Германија. Па ако може да се пробам со еден подолг ААР да видам што ќе испадне...:toe:

__________________

Историсктие настани беа многу поволни за политичките слајдери на Германија - реокупација на облатса околу Рајна, интервенцијата во Шпанија, приклучокот на Австрија, анектирањето на Судетија, давањето на Словачка на Унгарија (повеќе ми користи еден посилен сојузник отколку 2 слаби)... Пред да почне војната складирав колку што можам повеќе нафта и ретки матерјали и тргував многу залихи за овие два ресурси со Русија (за жал ова е неопходно, бидејќи Германија нема извори на нафта а ќе има огромна тенковска и моторизирана армија која ќе бара и многу гориво)

Втора св војна почна на 1ви Септ. - Полска падна за помалку од месец. За офанзивата низ Ардените не ми се чекаше како што е историски точно до Мај 1940 туку почнав веднаш откако војската од Полска се врати на Белгиско-Холандската граница - Октомври 39. Нормално за Blitzkrieg се чека до расчистување на зимата арно ама знаев дека 1940 ќе има бајаги работи за средување (освојување).

Мажино линијата не ни помислив да ја нападнам и сите тенкови го сместив на Белгиска граница и ги блицнав до Парис. Французите продолжија со грчевита борба во централна Франција, времето стана многу лошо за моите оклопни дивизии а сојузниците не престанаа да бомбардираа па потраа до некаде Јануари додека не се создаде Вишиева Франција.

За среќа имав доста пресретнувачи да се справат со сојузничките бомбардери ама знаев дека тоа не е трајно решение... Јужноафрикански, Француски, Австралиски, Канадски и какви не бомбардери напаѓаа од бази во В.Британија.

Бидејкќи цела кампања со Германија треба да е подредена на операција Барбароса - освојување на СССР, која идеално треба да почне некаде Април/Мај 41 до тогаш Германија мора да има ги има средено сите други фронтови - В Британија, Гибралтар (за да се затвори медитеранот), по можност Скандинавија (ако се има време) и Балканот (пристаништа за офанзива во Северна Африка).

Прво Англија - онаа флота што ја имав ја сместив во англискиот канал а сите транспортни бродови (9) ги сместив до источниот брег. Вака и да ме најде кралската морнарица прво ќе мора да води битка со мојата флота (која веројатно ќе ја изгубам ама тоа е тоа) а тоа ќе ми даде време да ја транспортирам копнената војска. Така и бидна - кралската морнарица ме најде, изгубив 3-4 бродови од стартната флота ама тоа е мала цена за Англија. Ми требаа месец дена и 6 тенковски, 3 пешадиски дивизии и генералштаб и веќе нема бомбардирање од Англија.

Следена беше Шпанија - ова потраа малку подолго поради планинскиот терен ама пред крајот на Август ја освоив и Шпанија и го запечатив Медитеранот од страната на Атлантикот. Сега едниствено сојзуниците може да влезат преку Суец а за тоа треба многу кружење. И Југославија ми одзема доста време, заради лошиот терен и лошите услови па ме фати Февруари 41.

За жал ја имав Италија во оската па кога ја анектирав Југославија сите јадрански пристаништа им припаднаа на Италијаните :nesum:. Романија и Унгарија беа другите двајца сојузници па остатокот го поделив со нив зошто јас веќе има доволен индустриси капацитет.

За Грција и Скандинавските земји немав време - морав да се спремам за операција Барбароса. Ги пратив моите тактички бомбардери и CAS (Sloase Air Suppport) групи да соберат уште малку искуство месец-два и да им помогнат на Италијаните во Сев. Африка пред да се вратат назад на граница. Додека чекав моите војски стратешки да се распоредат земав и контрола врз Италија и ги вратив Англичаните и нивните сојузници назад до Ел Аламејн во Египет.

Објавив војна во Април но чекав да се расчисти калта. До средина на Мај само ја бомбардирав нивната линија. Русија е огромна ама ако Германија ги контролира Ленинград, Москва, Сталинград, Баку и или Свердловск или Владивосток тогаш Русија сама предлага "горчлив мир" по многу поволни услови.

Ги средив армиите во три групи - југ требаше да ги земе Украина, Крим, Сталинград и наредната сезона Мај-Септември 42 (зошто не ни помислвам да водам битки со Русија во зима) и Свердловск и Баку. Оваа група помина многу подобро одошто очекував и веќе во Август 41 го имав и Баку. Дел од оваа група и помогна на централната армија која требаше да ја земе Москва - и полсе тешки битки и Москва падна во Септември 42. Најтешко одеше на север каде не можев ни да се доближам на Ленинград. Зимата ја преседав без битки ама бомбардерите не престанаа во ниеден момент.

Во Мај 42, го земав Свердловск без проблеми и направив полукруг околу Москва. Фактички направив голем обрач околу Ленинград. И Финска се придружи кон Оската и тоа доста ми помогна па малку по малку обрачот се стеснуваше и по крајно тешки битки (Русите имаа некои добри 60-70 пешадиски и тенковски единици околу Ленинград) падна и пследната цел. Го прифатив предложениот мир СССР се подели меѓу мене и Јапонија, која во меѓувреме исто така се придружи кон оската.

