Hearts of Iron II/III

  • Креатор на темата Креатор на темата Ханзо
  • Време на започнување Време на започнување
Ханзо, продолжи како што си почнал.. да видиме еден прав AAR :)
 
Косово '36-та ? Дај не заебавај :pos2: .... Едвај чекам продолжение :D.
 
AAR: Македонија - Part Deux

По првите турболенции следеа неколку релативно мирни години, во кои Македонија вложи големи напори во подобрување на односите со Турција, Хрватска и Италија. Кон крајот на 1938 година, македонски шпиони почнаа да се инфилтрираат во Југославија.

На големата сцена, пак, Германија ја аншлусна Австрија, си ја лапна Судетската област, а потоа и цела Чешка, за на 1 септември 1939 да ја нападне Полска.

Назад дома. Веднаш откако истече договорот за заемна помош помеѓу Југославија и Грција (си гарантираа независност една на друга де), Македонија и објавува војна на Југославија. Утрото на 30 јануари 1940, македонската армија ги напаѓа југословенските позиции близу Подгорица и Нови Пазар. Жестока југословенска контраофанзива следи по првите македонски успеси, и Апостолски се повлекува од Нови Пазар. Армијата под команда на Панко Брашнаров успева да го одбие контранападот и се задржува во Подгорица.

screensave1rj7.jpg


По неколкуте разрушувања на Нови пазар, се чини дека ќе дојде до рововско затупување. Македонската армија нема никакви шанси против многу помоќната југословенска армија на тој терен. Време е да се преземат соодветни мерки. :) Финансирани со Романски, Турски и Италијански пари, македонските шпиони го подгреваат национализмот во Босна.

screensave2yh4.jpg


Во Сараево почнуваат да избувнуваат немири, па Југославија е приморана дел од војската на фронтот да ја премести во Сараево за да ја смири ситуацијата.

На 13 Март, Апостолски повторно го напаѓа Нови Пазар, сега поддржан и од војската стационирана во Подгорица. Славењето не трае долго, југословенскиот контранапад ја враќа македонската војска во Приштина.

screensave3rm7.jpg


Кон крајот на Април 1940 македонската армија добива нови модерни оружја и опрема (1936 - 1939 upgrade де :)) Ситуацијата во Босна се повеќе се загрева кон крајот на мај, па Југославија почнува да попушта под притисокот на двата фронта. На 28 јуни е отворен нов индустриски капацитет во Скопје.

По серија успеси, на 9 јули 1940 една дивизија под команда на Панко Брашнаров го зазема Белград. Југословенската војска, веќе многу ослабната, е во константно повлекување. На 20 јули Југославија нуди примирје со кое се откажува од повеќето територии, понуда која е веднаш одбиена. На 10 август 1940, Македонија ја анектира целата територија на Југославија.

Ај, ај...си заслужија... :)

screensave4ak7.jpg




Со доаѓањето на мирот и новиот сојузник, македонската армија маршира на југ...
:):):)

To be continued...
 
БРАВОО!! поќе уживам во AAR отколку во играта.
 
Хехе. Мило ми е што ви се допадна почетокот, деновиве ќе продолжам (нешто малку проблеми со играта, ја избришав на кратко :))

и да...сејвфајло е на безбедно...во трезор. :)
 
Yo nigga :salut:.... Да те потсетам дека верната публика со нетрпение очекува AAR од јужниот фронт :tv:
и дај инсталирај DD да се исплескаме* онлајн ко луѓе :kickbox:
*во чисто хетеросексуален спортски контекст.
 
Може ли игрицава да се игра онлајн?

Сепак, друже Ханзо, ти препорачувам да ја прочиташ книгата Војничка Дужност од Константин К. Рокосовски, која зборува за Втората светска војна, на српски е, се надевам нема да те нервира....

Поздрав...
 
По првите турболенции следеа неколку релативно мирни години, во кои Македонија вложи големи напори во подобрување на односите со Турција, Хрватска и Италија. Кон крајот на 1938 година, македонски шпиони почнаа да се инфилтрираат во Југославија.

На големата сцена, пак, Германија ја аншлусна Австрија, си ја лапна Судетската област, а потоа и цела Чешка, за на 1 септември 1939 да ја нападне Полска.

Назад дома. Веднаш откако истече договорот за заемна помош помеѓу Југославија и Грција (си гарантираа независност една на друга де), Македонија и објавува војна на Југославија. Утрото на 30 јануари 1940, македонската армија ги напаѓа југословенските позиции близу Подгорица и Нови Пазар. Жестока југословенска контраофанзива следи по првите македонски успеси, и Апостолски се повлекува од Нови Пазар. Армијата под команда на Панко Брашнаров успева да го одбие контранападот и се задржува во Подгорица.

screensave1rj7.jpg


По неколкуте разрушувања на Нови пазар, се чини дека ќе дојде до рововско затупување. Македонската армија нема никакви шанси против многу помоќната југословенска армија на тој терен. Време е да се преземат соодветни мерки. :) Финансирани со Романски, Турски и Италијански пари, македонските шпиони го подгреваат национализмот во Босна.

screensave2yh4.jpg


Во Сараево почнуваат да избувнуваат немири, па Југославија е приморана дел од војската на фронтот да ја премести во Сараево за да ја смири ситуацијата.

На 13 Март, Апостолски повторно го напаѓа Нови Пазар, сега поддржан и од војската стационирана во Подгорица. Славењето не трае долго, југословенскиот контранапад ја враќа македонската војска во Приштина.

screensave3rm7.jpg


Кон крајот на Април 1940 македонската армија добива нови модерни оружја и опрема (1936 - 1939 upgrade де :)) Ситуацијата во Босна се повеќе се загрева кон крајот на мај, па Југославија почнува да попушта под притисокот на двата фронта. На 28 јуни е отворен нов индустриски капацитет во Скопје.

По серија успеси, на 9 јули 1940 една дивизија под команда на Панко Брашнаров го зазема Белград. Југословенската војска, веќе многу ослабната, е во константно повлекување. На 20 јули Југославија нуди примирје со кое се откажува од повеќето територии, понуда која е веднаш одбиена. На 10 август 1940, Македонија ја анектира целата територија на Југославија.

Ај, ај...си заслужија... :)

screensave4ak7.jpg




Со доаѓањето на мирот и новиот сојузник, македонската армија маршира на југ...
:):):)

To be continued...

Ханзо Штракнувам на гугл Панко Брашнаров(да дознаев нешо повеќе од општа култура) и оп на гугл Панко Брашнаров го освоил Белград,да си ебеш векот.И почнав да ти ги читам постови и доста се внесов во играва морам да признаам доста интересно,дај продолжение:icon_lol: што бидна на југов
 
Панко во Белград на Гугл. :vozbud: :)
На југот бидна голема победа и битки за Каиро со Англичаните накај 1946. На други детали не ми текнува, освен тоа дека најмачна работа беше војната со Бугарија.
Ја завршив партијата одамна без да земам забелешки, а играта ми е веќе избришана. Значи, игнор на тоа To be continued. :)
 
Штета:nesum:
А играта може ли некако да ја симнам од интернетот
 
те молам да ми кажеш како да ја играм играва пошо ја барам 2 год мислам за да играм со Македонијате ТЕ молам

како избришана кај ја најде?
 
Има уште луге што играат ХоИ ? :) Најјача Игра !!! Хјуџ Фан !!!
 
Дајте линк од дека да а симнам.

Очекувам многу од играта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom