AAR: Македонија
Сакав утре да го почнам AARов ама пред малку ми падна нетот па ме извади од контекст (игра
), па си реков ај сега...
Како и да е, here it goes...малку алтернативна историја
На почетокот на 1936, се интензивираа националистичките струи низ Кралска Југославија. Поддржани од големите сили, Словенија, Хрватска, Косово и Македонија успеаа брзо да се отцепат од Југославија. Незадоволни од новонастанатата ситуација, Србите, Црногорците и Босанците (ајде де, нека им биде
) со здружени сили го симнаа кралот од престолот, на чие место дојде другарот Јосип Броз Титоу.
...Знам дека приказнава е шајт, не ми текнуваше ништо друго...
Како и да е... На 26 Фебруари беше основана првата Македонска влада на чело со Димитрија Чуповски (му кажав на тој шпанецот де, овој пак...), а за претседател беше изгласан Лазарус Колишевски (ќе има пуч кај и да е
)
Еве отприлика како беше на почетокот...
Наскоро, на 23 Април, групите востаници се организираа во верзија 0.1 на македонската армија
под водство на Михајло Апостолски. Воден од необјаснива демонска сила (јас
) Македонскиот државен врв уште од самото создавање на земјата се одлучи да води експанзионистичка политика. На 3 Мај 1936, со само една дивизија слабо истренирани востаници на располагање, практично без никаков воен план и неискусно воено раководство, Македонија објави војна на Косово, а потоа и на Албанија. Двете земји беа практично прегазени од слабата Македонска армија.
(направив скриншот и откако ја освоив Албанија ама поим немам каде се изгуби)
По овие успеси, владата реши да поработи малку навнатре (Е, нееее), а бога ми и нанадвор, што се гледа по се` позачестените општења со Хрватската влада во форма на трговија и дипломатско лижење згз. (оф оф, што му спремам на друже Тито
)
И овде падна нетот...
To be continued...