Сега веќе имам неограничени ресурси и индустриски капацитет па можам да правам што сакам - ги земав Турција, Египет (го затвори Медитеранот и од Суец) и Индија и сега истражувам поморски доктрини и напредни единици за да може да ја докрајчам работата и да ја освојам и последната голема цел - САД.

72896888.jpg


13141772.jpg


tbc...
______________________________________________

Германија беше релативно тешка и многу забавна ама со нив се беше сконцентрирано на копнена војска и авијација - додека не падна Русија не ни истражував бродови и поморски доктрини. Сега сакам да ги зирнам и тие поморски аспекти од играва и да се пресметам со Американциве прво на море (што ќе е интересно) па на копно и во воздух (каде чисто се сомневам дека ќе се конкуренција на моите блицкриг доктрини, супер искусни генерали и единици)

Крајно заразна игра и сакам да се пробам и со Англија или Јапонија зашто таму има повеќе морски битки и пораштркани провинции низ светов...
 
Добар ААР, браво Баварец, го очекуваме и падот на САД. Ти препорачувам да ја освоиш и Португалија заради Азорските острови, тие се клучна отскочна даска во инвазијата на Американскиот континент.
New Nations за двојката може да се симне од овде, а како што гледам веќе направиле мод и за тројката, ама таму ја нема Македонија.

Инаку ја разгледав тројката и доста ме импресионираше, со исклучок на тоа што е рај за микроменаџерски мазохисти. Мапата е многу расцепкана (пример во двојката Македонија е поделена на Скопје и Штип, овде се Скопје, Битола, Тетово, Велес, Кочани) и војската е практично невозможно да се контролира и да се има преглед врз неа. Кошмар. Ако во двојката се организираат неколку дивизии во армија, па си ги шеташ ваму-таму заедно, овде секоја дивизија (која во Production се составува од бригади по избор) се контролира самостојно и е логистички поврзана со армискиот HQ, кој е поврзан со оперативниот HQ (Theater HQ?), па ако некоја дивизија повеќе се оддалечи од командата отиде јабана Supply Efficiency. Јас со Југославија се чудев како да се поставам дефанзивно на граница, не можам ни да замислам како би оделе подготовките за нешто како Барбароса. :) Остатокот е океј, добар концепт има политиката, технологијата и разузнавањето. Сè на сè, играва е супер ако можеш да си го дозволиш времето и живците (нешто што порано го зборев и за двојката ама ете, на Парадокс крајот не им се наоѓа во будалаштина).
 
Браво Bavarec.. јас играв многу слично, само до '42 гледав да ги средам и Бугарија (северот оди на Романија), Португалија и Шведска (која паѓа под власт на Финците, со исклучок на неколку области).. на Хрватска не и` давав автономија, а имав искуцано и еден краток event за создавање на Македонија по освојувањето на тие неколку области :)

САД ја имаат најсилната флота во играта, ама и за тоа има лек.. Азорски острови -> Бермуда, па naval bombers и fighters/interceptors да држат отворен пат до континентот за транспортните бродови. Или инвазија од горе, преку Исланд/Гренланд и Канада. Или wolfpacks да ги ловат бродовите низ Атлантикот. Или.. :)
 
Ja симнав ХОИ 3 и незнам како се игра.Иста е со двојката ама ни таа незнам да ја играм.Може некој туторијал за нубци како мене ако е на англиски.
 
Ја имам и Данска што значи Гренланд ќе ми е отксочна даска за Канада и Америка. Само ќе одам пополека сакам да ги докасапам Англичаните и Французите и да им ги земам и последните расштркани пацифички остовчиња и африкански провинции за конечно анектирање. Со мојот IC ги јадам сите и тоа со огромна разлика па можам да побарам да добијам воена контрола над Јапонија па Јапонците ќе помогнат за некои далечни островчиња со VP на сред Пацификот...

Инаку за тројката не можам ни да замислам каков микроменаџмент е потребен... па и во двојкава треба да микроменаџираш бајаги. Овие уште малку ќе забегаат накај воена симулација а не игра. Ама во секој случај ако имам подобар РС би сакал да ја пробам и тројката. Чисто заради диригирање на операција Барбароса :vozbud:

@ П.Овердрајв

Ај те молам дај ми го евентот што си го напишал за Македонија - и кажи во кој фајл копи пасте да му направам и каде :helou:

Инаку Португалија долго се обидував да ја придобијам во осктата (откако Шпанија на Франко загуби во граѓанската војна) и ја доведов до односи +200 ама шансите за алијанса ми се сеуште 0%. Читав дека најдобра рута до Америка се Азорите па Бахамите ама јас сепак ќе се обидам преку Гренланд и Канада.

@ *phoenix* - еве ти за двојката:

http://www.paradoxian.org/hoi2wiki/index.php/Assorted_Guides

За почеток тебе ти треба The Complete Newbie Guide па ќе одиш понатака. Кажав - играва треба да помине ден два да ти легне убаво ама откако ќе ја скопчаш... Wiki-то е многу корисно. Ако имаш прашања прашај и на Македонски па ќе пробаме да ти помогнеме :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom